А има ли такво нешто што би ти се случило доколку ти се откажеш од својот кум? За кумашнинците прашувам.
Сеа ова се рекла кажала но од секогаш знам се кажува ако го погазиш кумот и си викниш друг нов кум без стариот да ти даде благослов дека тие клетви фалале Глупост е знам не ми е и мене верно Има еден пар го направи ова Ем немаа деца ем се разведија Она си роди после Иако знам дека нема ништо сепак ми е шубе
Нема ништо да се случи. Само непријатност мегу страните. Ние ич не сме блиски со кумовите, ниту пак имавме муабет, се одалечивме ниту се слушаме ниту се гледаме. Одалечени сме 200 км. Старо кумство и ајде да се продолжи и еве ни сега. Со мм се генерација не се стари, ама со застарени сфаќања и немаме муабет. Сега да треба дете да крштевам ич не сакам тие да ми се кумови ама нема што да се прави.