Не, не мора. Ако ти бараат, смени црква или прашај го попот по кое црковно правило спречува некој да се воведе во верата. Единствен услов е тој што го крштева бебето да биде крстен. Друго ништо не треба.
Имам случај во семејството каде што не се венчани, а трите деца им се крстени, ама ова пред 30 години. На твое место не би прашала: дали мора да сме венчани, туку: кои документи се потребни за крштевање на детето.
@Mama_na_Darija секоја од нас го сподели своето искуство, но како што гледаш повеќето се различни. Затоа, најдобро е да се јавиш во црквата каде што планираш да го крстиш детето Таму ќе ти дадат најточни информации и ќе ти кажат како е кај нив...
Да , секако кога ќе закажуваме ќе прашам подетално. Бидејќи слушав морало да сме венчани затоа и тоа го прашав , чисто информативно Фала ти.
Женички ајде помош.Следен месец ќе правиме крштевка и роденден на големата ќерка.Која сума е во ред за дарување на кумовите?
Кога ќе одите да закажете ви даваат лист што се треба да се однесе. Никој не прашува дали сте венчани. Бараат само извод, зејтин, сапун и пешкир од родителите на детето. Дента на крштевката кога ќе стигнете во црква ги викаат таткото и кумот да платат и го бараат изводот заедно со сапунот, зејтинот и пешкирот. Крштевката ја правевме крај на мај.
Вкупно 100. Е сега ние само крштевка правевме. Не знам што да ти кажам. Јас мислам дека е ок и дека е преголем притисок дека треба да се даде повеќе, па се е прескапо. Ние правевме мала крштевка само најблиските околу 20 луѓе, 1000 евра не не оправија.
И ние за скоро ќе правиме крштевка. Прашањето ми е дали на старосватовите се купува нешто? Јас таму кајшто бев старосватица на крштевка ми дадоа подарок и сега се мислам фали на нашите старосватови да им купиме нешто и ако да, што би било океј а да не е прескапо (за кумовите секако од поголема вредност ќе бидат подароците).
Јас не купив. Само за кумовите имав поклон и пред секој гостин колаче и картичка ви благодарам што сте дел од мојата крштевка.
Здраво. Каква треба да биде погачата што се носи во црква за венчавка заедно со виното? Истиот ден ќе правиме и крштевка за тоа кумата носи погача.
Јас ќе имам пред секој гостин колаче во украсно кутивче ама не знам стварно за ова со поклонов, глупаво ми е да не очекуваат а ништо да не им дадам. Инаку се имав прво залетано на сите гости подарок да им дадам. Имав замисла крпа свиткана како мече направена. Ама после кога видов една крпа помали димензии а со нормален квалитет дека е повеќе од 200-300 денари се откажав