Дали доколку имаш трансакции направено кон Мега Вин исплати/уплати ќе можеш да рефинансираш потрошувачки кредит и покрај тоа што си редовен со исплатата на потрошувачкиот кредит и да имаш плус внесено од ратата изминатите месеци?
Не знаев каде да прашам, ај тука, значи имам профил на Македонско кредитно биро, но немам платено за аларм. Кога влегувам ми пишува на тој општиот профил дека немам долгови, нема никакви доцнење нешто да не сум платила и дека последни 30 дена никој ме пребарувал податоци за мене. Прашање ми е, дали тие почетни информации се знак дека е се ок, дали е тоа веродостојно, мислам е, не должам ништо, но ми е страв од тие измами со брзи кредити, па затоа сакав некаква заштита. Дали ако влезам и пишува долгови 0, доцнење на плаќања 0, никој не ме пребарувал последни 30 дена, а си знам немам долгови, дали можам да бидам спокојна или да си платам алерт, не знам.