Здраво девојки, дали некоја ја има оваа количка и како е задоволна? Сакам да купам но се прашувам дали ќе можам да ја користам на пример кога бебето е 1 месец. Количката инаку има и механизам за лежечка позиција. Благодарам
Немам искуство со количкава ама мене ова ми личи на летна количка ако не грешам. Бебе од 1 месец се вози во корпа или евентуално транспортер, иако јас сум против тоа и никогаш не ја возев ќерка ми во транспортер. Летните колички се за бебиња над 6 мес.
Од каде тоа дека бебе се вози во корпа или транспортер? 80% од летните колички наслонот им е скроз спуштен. Има и зимни колички со ваков наслон и комотно може бебе да де вози.
Не можам да видам убаво, ама ми личи дека седиштето на количкава не се врти, а бебе се вози свртено кон тебе, не кон напред. Затоа не ти е практично решение за на почеток.
Исто и јас, напред свртено, чико количка обична немаше ни транспортер ни корпа со неа, се спушта скроз за лежење и така си го возев.
Горе нели на тенда има мрежичка и го зиркаш. Сега веќе ептен е практична како потпорасна да седи. А системите ич не ми се свиѓаат за оваа возрсат
Мајки, на што да се обрне внимание кога се бира летна количка ? И од колку месеци ги возите во летна ?
Здраво, Ве молам за мислење дали е добар избор количка со бел рам бидејќи само таа ја имаат на залиха иако сакав со црн рам. Дали многу ќе се валка? https://www.libertabebecentar.mk/kolichki/kunert-2/kunert-master-3-in-1
За валкање секако ќе се валка и по ќе се познава , ама која и дае пак ќе се валка , лесен е рамот за чистење не е тоа пр . Јас и општо не сум за црно оти од сонце и избледува бојата
Фала, јас се мислам меѓу овој тип Кунерт Мастер и Чико Трио бест френд во потесен избор ми се, ако имате искуство споделете
Да прашам, мора бебе до 6 месеци да се вози во корпа? Има убави колички, плус се доплаќа транспортер, сакав само количка да купам, па затоа.
Ич не мора. Ќе си купиш количка која се спушта до крај и готово. И транспортер. Ќерка ми израсна во количката, се утепавме возејќи ја и спиеше во неа од мала. Без корпа
Ќе земам седиште од 0+, да може од мало во кола, да не купувам на 6 месеци седиште плус. Порано не ни имаше корпи, и искрено мене не ми се воопшто убави корпите.
Може глупо прашање ама да си прашам Летните колички се спуштаат ли да спие бебе? Или такви се сите им висат нозете? Сакаме за на одмор да земеме летна ама ако не се прави за спиење ќе си ја носиме зимнава
Има што се прават за спиење, нашата е таква ама јас кога барав не најдов некоја од која не и висеа нозете. На мојава не и е проблем што и висат нозете, вчера се искомира надвор, едвај ја разбудивме. Ако ти така за шетање да дремнува, ок се ама ако сакаш да ти спие и во смештај во количка, земи си ја зимската.