I jas se mislam za istata kolicka e sega se dvoumam samo za edno nesto. Koga ke sedi deteto vo kolicka ima li leg support kaj sto ke mu stoat stapalata ili ne.
Здраво, ке ве молам за мислење. Се двоумам помеѓу kunert master liberta и trio bass што ја имаше во чико. Што мислите која е подобра?
Дали Малта оди заедно со транспортер? Јас ја гледав Адора од Чиполино, на слијуге секаде е количка и транспортер, но ми рекоа дека транспортетот одделно се купувал
Малта оди со транспортер. Имаш 2 во 1 варијанта, транспортер и дел за седење што се прави корпа за новороденче. И 3 во 1 варијанта, транспортер, корпа за новороденче и дел за седење.
Долу на корпата/седиштето има еден дел шо е како потпора за нозе додека го собира бебето внатре. После се витка (има копчиња за закопување) и нозете висат. Ние сега скоро го свиткавме, ама уште не излегуваат многу ноџињата за да ти кажам дали и колку висат.
Да ми препорачате количка што може да се настави уште еден дел, за да може две деца да се возат ( не мислам на оние како за близнаци) мислам дека ме разбравте какви
Здраво дали некој ја има cybex balios s lux и како е задоволен? Се мислам за неа, плус имам дилема колку е корисна корпата? Cybex имаат транспортер кој се спушта во легната позиција и мислам дека може да ја замени корпата? Дали има некој искуство?
Јас корпа за две деца не искористив. Едноставно плачеа ненормално . Жал ми е што е нова и се на се 10 пати ако ја искористив. Јас ја имам priam за првото ја купив со корпа и balios fashion како летна за малото на попуст ја земав. Ја утепав од возење, cybex потпишувам одлични се. Во траспортер ги возев но гледај да не е многу долго во таа положба не се препорачува повејќе од 2 часа. Така да незнам може ако имаш услови и мирно бебе подобро корпа. Ако не комбинирај со транспортер
На ваков транспортер мислев, количката ми испадна најголема дилема, колку повеќе гледам толку повеќе сум збунета хахах Ти благодарам во секој случај
Да да не препорачуваат баш долги релации во оваа положба единствено затоа што не е рамна подлога. А за до педијатар пример да извадиш од кола и да намонтираш на кочичка или до маркет да мораш да одиш е измислена работа. Јас ги возев.
Женски сега ми искочи на ФБ Локо Кроко има намалување на некои модели на колички од 15-16.000 на 11-12000, три во едно. Стои дека имале мала залиха, проверете некоја дали ќе ви фати око
Вчера купивме нова количка за ќерка ми , иако има 2 год сака да се вози. Пред да се роди земавме на Cosatto , и настана еден проблем со задните тркала, почна да се лушти и поголем дел се поддели. Мој совет - не давајте пари на скапи колички. Дали мојава испадна неквалитетна , дали сите Косато се такви. Па и прескапа беше од видот чадор колички. Имаме една Chipolino ultra купена е 2010 година за големата ќерка , околу 7000 ја земавме и супер се покажа уште ја возиме во Мк кога одиме. Еве го тркалото
Не живејам во Македонија, тука ги имам гледано во продавница, но имаат официјална страна, можеш да провериш на неа.
https://krs.mk/kategorija/beb/kolichki/?orderby=price Ама обавезно да си видиш/пробаш во живо. Имаат продавници во сите трговски центри, мене во последно време најзгодната опција за невакцинирани ми е ГТЦ во подрум @koritsaki и мене многу ми беа убави cosatto, aма од сликите ми изгледаше дека материјалите не се многу квалитетни, дека повеќе дизајн продаваат. Ама шарите им се мнооогу фраерски
Да да, баш така , јас заради дизајнот ја купив и колку луѓе ме имаат прашано што количка е и каде сум ја купила.Ама џабе е се тоа кога еве се случуваат вакви работи. Сум имала колички и од чиполино , од џамбо и до сега не ми се случило вакво нешто. @srekice ти пред 2 год ме тагна дека ти се скршила?