За тоу буџет во либерта бебе центар имаш голем избор на колички. Исто и во енцименци. Во Либерта има мислам поголем избор и за колички но и за дезени на количките. На страната нивна има детално објаснување за количките кај некои има и видео за количката. За детални спецификации отвори на strollberry.com. Барем тие што ги има во либерта ги има на веб странава. Бебето количките се добри горе долу се со исти перформанси само различен изглед модел и тежина и големина. Бекса исто ги фалат тие мислам дека се и помалечки од бебето. Сите се 3 во 1 со корпа, спортско седиште и транспортер. Се подесува рачката за висина се вртат спрема тебе и обратно. Само внимавај има некои што се 0-18 месеци и 0-36 месеци. И би ти препорачала да ја видиш во живо која и да ја одбереш. Да видиш дали ќе ти легне убаво, дали ќе ти е лесна за туркање, склопување...
Би ти препорачала Чико Трио Бест френд со такви карактеристики ако уште е во продажба. Лани ја гледав неа. Многу е лесна, пердувче. И малку место зафаќа. Загреани бевме за неа ама во последен момент ја избравме Лила на Макси кози, на прв поглед ме освои. Е сега Лила е потешка и погломазна ама не ми беше проблем. Само не знам тркалата на Чикото какви се. 3 во 1 беше.
Здраво. Да ве прашам за транспортер. Јас имам транспортер од пред 4 години, ме интересира дали тој транспортер ќе може да се прикачи на количка да купам 2 во 1? Ем ќе ми дојде поевтино, ем нема да имам 2 транспортери. Исто ме интересира колку време ги користите транспортерите и дали се исплати да се има?
Ако е од ист бренд транспортерот со новата количка би можело да се фати, но може и не. Постојат и соодветни адаптери за различни колички со транспортери од друг бренд. Мислам е многу комплицирано да бараш соодветна количка или да докупуваш адаптер. Подобро земи си 3 во 1 количка. Инаку транспортерот обично се користи се додека го собира бебето во него т.е не почне му излегува главата надвор. Јас мојот транспортер го користев само за во автомобил, не го ставав на количка па да го возам бебуш во него, за таа намена ја користев корпата. Го користев до 9-10 месеци и потоа го префрлив во седиште 0+ за да му биде покомотно.
Да земам 3 во 1 ама разлика во цената е од 5.000ден нагоре, а транспортер веќе имам И јас како што читам, не се баш препорачливи за возење, појќето ги земаат за во кола.
Земи си тогаш каква и да било количка 2 во 1, а транспортерот користи си го само за во автомобил како што е и препорачано.
Јас искрено така планирам, имам транспортер за во автомобил и сл. А да земам само количка, компактна дека имаме и мал автомобил.
Некои ги возат и во транспортер, но не е препорачливо. Плус во корпа му е покомотно на бебе, но кој како си сака
До 2 часа е препорачливо. За шетање не е препорачливо, за таа намена е корпа. Тука има еден битен момент и бебето да сака. Син ми во корпа сакаше да лежи кратко. Потоа сакаше да гледа и така поткренат е во транспортер. Плус често ми се будеше кога го преместував од транспортер во корпа.
Ne se smaraj,jas kupiv komplet i se na se 2 pati go zakaciv transporterot ednas koa ja nosev za pasos da se slika deka zaspa u nego i koga odevme na odmor za niz aerodrom deka sama letav so nea poednostavno bese nego korpata
Девојки од каде можам да ја порачам количката Kikka Boo Miley освен во локо кроко и кика бу страната таму ја немаат?
Здраво, искуства со оваа летна количка на Free On? Се мислам воопшто дали да купувам количка или трицикл, само што наполни година и не знам до колку години може да се користи летнава и дали воопшто се исплати. Трициклот ми е онака, повеќе би земала количка ама сепак ми треба мислење што вие сте користеле повеќе. Благодарам,
Јас пак имам трицикл, и јас се мислам дали да купам летна количка, зимската ми е преголема веќе, мачно ми е да ја молкнам секаде, ама не знам колку ќе ја користам..на лето ќе сме година и пол не знам дали би седел во трицикл да не е уште мал за него
Истото и мене ме мачи. Дали воопшто да земам летна количка, само за ова лето најверојатно ќе се користи (на лето ќе направи годинка) или трицикл да земам наредното лето. Не ми се дава пари и за двете, а и немам простор само да ги збирам тракатанци.
Може да ми препорачате некоја количка што може да се користи и до 5-6год а да е практична и лесно да се расклопува? Ние сме веќе 6++