Можеби и касно ти враќам, но ви препорачувам на сите Free on количките. Линк Ние имаме, прелесни се, може да го свртиш спрема тебе или напред, лесно се склопува и се прелесни во случај ако треба да ја поткренеш. Јас сум презадоволна, маста и ја извадивме на количката
Дали некој користел ваков додаток за второ дете? Дали е практично за скопскиве улици, качи се симни се на тротоар? Ќе бидат 2 години и 1 месец разлика, не знам како ќе ги носам двете, малиот ужива ден денес во количка
Мислење за Мони Капри летната? Не сакам да дадам многу пари за количка веќе расте детенце ама мислам ќе ни треба барем до летово и за дремки надвор најмногу ми е да му е комотна ? До кај 5 6 000
Здраво девојки. Нова сум на темава и тотално сум неупатена што се однесува на колички. Мислам дека колку повеќе читам, толку повеќе се бунам. Од се она што видов, знам дека би сакала количка чија корпа ќе може да се пренамени и како седиште во кола (за првата година). Ставам слики во прилог од Joie модел, кој има таква намена, но немам видено кај нас ваков модел ни од друг бренд. Дали случајно знаете да ми посочите кај да барам, дали сте виделе, дали некоја порачала директно од Joie (според web страницата немаат достава сега кај нас)? Од три месечна возраст натака ќе имаме подолги патувања (сигурно 15 часа во правец) , и некако ми се чини дека попријатно ќе му биде на бебето да си е легнато во корпа, отколку во седиште налик транспортер (слика 3 во прилог). Можеби грешам, но си мислам дека не е пријатно да е свиткано толку време. Ве молам за мислења и предлози.
Здраво мајки да прашам дали некоја ја има оваа количка од Локо Кроко Тифани модел и дали сте задоволни https://lococroco.mk/?s=КОЛИЧКА 3 В...MeLYyFDFkvYij7ztgw_aem_5bTIINKHtE61NhDGaJwp6Q
Таква корпа лежерна за по дома е ок, за патување ти треба седиште за во кола од безбедносни причини, за да биде убаво поставено бебето и фиксирана кичмата. Не е удобно да лежи свиткано по 15 часа, и не се препорачува ни во транспортер ни во седиште, треба на 2 часа да правите паузи и да го вадите бебето од седиште. Но во корпата не е стабилно и таа не е за таа намена. Барем корпите што ги има кај нас. Ова на сликава изгледа дека се фиксира како транспортер, ама јас немам видено кога баравме.
Ова е седиште за во кола. Погоре имаш пишано за количка. Да не се збуни, Free On немаат количка на која седиштето се ротира на напред и на назад.
Корпата е за таа намена, со каиши е и се монтира на изофикс. @ginger јас од макси кози имав јаде модел, на изофикс ама имав и транспортер што се фаќаше на истата станица. А има и количка од макси кози на која се фаќа корпата. Тој ситем е практичен особено ако мора многу патување со кола. Сакав само да кажам освен овие имаш и од макси кози исто. Ние корпата не ја искористивме многу оти малата бргу ни ја нарасна ептен. Ама она си беше долго бебе. Од наше искуство, со транспортер беше поедноставно. Дали до 4 месеци ја користевме. Некогаш и дома ја ставав да си поспие дремка. Ама само со корпа не можеш, пошто некогаш се лутат, па сака да гледа и така. Ние си мислевме многу ќе патуваме, на крај сведовме на само тоа што мора. Бебе плачливо, повраќа во кола и така. Важно со корпата од Германија до Мк и обратно извозевме. Ама и паузи за преноќување правевме, без паузи не беше возможно.
Јас се извинувам - одлетав негде со мислите. Еве пваа количка ја имаме https://www.freeon.mk/product/stroller-travel-system-3-in-1-zack-black/
Имаат мила, јас погрешив целосно нешто ми беше паметот за седиште за во кола. Има копчиња од страна се вади и се врти седиштето од другата страна. За сите три дела (транспортер, корпа и поголемата количка за после 6 месеци) има опција да се вртат на двете страни
Фала ти многу. Конечно мама што има искуство со она што го барам. Пребарувајќи наидов на тие од Maxi Cosi, па размислуваме за таа опција. Читам и од други жени дека корпите кратко се користат, ама неопходно е, па колку ќе се користи толку. Ќе видиме.
Земи си. Ние секогаш носевме цел систем со нас. И транспортер и количка и корпа и по патишта менувавме. Мислам имаше уште една марка, само не мо текнува кои беа, истото го нудеа. Моето бебе беше со рефлукс и затоа се беше многу комплицирано. Ни во количка не можев да ја оставам да си лежи, тек таму после 5 месеци кога ја седнав на спортското седиште, подруго стана. Ама затоа сега ми е супер едноставно, дете соработува, си кажува кога не и е добро, кога и треба пауза, се вози во приколка на точак, во кола, количка, во автобус, воз, авион сегде. Ама од мала е нон стоп со нас во движење. На крај ја продадов јас корпата, пошто дали 3-4 пати ја искористивме. Само со корпа не знам дали би функционирале. Прво оти е гломазна и потешка, сама не можеш со неа. Второ оти потешко се монтира. Со транспортер е поедноставно и бебето мое сакаше повеќе во транспортер како нараснуваше.
Изборот за летна количка се сведе на free on tao или chicco urbino Дали има некој искуство со chicco urbino и дали ја препорачува?