Здраво Сакам да прашам какви четки се потребни за контурирање? Предложете ми брозер и коректор за оваа намена... и дали пред да се започне со контурирање треба да се става пудра ? Ако ја има темата канта
За контурирање ти треба посветол и потемен коректор , јас си ги нарачав овие од алиекспрес, имаат се што ти е потребно , за 250 денари .Бронзер јас користам од есенс ,па ако неможе да ги набавиш коректориве , земиси на есенс и најди некој најсветол коректор . Според мене идеална четка за да може добро да ги нанесеш коректориве е четка за течна пудра A за да ги изблендаш коректориве ти треба сунгерче за лице За пудра колку што имам гледано по видеа не ставаат , ама може да ставиш во мал слој , колку за подлога . Па на крај ставаш транслуцентна пудра , за се да си остане на место и омилениот продукт , хајлајтер Има многу видеа на јутуб и слики по гуглов
Ова што сте ја постирале сликава мене многу нападно ми делува. Т.е. вака на сликава е повеќе од одлично постигнат ефектот ама ако го прави некој што знае. За почетници е многу потешко да го добиеш на крај овој изглед. Пола град се шета со неизедначена пудра, посебно тоа премините помеѓу светлиот и темниот дел останува видиливи и мене ми изгледа цело лице како флекаво Не знаат добро да изблендираат до тоа ќе да е Е сеа ова ми делува како полесно, за почетници ( само отворете ја во нов таб сликава голема е ) И подетално има на странава на Артдеко http://cms.artdeco.de/index.php?id=735 И кажете добар хајлајтер За преку ден избегнувам да го ставам. имам природно мрсна кожа која ми светнува па уште и со хајлајтер А за навечер го имам тој на аура ама не ми е ништо посебно
И јас го имам на аура го мразам , го земав потемниот , а имам светла кожа . Ако ти се даваат повеќе пари за хајлајтер земиси на макс фактор , сон ми е .А и во авон гледав хајлајтер и бронзер заедно , добри беа нијансите .
Кој на макс фактор? Јас го имам видено само овој Баш го пробав во ДМ ама мене ова ми е премногу, дава некоја кремава боја, не ми е по мерак Плус сакам некој што можам со четкичка да го нанесам, да ја контролирам јас количината Барам ваков некој како овој на MAC - Soft & Gentle, е овој ми е совршен само да најдам замена за него
Браво за темава. Ке имам што да учам од тука. Ајде ако можете и некој линк од јутјуб да ставите Еве еден од мене https://www.youtube.com/watch?v=OILrxaBxh8c
Од многуте видеа за контурирање ова ми е омилено ама само ако одите на некои свечености https://www.youtube.com/watch?v=_dLSy75M46o#t=48 Инаку јас блендирам со четката на ебелин најубаво ми е со неа, со ваква рамна немам пробано ама никогаш го немам постигнато ефектот како на сликиве да не се препознаам самата себеси валјда неможам да си ги погодам нијансите.. и користам иста палета како таа од алиекспрес.
^ А дали само со таа палета од Алиекспрес, може да се направи лицето како на клипов од Мими123, или потребно е нешто друго? изгледа феноменално. Можи е глупо прашањево ама ме интересира
Да само многу важна улога има и блендирањето и плус да ги погодиш нијансите спрема твојата боја на кожа. http://www.ebay.com/itm/New-Professiona ... 19da98893a ја порачав за 200 ден од тука.
а Да ми кажете што и е тоа од МАC и она златното/темно кафеавото или нивна замена? што се треба и ако сакате објаснете ми ги "новите" поими http://www.youtube.com/watch?v=EqJtHy5k ... mbm8XWCqIO
^ Тоа од Mac е коректор. Инаку девојкава користи пудра во стик неколку нијанси потемна од нејзината кожа, а можеш и течна пудра ама полесно е со ваквите стикови. Можеш да користиш повеќе продукти на крај најважно е блендирањето и за ептен свечена шминка плус контурираш и со камена пудра посветла и потемна. Или само посветла пудра на коректорот и мат бронзер.
сега мене не ми е јасно во врска со видеово зашто на едната страна на лицето ставаше една светла нијанса, на другата друга светла нијанса? нели може една и на двете страни исто како што направи со темниот стик и такво сунѓерче што тапкаше со него каде може да се најде?
^ Кажа претходно дека на едната страна ќе става скапи производи од марка, а на другата страна ефтини. Сунгерче мислам во ДМ има од ебелин.. Beauty blender.
Го имам пробано ова неколку пати, се добива друг изглед, јас изгледав постаро. Но ова да го правиш секој ден наутро треба да станеш во 5. Многу четкање и тапкање со четките и сунѓерчето. Треба убаво да се финишира. Мене ме нервира четкањето. Но, на крајот трудот се исплати.