1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Комплекс на ниска вредност

Дискусија во 'Психологија' започната од Magnolija, 20 ноември 2011.

  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Дечките шо страдаат од комплекс на нижа вредност се и најголемите емоционални вампири.
    Може да се пофалам дека имам неколкугодишно искуство со женска шо си страда од овој комплекс. Да не ми е другарка и да не ја гледам секој ден- да и кажам чао засекогаш.
    Да и помогнам - сум пробала милион пати, но никогаш не ми успеало.
    а и малце сум п*чка кога треба да откачам некој човек...

    Човек што страда од нижа вредност, најмн. се труди!
    Ако барем во една ситуација излезе победник ќе се радува ко да е Бог, а ако испадне губитник, макар и тоа да е во играње макао, ќе се нервира и ќе паѓа во депресија.
    Обично „заболениот„ моли за да биде центар пажња и да биде фален од заедницата, а ако некој друг ќе го добие неговото посакувано место - те мрази од се срце. Нервозен е и агресивен!
    До некаде можат да бидат болно амбициозни и асоцијални, а богами и да бидат опасни за околината, посебно за самите себе!
    Се сеќавате на Раскољников на Достоевски, нели?

    Најинтересно е тоа шо луѓето кои страдат од комплекс на нижа и виша вредност имаат многу слични карактеристики!
    Грешка: слично се понашаат во средината.

    Баш со мојата другарка правевме муабет на оваа тема. Таа ме советува веќе еднаш да се тргнам од другарка ми со овој комплекс, но јас мислам дека тоа ќе биде себично од моја страда. Бидејќи можеби јас страдам со неа, пошо некогаш се плашам да добијам подобра оцена од неа :D , но таа страда повеќе и е потребна помош.

    Што мислете, колку пресврти имало во историјата поради овој комплекс?
    Колку може да биде силен овој комплекс?
    Пошо, според мене, овој е еден од најсилните психички проблеми и еден од најстрашните движешки сили на индивидуата во животот!
     
  2. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Сестра ми е таква,(14 години има) за жал нема лек,и зборувам не чини така што правиш,ама џабе е а плус и инаетџија е..За секоја ситница се инаети,а да губењето да не правиме муабет..а изгуби за некоја работа макар и за најобична игра на нет ваква е :@ :headbang: после ваква :( и цел ден останува таква за една пос*ана игра,а да не правиме муабет за тоа кога ке дојдат поголемите работи во животот..
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Комплекс на ниска вредност можеш сам како индивидуа да си го создадеш или некој друг да ти го создаде. Таквите индивидуи имаат проблем со својата личност.
    Организиран збир на идеи, емоции и ставови повржани со чувството на ниска вредност, на патолошки начин го одредува мислењето и делувањето на личноста која пати од овој комплекс. Секој човек го има чувството на ниска вредност али тоа не влијае како комплекс се додека не бидне претерано тешко, неразумно и неконструктивно.
    За настанување на овој комплекс можат да влијаат многу фактори, како на пр. некои вродени телесни мани кај детето, неадекватно воспитување на детето, низок социјален статус на семејството или пак неразвиени ментални способности.
    Обично таквите личности овој комплекс го чувствуваат на тој начин што самите себе си се посматраат дека се најдобри и се над сите други и се супериорни. Личноста укажува на комплекс на висока врдност но, испод него се крие комплекс на ниска вредност.
    Овој комплекс резултира на несигурност и љубомора. Денес живееме во општество кој пати од таков комплекс а љубомората е на високо ниво.
     
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Комплекс на нижа вредност може да прересне и поради еден мал комплекс. Ако детето, на пример, е премногу чуствителено на некоја своја карактеристика, која самиот ја негува како голем комплекс, а плус и средината во која живее го потенцира тоа, во самото дете ќе почне да се раѓа некоја си асоцијалност и омраза кон луѓето поради самата омраза кон некоја негова карактеристика.

    Ќе се труди да биде најдобар, да постигне колку што е можно повеќе, за само на другите да и го одвлече вниманието од таа неговата карактеристика, која тој ја третира како комплекс.

    Поради еден човек кој уште како мал страдал од овој комплекс, милиони луѓе загинале во Холокаустот! Можете да замислете каков жар, каква омраза била тоа.
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Според мене вакви луѓе се премногу разгалени уште како мали и комплексот се раѓа кога се гради и карактерот. Тешко на оние кои го имаат, премногу се одбивни. :)
     
  6. Leticija-petrolicka

    Leticija-petrolicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    14
    Eпа јас не мислам така.За да се чувствуваш така мора нешто во твојот живот да не било како што треба.Јас го имам тој проблем откако сум родена и знам од што ми настанал.ОДБИВНИ-не верувам затоа што очигледно дека лугето не разбираат зошто тоа им се случува.А претпоставувам дека ти си имал исполнет живот ништо не ти фалело и родителите те сакале многу.Немој никогаш да осудуваш некого зошто незнаеш што му се случува во животот,ако не го разбираш тој човек тогаш е подобро да не си во негова близина.Јас имам 26 години и никогаш не успеав да се излечам од овој проблем а и не ни го кажувам на лугето,и мислам дека никој тоа го нема приметено.Секој со своите проблеми,јас не сум одбрала да живеам таков живот и секогаш се трудам да го одбегнам тоа чувство иако некогаш и не успевам ама се трудам со сета сила.Позз.
     
    На hermosa и verica81 им се допаѓа ова.
  7. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    јас бев таква се до оној момент коа сватив колку вредам
     
    На Dashing:) и Leticija-petrolicka им се допаѓа ова.
  8. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    За мене луге со компелкс на ниска вредност се луѓе кои не веруваат во себе, несугурни во себе, се плашат дека ке бидат критикувани или потсмејувани па затоа најмногу молчат и не даваат свое мислење. И сметам дека за настанувањето на ваков проблем пријателите, родителите, роднини, училиште или др. имале влијание.
    Од една стр. треба цврт карактер, прифаќање дека секој има свое мислење, но доколу станува збор за малтретирање -промена на друштвото :)

    И мислам дека овој комплекс настанува на мали нозе и дека со текот на време, со текот на годините се губи.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.227
    Јас имам комплекс на ниска вредност бидејќи потекнувам од семејство каде не секогаш му угодувале за се. Е сега кога ќе бидам во нова средина, на факс, на работа, во ново друштво се осеќам, како на чело да ми пишува од каде сум, од какво семејство, дека нема некоја поддршка од дома. Ми се јавуваат прашалници, мсилење дека сите ќе бидат подобри од мене. Тука си почнувам како мравка да си работам и да ги претркам сите, да ги оставам 3 места зад мене. Ете тоа е комплексот, мислам дека сум од сиромашно семејство и дека јас не ништо да постигнам, не можам да се докажам, а не е така. А за негативните особини што се погоре, дека се одбивни овие луѓе, не би кажала. Еве јас не сум одбивна, се дружам, комуницирам најнормално, ама во мене го имам црвот што ме разјадува и ме тера да вложам 3 дупло повеќе напор од другите. Немам потпора од никого и затоа сум таква.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Секој комплекс не е добар
     
  11. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    . :lol: ...обично кога некоја или некој е паметна/паметен,симпатична/симпатичен.а ќе го забележите со некоја/некој грда/грд,глупа/глуп тое е резултат на комплекс на ниска вредност... :lol:
    . :emo: ..Луѓето кои имаат комплекс на ниска вредност обично не ги ценат своите вредности правилно,не се ценат себе си доволно па затоа одбираат и такви поглупи и погрди партнери/партнерки.Tука не се вклучуваат оние кои и од двата пола одат за пари со некои поневредни од спротивниот пол.. :emo: ..
     
  12. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    во последно време а и моментално најмногу се осекам така,некако сите полека си ги наогаат сродните души,се мажат\женат,во врска се,среќни,а јас морам се сама да се борам против сите,како некое парталче се осекам што само го шутираат откако ке го употребат,зборувам и за блиската фамилија,како сите намерно да гледат да ме повредат,незнам што задоволство им прави тоа,кога никој не те поддржува во ништо,кога само те критикуваат а никогаш не те фалат,кога нема кој да гушнеш,кога ке те изневерат тие кои ги сакаш,кога ке доживееш мнооогу разочарувања.....и многу други работи предизвикани од тоа што си бил премногу добар со другите од тоа што заслужуваат и на крај ќе си заработиш комплекс на ниска вредност и ќе се прашуваш дали ти фали нешто и зошто секогаш на крај остануваш сам...
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.227
    Ич да не ти е гајле, главата горе, и немој да мислиш дека на другите им е сјајно. На никој не му е, само луѓето уживаат да ги повредуваат другите. Јас комплекс за ниска вредност кажав имам бидејќи сум од сиромашно семејство. Биди рамнодушна, игнорирај, не давај другите да те критикуваат. Кога тие ќе те навредат со лош збор врати им и ќе видиш дека ќе те остават на мира.
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Имав комплекс на ниска вредност до пред 2 дена.А имав 3 години.Сега,сватив што всушност сакам.И која сум всушност јас.Благодарение на најпрекрасните луѓе на светот. :)
     
  15. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Порано и јас го имав овој комплекс, каде секоја шега на моја сметка ја гледав како навреда, мислев дека никој не ми е пријател, сите се против мене, мислев дека луѓето зборуваат за мене и други глупости. И чудна е оваа психолошка состојба, за себе немаш убаво мислење и мислиш дека, сите околу тебе имаат лошо мислење з тебе, малку е парадоксално, ти самиот не се вреднуваш, но од друга страна го вреднуваш туѓото мислење за тебе. Цело време тоа ти е во глава и се казнуваш за секоја една грешка, за секоја ситуација размислуваш предлабоко, го анилизираш секој детал и тоа секогаш негативно. Бараш помош, некој да ти помогне да биде до тебе, но со твоето онесувањ на постојано лутење и погрешно сфаќање на работите ги одбиваш луѓето околу тебе, секој совет го гледаш како солење памет или даден со лоша намера. Постојано жалење, жалење на себе самиот и жалење пред луѓето, себе прикажување како жртва и давање вредност на тоа како само ти да си центар на светот и како само тебе да ти се случува тоа и окривување на другите, за се што ти се случува во животот криви се другите. Навраќање на минатото и памтење на секој детал од некоја лоша ситуација и личност која сметаш дека тогаш ти направила да се почуствуваш лошо.
    И сето ова е многу тешко да се надмине, можеби личноста треба да го постигне врвот на неприфаќање од околината, да биде отфрлен од сите и да се почуствува осамено и да сфати дека во него е проблемот, а не во другите луѓе, само тогаш може да започне промената. Мислам дека треба да се сфати дека во животот треба да си веруваме само на себе и да знаеме колку вредиме, да не бараме некој да не величи од околината, човек не треба да има големи очекувања од луѓето, не треба ниту да се дава големо значење на луѓето, нивното мислење, нивните постапки. Секогаш да постои баланс, ниту премногу да верува во себе за да стане егоист, ниту да има премала самодовера каде се самосожалува, да верува во себе, но да биде свесен за своите постапки, чувства и како се однесува спрема другите луѓе.
     
    На burthdaykake му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Не сум имала ваков комплекс, дури и кога највеќе ме вреѓале и омаловажувале.Ама она што го имам приметено е дека луѓето што патат од комплекс на нижа вредност мораат ама значи МОРААТ другите околу нив лом да ги направат за они да се чувствуваат поубаво.Јас тоа подразбирам под овој комплекс,
    Пример: Јас да го имам комплексов и сега да ве вреѓам како сте грди, глупи, неспособни, или да се истакнувам себеси премногу, за да се чувствувам поубаво.
    И мрзам вакви луѓе искрено, на глава ми идат, мене не ме допираат навреди, али се напињам кога некој пробува со тоа што мене ќе ме омаловажи/навреди да се чувствува поубаво, иди среди си го проблемот место да сееш навреди и нервози, фак оф.
     
    На Elf, Guns N` Roses и hermosa им се допаѓа ова.
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.301
    Пол:
    Женски
    Кукавици обични ,како да тоа ќе им го реши проблемот ако некого навредат за да се осетат повредни .За жалење се таквите случаи
     
    На Dashing:) и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е комплекс на ниска вредност, ама ваквите луѓе дефинитивно имаат некаков комплекс.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Иако порано го имав овој компекс и пресреќен сум што го надминав, сега си имам работа со таква личност и бидејќи ми е тешко да откачам некој, си толерирам. Сега последно беше баш тоа со навредите како што кажува членката погоре, ми изнакажа се што претходниот период ме мачело, јас цело време бев неутрален и не се замарав, ама тоа солење памет траше цел сат што на крај изгубив живци и после тоа наместо ја да сум лутиот, тој испадна лут, а го толерирав баш заради тоа, да не се налути. Му се јавувам и скроз ме игнорира, не му се прави муабет, немал што да каже, бла бла. И просто се зачудев. И сега сакам да прекинам да разговарам, но таков сум да не можам да откачам некој од животот, не дека сум зло памтило, туку понекогаш знам да се потсетам за момент, како црна дамка во животот. Тешки личности се вакви луѓе и не знам како да им се реши проблемов, јас пример кој го имав ме откачија сите, останав сам, сите ми беа крви, само ја цвеќе, за после да сфатам дека самиот сум си крив и дека морам да се сменам.
     
    Последна измена: 19 декември 2021