Ако мислиш на пара за поклон за да биде златно, не мора баш да биде пара. Може било што златно. Ние еднаш дадовме златен привезок во кружна форма со гравиран светец (соодветно на името на бебето), еднаш дадовме обетки златни, за девојче. А ако сакате стриктно паричка златна да дадете, има паричка и паричка, помали поголеми. Сè зависи колкав ви е вам буџетот, и како си сакате вие. Мислам сега 1 грам злато е околу 6-7 илјади. Ние кога баравме злато за поклон кога одевме во златара кажувавме до која сума, и ни покажуваа што може да се купи
А иначе на тема крштевка, многу ме интересира дали е пракса да не се пере крпата што кумата ја носи за бебето? Мене сите ме прават ненормална дека велам не ми е ок бебе во неперена крпа да го завиткам/бришам. Ќе огрдела крпата ако се исперела. Ко божем некој од дома ќе однесе користена крпа за крштевка, се знае дека секој има ќеф и купува нова... и на крај краева, ќе кажам на мајката дека ќе купам крпа и ќе ја исперам. Не знам дали јас сум забегана со перење работи... и за себе, а особено за бебе Да, и да не е перена ќе помине, ама па зошто, којзнае во кои магацини прашини биле материјалите и крпите, пред да стигнат во раце кај нас...
Обавезно перена, од едно перење сигурно нема да огрди, а и да огрди, поважно е да не се исфрли бебето. Апсолутно си во право што сакаш перена. Јас кога бев кума, ја прашав мајката со кој прашок пере за бебето и ги исправ со таков и бањарката и облеката.
Правилно размислуваш и така треба да постапиш. Не мора да ги пушташ во машина, можеш само да ги поминеш со млака вода и малку течен детергент. А дали е пракса, не знам. Најдобро е кумата да праша/каже, односно да се договори со мајката. Мојата кума не ги имаше испрано алиштата, а веројатно ниту крпата за бебе. На бебето ништо не му беше, се помина во најдобар ред, но мене некако шубе ми беше. Но, сепак не и замерив.
Обавезно испрани и бањарката и алиштата. Бидејќи ептен сме блиски со кумата на мене дури ми ги даде алиштата и бањарката јас да си ги исперам со прашокот што си го користам за бебето, ги испеглав и ги вратив на неа.
Мене кумата ме праша со каков прашок переме за и да таа да ги испере алиштата. Ми рече испрала се, за крпата не ми ни текна да ја прашам ама ете верувам дека испрала.
Дајте предлог за старосватови што да им земам поклон. Дали некој ваучер па сами да си купат што сакаат или пари да им дадам. Колку отприлика давате за поклон за нив?
А зошто за старосвати поклон? Старосватите немаат никаква улога на крштевка. Само за кумовите сум купувала, исто и блиски само кумовите ги дарувале. Ако ептен сакаш, земи нешто симболично.
Па се распрашав и некои даваат и на старосвати поклон. Глупаво ми е ако очекуваат поклон, а јас ништо да не им дадам. Вака ќе земам нешто симболично да не ми биде криво после
Да си испереш се. Ништо нема да му биде на пешкирот. Мислам сепак, бебето е побитно нели Ај што е чувано по магацини, нова облека е третирана со формалдехид и други конзерванси и при здрав разум никогаш не би облекла нешто непрано на бебе. За моето дете, кумата ми се јави да праша со што перам за да испере се со тој прашок. Лани јас крштевав двомесечно бебенце, исто прашав со што му ги перат алиштата, исправ и испеглав се (и пешкирот го пеглав) како што би направила и за мое дете.
Како бе неперени? Каде ова? Некој адет е таков? Па бебе е, нежна кожичка. Кога бевме кумови се исправ со прашокот што го користам за моето, посебно. Дури и со неговите алишта не ги перев. Е за син ми крпата на километар мирисаше на омекнувач, што сметам дека воопшто не е во ред. После 3-4 перења едвај се изгуби. Мој совет прашај ја мајката каков прашок користи за бебенцето и купи таков, или дај и ги на неа, нека си испере се и ќе ти ги врати. Нема тука ќе огрди. За бебе станува збор.