Читам по другите сајтови и решив да отворам нов. Ајде да поразговараме малку и на оваа тема. Дормео или Симпо. Јас ги имам и двата и можам да кажам слободно дека супер се и двата но поубав е Дормеото. По модерен и многу лесен за чистење. Писувајте ги и вашите искуства и мислења.
Dormeo е нешто најубао кое сме го купиле последниве години. Толку се имам навикнато на овој душег, што навистина тешко ми е да заспијам на друг кревет. Не верувам многу многу во реклами, бидејќи и самата завршив маркетинг, но нависитина за овој душег имам само позитивни критики. Симповите душеци не знам какви се, но имам слушано дека се фалат и од нив. Како и да е, јас мојот дормео мемори не го давам за ништо на свет
Тоцно така и јас мојот душек не си го давам но погрешно ме свати, за кревет зборував (мебел) поточно.
Ако де што и да е кревет е кревет си нарачуваш по димензии и си бираш дизајн ама душекот е тој што ти прави мераци , Си имам Симпо и супер ми е а креветот -спалната ми е Зона мебел
Јас имам кревет од Дормео и супер се спие. Креветите ми беа на спрат, ама малата не сакаше и ги расклопивме, ама пак се супер.
од дормео сум задоволна, нема да згрешите ако купите, а за симпо незнам, не сум користела. Можеби се и подобри од дормео.
Се што сум користела од мебел е само од Симпо и задоволна сум од нивниот квалитет. При изборот на фирма, не е битен само дизајнот, туку и употребата на добар материјал и начин на изработка. Механизмот игра голема улога за квалитетот. Со кревет Дормео немам искуство.
Дормеото е ок, само и со латофлекс фаќа мувла... Додека е нов, супер е. Од Симпо со кокос е одличен, тврд душек и позадоволна сум од дормеото и за право, исти се со цената. Од искуство на моите, Магнифлекс се исто така добри, кој точно модел не знам, ама за болни грбови и лесни спијачи се одлични.
Од Симпо имам две фотељи што се пуштаат за спиење (од гарнтура Мојца)и поудобни се од кревет со солиден душек за спиење.
ne znam kako toa muvla fakja, jas iskreno da vi kazham eka niti muvla niti nishto nema fateno dushekov i bash e super
Ние имаме Дормео веќе 5 години. Презадоволна сум, наспани сме. Мувла нема, имаме латофлекс и ист си е како кога го купивме.