@MilaSs12 @Asher Ви благодарам многу што одвоивте време да ми пишете лично искуство, утре ќе одам во живо да ја видам Имајте убава вечер
Исто како јас да сум го прашала прашањево. Значи деновиве тоа барам на велико, на сите можни страни пишав, и тоа три најбитни работи што ми се, се: -да има позиција за спиење -дебела сенка за сонце -најлесна на свет, и да ја собира во багаж Со првата не да се искилавив, значи никаде не ме собира, во лифт изигравам Спајдермен, не можам да ја затворам кога е отворена и обратно, задните тркала огромни се, мислиш трактор туркаш. Најбитно од се е што моја бебица не сака количка, мислиш седи на еж ама мама упорна, сега е во потрага по летна, се надевам ќе сака да седи Ги гледав од 2.000 до 20.000 ден има, денес на лице место видов неколку на Chipolino, Free on, Cybex, Kikka Boo и една марка со две букви во Крш (не ја запамтив). Видов значи во: Енци менци, Андреј Компани, Крш, Loco Croco, и две маалски продавници. Шашма ми е мозокот, не знам која да ја земам, мислиш куќа ќе купувам. Ама ај, еве некој совет: овие чадор систем ми кажаа повеќе простор зафаќаат во багаж, со повеќе тркала што се ептен ми се како колички за кукла да возам. Со две рачки напред како понестабилна ми се виде, отколку цел рам да има. И се мислам која, некоја поискусна да ни каже, од искуство што ја препорачувате? Која марка е по ок, пошто е летна количка, и цената да не е ептен до плафон. Во продолжение ќе пуштам слики од што сликав/симнав, ама пак не купив а некоја нека ни даде совет што да купиме, зашто јас стварно не знам. Ти имаш нешто гледано, до која цена планираш? @Tea SK
Конечно бендисавме количка, стигна денес и стварно убава, лесна, малечка сите тројца ја бендисавме. АРНО АМА главчето на малата мааалку и излегува од наслонот за грб па ме предомислува тоа, ќе ја надрасне бргу, само една година ќе ја користиме... не дека ќе се утепа од спиење во количка ама сепак... Има ли врска некоја ова исто како за транспортерот што е, главата да не излегува од наслонот? Пишува дека е до 4год, па се замислив како би изгледало 4годишно дете во количкава, малата е 15 месеци а еве како изгледа Spoiler Еве ја количката, Maxi-Cosi Jaya е моделот.
Мојава ужива во количка. А ја извадам на бекатонкине на Партизанска, кома е. Оваа на Кика Бу ја бендисав и јас, сакам да идам да ја видам во живо. Исто и овие 2 од Либерта бебе ми се свиѓаат. Оваа од Киндеркрафт не е чадор ама па се заљубив во нејзе и сега ме предомислува . Ако ја има некој да ми каже во кола колку би зафаќала простор. Јас планирав до кај 6000, зашто сепак летна колилка е и секако за сега ни е само, следна година сигурно нема да ја користиме .
Постов ко јас да сум го пишувала. Ја купивме оваа пред два три дена https://www.lococroco.com/количка-kikka-boo-miley-2 Се спушта за спиење, куфер систем топ е за во багажник, мала кола имаме и супер сенка
Оваа од Киндеркрафт, да не е мала сенкана за сонце, сепак лето иде сакам да се спушта максимално тоа види го убаво. @Cherry79 Фала за споделеното, ја гледав и таа, ме бендиса дека има зимска прекривка, а вака да ја затвориш лесна е, со една рака можеш? И се спушта тендата до доле за заштита од сонце? @nevermet18 колку ја зеде Carolina?
Ние земавме летна количка вчера, Chipolino Carolina мислам дека се викаше, прелесна на цел свет, лесно се управува, истовремено можам да ја буткам и љуткото у раци да го носам.
Да да , до доле е сенката, има еден дел со мрежичка и баш скроз до доле е. Без мрежичката малку повисоко ама комотно можеш. И да со една рака се затвара, ама за отварање бар мене ми требаат две раце , маж ми со една. Малку е потесна од другите ама мене ме бендиса. Убава е и за управување. Отвори ја во дуќан , разгледај ја убаво.
Хахаха, не, не прашувам за мене. Нема ништо ново кај мене Блиска моја е бремена со близнаци па бара количка.
Druggarka ima.maxi cosi ic ne e zadovolna i popusto ednion naslon,nemaat onakva sipka napred za da sw drzi bebeto. Rece nova ke barala a 5mes i se...znaci taa ne