Па реално нема друга опција освен носење на раце, количка и трицикл. Тротинетите овие како scoot & ride пак се со буткање и бараат труд. И мене не ми се омилени, да се надеваме дека ќе искочат сеа пролетта нови
Јас ги гледав за наредна година за патувања со авион. Ама мнооооогу ми личат неудобни, ни рачка ни ништо. Па ако ми е само количкава за долги прошетки на одмор, кај ли ќе дремнат, многу ми изгледа неудобно Ако има некој со искуство што прошетал целодневни прошетки во количкава со дремки и плачки со се комплет, да сподели искуствоо
Откако прооде убаво големата ја оставивме количката. Трицикл не сакав, како што пишавте погоре пасивна работа ми е. Летна количка исто ми немаше поента. Плус кога проодуваат најинтересна работа им е да трчаат. Е кога ќе се умореше во раце ја носевме, ама тоа беше преретко. После почна баланс бајк да вози и секаде си го носевме, па и на одмор (па после се нервира маж кога товара кола ) Муабетот ми е, не купувајте ништо пред време. Јас не би купила трицикл, како што кажав само ради пасивноста. А кога ќе порасне деге за да врти на педаљите веќе ќе има висина за точаче.
Идентичен одговор би дала, не земавме летна количка за синчето и само на scoot and ride си веслаше по цели денови, плус како столче е стабилно, нас ни се погоди и за долги прошетки. Ама такво е детето, само си покажа Сега барам летна количка за низ Европа за прошетки зошто со 3 деца, самата ситуација вика мора контрола, да ги врзам и да шетам, од кои 2 под 2г. Леле вака кога ќе наапишам и се предомислив за шетањето, да не праам многу планови... )
Секоја чест со 3 на такво шетање. Тука да, и јас би земала обавезно. Со лесно (Вака кога ве читам со три, срам ме фаќа. Прееска со една другарка си се жалевме една на друга колку ни е хаотично со две и како сме растрчани цело време)
Абе кај едно, таму и две и три, ни со едно не е лесно Ама кога веќе не е лесно, бар да е и забавно. Овие тројцата се помирни заедно, ако е некој сам јас сум поуморна затоа што кенка за внимание, во друштво се мирни, така да не е толку страшно. Ова е мислење напишано додека спијат, прашајте ме што мислам за 3 деца утре околу ручек Јас би шетала, шала на страна ќе стојам до планов да најдам летни колички удобни за долги прошетки
Maxi cosi Oxford искуство? Слична цена се со Plaza во Bebe home моментално, но, Oxford е некако покомпактна и кога се склопува е со помали димензии од Plazata, тоа ни е битно за во гепек. Сепак, пребарував по мислењата и многу малку има за Oxford.
Јас ја имам Плаза, ја гледав и Оксфорд тогаш ама некако се заљубивме во плазата, е сега ние имаме голем гепек и не ни е проблем. Во секој случај нема утка со Макси кози, убава е и Оксфорд.
Nie ocekuvame bliznacki i zemavme dve vakvi sedista od EnciMenci,super performansi,isofix,se vrtat 360 i polozbata se prilagoduva nagore nadolu za 170.. Nema da pogresite
Ја нема количката, но дефинитивно оваа форма не е 0+, новороденче се до барем 4 месеци никако не може да е безбедно и комотно во оваа форма. Одделно што летните колички од овој тип имаат помали тркала и општо целосниот механизам нема добра амортизација секоја нерамнини на патот ќе се осеќа многу. За новороденче ти треба корпа.
Здраво Дали иима некаде количка која се состои само од траспортер и додадок за летен период. Без корпа за бебе.
Има многу типови такви. Ние имавме на Чиполино ама сигурно и други брендови имаат такви колички. Фактички големиот дел не е баш летна кај нашата. Истиот дел се прави и за лежење за 0+ и за седење после.
Здраво, прв пат купувам количка и немам искуство, од кои модели сте задоволни да ми препорачате количка 2во1, со корпа и седиште без транспортер? Ви благодарам
Искуство со оваа количка? https://topolino.mk/product/kolicka...h6iSnMbyQQaSj-ozgE_aem_tAwE0xCzDpJOeYnxfMuxdQ