Корсети Ги обожавам затоа што стојат преубаво, лесно се комбинираат и изгледаат ептен секси. Јас ги имам 3, црвен, црн и кремаст, и многу често си ги носам. Кога сум во нив се чувствувам ептен привлечна.
Корсети! Ги обожавам, лесни се за носење и лесно се комбинират Овие денови ќе излезам да си купам да имам во поголем број и ралични бои.
Сакам да направам корсет од скај ама не сакам да има жица, да не знае некој каде има корсет памучен само на него да го сошијам скајот благодарам
Моето градче е тооолкуууу "ГОЛЕМо " шо до сеа немам сретнато никаков корсет до сеа А многу би сакала да имам макар еден и единствен
Ми се допаѓаат но повеќе ги сакам оние модифицираните, кои не наликуваат на долна облека, тие ми се за меѓу 4 ѕида а не за во јавност. Сакам поедноставни, без многу детали на нив, еднобојни за да можеш да ставиш повеќе накит.
Пошо СДП ни е затворена, ќе прашам тука... Каде можат да се најдат фишбајни за корсети (оние жиците што се ставаат во корсетите)??... фала однапред
Дечки а корсети као долна облека - како ги облекувате бе? Зборувам за оние кои се закопчуваат како прслук позади Не знам кај да прашам на друго место?! И овај да, немам асистенти за чудово така да морам сама да се стокмам а за жал не сум октопод у рацеве
Го вртиш малку на страна- тоа за закопчување да ти дојде во таа линија под пазуви или дури и понапред и откако лесно ќе го закопчаш полека го враќаш задниот дел назад (ако сфатиш што сакав да кажам, оти мене ми е чудно напишаново )
И во оние продавници каде што се продаваат материјали.Пред некоја ден сретнав 100 денари метро мислам беше
Мислам дека корсетот е ретро парче облека и порано многу повеќе бил форсиран отколку сега...сепак корсети стојат на девојки со поголеми гради... Софија Лорен многу носела корсети...имала и на што да ги стави, секако...хаха На Мерлин и стоеле феноменално исто така.. Сега гледам Моника си ги носи, ама и таа има на што...хехе Хајди... Скарлет...
Јас се заразив со корсетите,немам ни еден во плакар ама сега планирам да си земам.Сакав да ве прашам бидејки јас немам големи гради,дали би ми стоело незнам И ако има некој од Струмица да ми каже каде има бидејки не сум сретнала никаде и по која цена се
да има убави корсети и убаво стојат на женско тело ја покажува убаво половината и градите па и со некои убави тесни пантолони ммммм за мерак
многу сакам корсети и многу ми се свигаат оние едноставните што се не многу џиџани ама никако да најдам некој убав во градов или и да најдам нема број за мене