Мене во бебе хоме и оваа ми ја нудеа како квалитетна, а поевтина варијанта на макси кози, сејфти 1ст, а мислам и тука дека ја спомнуваа како марка и квалитет дека е ок. Ако не им важи акцијава сигурно на лице место може да се преговара
Ја имам јас, препорачувам исто, одлична е за цената, се спушта, со голема тенда е, добра амортизација имаат тркалата и голема корпа има за пазарење. @pamelche
Пак јас Ама утре ќе одам да купам, па се надевам ќе одберам и веќе нема ви пишувам Оваа количка од Kikka Boo дали ја има некој? На другиве, некако "рамката" на седиштето ми изгледа мала односно ми изгледа дека кога ќе биде за седење, тоа пластиката ќе му смета на нозете кога ќе биде поголемо @hristinan12 ?
Старо е мислењево ама морам да прашам како сте задоволни од количкава? И фрлив око и јас...кажи ми дали детето може да биде поисправено? На многу од летните колички тоа им е маана,подлегнати се некако и не одат нанапред повеќе.
Седи и чекај попусти. Чек листа, со повеќе параметри, и на крај едно за "Многу ми се свиѓа" категорија. Јас така во последно време, кога има многу одлуки за носење тешко е понекогаш да се мисли, па си пишувам + и -
Ептен сум задоволна ја утепавме од возење и е многу лесна кај и да одиме секаде со нејзе сме.Во едната рака количката во другата бебето така се слимнував скали,мислам дека ја амортизирав за сите пари.Ова на сликата е најисправено е е 90 степни некаде 80 е.
Супер,и ние имаме Бебето ама за по продавници,по молови ни е гломазна некако,одма ќе ја нарачам. Фала ти
Може ли да ми кажете на што треба да внимавам при избор на количка? Има многу убави што ми фаќаат око, ама сепак освен убавината треба да е и функционална. И предложете ми некоја од која сте задоволни
Да биде лесна, да не зафаќа многу место. Да може да се вози со една рака. Наслонот да се подесува во повеќе позиции. Да има зимска прекривка. Да има опција да го возиш бебето свртено и накај тебе и обратно. Јас ја имам Малта на Чиполино, од Андреј компани купена. Еве скоро 6 месеци маста и ја извадив не е мрдната.
Фала многу. Читав нешто и за кочници и амортизери, ама тоа ќе му го оставам на мм. Ќе ја видам баш и оваа ти што ја имаш
Здраво, која и е цената на Малта количката? И дали оди заедно со транспортер? На нивната страна воопшто не се прикажани, ништо не можам да видам. И дали може да споделите искуства со макси кози адора или лила? Благодарам однапред
Јас ја земав некои 17-18к 3 во 1 варијантата, корпа за новороденче, транспортер и седиште. Има и 2 во 1 варијанта, транспортер и седиште кое се модифицира во корпа за новороденче. За макси коси ќе ја тагнам @IRBBB, она мислам лилата ја има.
Јас ја имам Макси Кози адора 3 во 1, Ама корпата ни еднаш не ми е искористена, иако визуелно многу мерак ми правеше. А и реално нема потреба од неа. Од цврстина, тркала, квалитет, и тоа колку е удобна сум презадоволна исто така скоро се се вади за перење, лесна е за склопување, освен транспортерот којшто само свртен накај себе можеш да го возиш, другите делови се флексибилни, односно можат да гледат во двете насоки. Инаку корпата долу ми е најискористен дел, цел пазар можеш да собереш, за мене ептен практично.
Макси кози лила е 2 во 1 + транспортер. Делот 2 во 1 се прави корпа, голема и цврста и спортско седиште со наслон од 45 и 90 степени. Преубав дизајн има, тркала од полна гума. Рамовите на сите колички од Макси кози имаат доживотна гаранција од произведителот. Единствена маана е што е огромна кога е склопена, па фаќа место во багажник, а во кола со мал багажник можеби нема ни да ја собира.
Фала многу Фала ви на сите, уште едно прашање имам, колкаво дете можи да се вози во макси кози? Бидејќи читав дека за брзо се надраснуваат? Ова неискуство е страшно