1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување куче

Дискусија во 'Дом' започната од Dark Chocolate, 9 јуни 2021.

  1. Dark Chocolate

    Dark Chocolate Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Вие коишто имате желба да купите куче, дали ви е важно од кого го купувате и каква е расата?

    Познавам многу луѓе кои имаат купено куче, но не го знаат ниту датумот на раѓање на кутрето.

    Сметам дека доколку веќе давате пари за кутре, ваша обврска е да ги знаете основните податоци поврзани со кучето и неговите родители.

    Исто така многу луѓе купуваат одредена раса на куче поради мода, без да се едуцираат за расата и нејзините карактерни особини или можни болести кои се јавуваат кај таа раса.

    Дали ви е важно кучето да има педигре? Всушност ако нема педигре зошто го плаќате? Единствен доказ дека кучето е чистокрвно е всушност самото педигре, доколку нема педигре не гледам причина да плаќате за куче кое нема доказ дека навистина е чистокрвно. Има толку многу напатени и напуштени кутриња по нашиве улици, подобро е да се спаси живот од улица отколку да се дадат пари за куче кое нема никаков документ за чистокрвност.

    Дали кога купувате куче, сакате да го земете од регистриран одгледувач или не?

    Дали прашувате за генетски болести, дисплазија?

    Дали пред сѐ се едуцирате за расата која сакате да ја чувате?

    Кои се вашите размислувања и искуства?
     
    Последна измена: 9 јуни 2021
  2. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    2.909
    Пол:
    Женски
    Никогаш ама баш никогаш не би купила расно куче. Љубовта со пари не се купува :) Имам 4 кучиња кои не се расни, едното има обетка од стационарот Вардариште и си ја носи во знак на сеќавање на "минатиот живот". Има мал милион кучиња по улициве низ цела Македонија и да треба да бирам повторно би земала куче кое по вина на "луѓето" е оставено на милост и немислост.
     
    На Sejfullai, Sceptical, Rioers и 5 други им се допаѓа ова.
  3. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Имаме 3 купено и последното 4 е од улица соберено. Две беа со педигре, но тоа ништо не ми менувало кај кучињата.
    Секој нека си прави како сака, само да не ги напуштаат кога ќе им здосадат.
     
    На ku4ence и Dark Chocolate им се допаѓа ова.
  4. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Дали има група каде што подаруваат кученца?
     
  5. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    2.909
    Пол:
    Женски
    Еве линк, има секакви, се надевам ќе си најдеш :)
    https://www.facebook.com/groups/96365972817/?ref=share
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.089
    Пол:
    Женски
    И во оваа често се споделуваат објави за посвојување https://www.facebook.com/groups/977446202350024
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    52.607
    Пол:
    Женски
    Не ми е важно да е чистокрвно кучето. Досега само мешанчиња од улица сме чувале, последно само зедовме лабрадор но не е чистокрвен, иако премногу личи ко да е. Мајка му лабрадорка собрана од улица трудна, ни го дадоа без пари така.

    Имам голема желба во иднина да чувам златен ретривер, со години ја имам оваа желба. Не мора да е со педигре, но спремна сум да платам одредена сума бидејќи навистина планирам да се посветам на кучето.

    Сите кучиња ги сакам и сите заслужуваат дом, без разлика дали се обични или расни.
     
    На Dark Chocolate, QweenSM и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    10.627
    Пол:
    Женски
    Никогаш немам купено куче, но имам чувано расно куче односно мешавина од пинч и јоркшир териер, го вдомив и мислам дека нема никаква разлика бидејки секое куче е убаво ако е чисто, негувано,најадено и здраво... Сите други кучиња освен него што сум ги имала, 11 на број, ми се од улица мешанци, или како нашиот народ милува да каже џукелчиња и не би дала пари за куче никогаш.
     
    На Sceptical и Angella7 им се допаѓа ова.
  9. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Темата е "купување куче" и мислам дека е тотално безпотребно да се уфрлувате како џокер, вие кои сте демек за вдомување улични и нерасни кучиња.
    Сосем е разбирливо некој да сака да си купи куче од одредена раса, што не го прави помалку љубител на животни од некој кој вдомил.

    Во секој случај, имаш групи на фејсбук на кучиња од одредена раса што се продаваат, јас бев член на beagle macedonia, бидејќи имавме такво куче.
    После можеш и да си бараш за парење, да прашаш нешто во врска со расата и така натака.

    Едит: За да не се случуваат вакви уфрлања, може е подобро да се прекрсти темата во "Која раса на куче е најпогодна за...", и да прерасне во тема каде би се разменувале совети околу тоа која раса би била погодна за деца, стан, куќа итн. од луѓе кои веќе ја чуваат истата
     
    Последна измена: 14 јуни 2021
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    2.909
    Пол:
    Женски
    Зошто демек?
    Сосема разбирливо е да сакаш улично исто како да сакаш расно. Еве ти си сакала расно. Не е уфрлување, свое мислење е околу темата "Купување куче".
     
  11. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Се губи поентата на темата и се пренасочува кон наводниот снобизам со преферирање на расно куче што доведува до празна филозофија и исправање криви дрини.
    Затоа е најдобро да се смени насловот, наместо додатно да се коментира и убедува девојката да вдоми куче, бидејќи според мислењето е веќе одлучна да купи расно куче, што е сосема ОК.

    Инаку јас лично не правам некоја разлика, само го оправдувам изборот. :)
     
    На Angella7 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dark Chocolate

    Dark Chocolate Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Ја отворив темата од причина што сум искрено многу изреволтирана од постови од типот "барам на подарок (име на раса)", "се продаваат .. од "шампионско" потекло" и слични такви огласи и постови.

    Не ми е јасно како некои луѓе бараат на поклон некаква раса, кога за таа раса да биде по стандард како што треба се вложува премногу.. Исто така не ми е јасно како без жал парат расни кучиња со комшиски налик расни кучиња на секои 6 месеци и ги продаваат за смешни пари, за кога ќе порасне кучето да биде само налик на таа раса или пак да биде болно од некоја генетска болест, затоа што нели не дај Боже да се вложи во кучето и да се испитаат тие работи пред да се пушти во приплод.

    Ме лути моментот кога сите сакаат да купат расно куче за малку пари, а за телефон, лап-топ и слично даваат 4 пати повеќе пари.

    Немам ништо против да се вдомуваат кучиња од улица, баш напротив сум за тоа, но доколку некој сака да купи одредена раса на куче мислам дека треба многу добро да се едуцира пред сѐ, а потоа и да истражува од кого да купи.