Имаме омилена раса, но и раса која е спротивност од нашиот животен стил-и тоа го знаеме. Јас никогаш не би чувала сибирска раса или џуџеста раса. Сибирска не сакам зашто премногу се митарат, а не поднесувам многу митарење (затоа секој ден ја чешлам Беки, иако е раса која минимално се митари). Џуџести раси не сакам, не можам да се замислам покрај нив, ни јас не знам зошто. Но, не би ми сметало да ги галам и да играм со нив.
Мислам дека некои луѓе ќе се навредат од темава инаку има некои 4-5 раси на кучиња кои не би чувала од ралични причини.
Нема зошто да се навредат, секој има различен животен стил и знае какво куче би му одговарало, односно со какво би се снашол. Немој да ме разбереш погрешно, не зборувам за раси кои ги мразам, не мразам ни една раса јас.
Сибриски самојед , хаска и сите тие на себе слични раси . Џуџести раси , златен ретривер па воглавно тоа несакам раси со големо крзно и нема шанси чивави мивави итн . Иначе чувам кане корсо .(воглавно слично како првичниот пост со нешто плус но не ми текнува сега )
Има многу раси што не би ги чувала посебно тие поагресивни по природа што се ко пит булот на пример ротвајлер или доберман. На овие треба да им трошиш енергија и цело време да ги шетаШ инаку ќе те изедат (шала) со добра дресура може да бидат мирни но ете не би ги чувала. И впрочем сите останати не би ги чувала од други икс причини. Единствена раса која би ја чувала е German Shepard заљубена сум у расава иако и овие спаѓаат у поагресивни по природа имам некоја љубов спрема нив. И знаат да бидат многу лојални и дружељубиви <3 Убавец Пријателчиња
Во главно ги сакам сите кучиња и тоа со „агресивни“ и „неагресивни“ мислам дека не е баш така. Секое куче се однесува како што е воспитано. Но, сепак мислам дека помалце би било веројатно (но не и невозможно) да чувам пекинезер, или чивава... Едноставно сум по подружељубиви раси како лабрадор, златен ретривер, вучњак, пит бул(мисандерстуд се), а и сакам очигледно поголеми раси на кучиња. Dogs ROCK!
Јас обожавам раси со дупло крзно ,најомилени ми се од расите од ФЦИ 5та група -Шпицеви и примитивни раси , а никогаш не би чувала Chinese crested dog многу ми се жгуљави и немаат крзно, еве слика ако незнае некој што е тоа....
Прекрасна раса е Германски овчар , и втора мислам или трета по интелегенција според некои испитувања и податоци . Се надоврзувам со погоре еден пост дека секое куче е лојално и дружељубиво то им е во природата нивна и не постои агресивна раса да не започнуваме дебата ,ете немаш желба за чување на такви кучиња како јас што немам за хаски и слични на нив . А убави се мн се убави ама ете не би . лajk за German Shepard
Прво што ми текнува е хаска и самојед, мислам дека нема да можам да се справам со толку тврдоглави кучиња Башка јас бик во хороскоп, којзнае што ќе биде
Сѐ што НЕ е : доберман, питбул, стафорд, германски вучјак, лабрадор, ретривер, дого аргентино, хаска.