Зависи од објектот,се си има предности и слабости. На приземје не си зависен од лифт,летно време е поладно на приземје за разлика од поткровје,немаш толку грижа за покривот и евентуалното протекување/оштетување. На поткровје особено ако е со коси ѕидови и обложено со лим без соодветна добра изолација летно време знае да биде многу топло(зависи и од ориентација ова важи најмногу за југ-југоисток),многу битен момент е како е изведен покривот(во многу од новоградбите било да е поткровјето рамна плоча или косина знае да биде со пропусти и при пообилни дождови да има протекувања),потенцијални проблеми со лифтот и одење пеш до највисокиот кат.Предност е можеби подобриот поглед и непостоење соседи над твојот стан. Зависи дали приземјето е ниско или високо,оние што се на ниско приземје честопати заради безбедност поставуваат решетки и огради по балконот и на прозорите а исто така треба да се види дали возила би можело да минуваат близу зградата заради бучава/вибрации и слично.
Приземје само ако е високо поради кражби. На повисок спрат е подобро поради воздухот, да не се вдишува од возилата. Поткровје може да биде добро, само зависи од тоа како е правено (како што ти пиша членката над мене).
Тоа е морничавото, поради кражби. Инаку, гледам има згради каде тоа приземје е малку повисоко или ако зградата е на некоја угорница, пак не е толку ниско.
Би додала уште и дека на приземје, во зависност од тоа какво е, колку е станот блиску до влезната врата, голема е шансата цело време да ја слушаш влезната врата кога се отвора/затвора од буквално секој што влегува/излегува од зградата. Ако си живеел/бил во стан каде влезната врата ти е директно в соба, како што ги прават повеќето сега, би знаел како е сѐ од ходникот да се слуша, зборување, клучеви, отворање/затворање врати, во кое било време од денот/ноќта итн. Сега замисли го истото, ама со влезна врата на зградата, која генерално е погласна и се користи многу често. Од друга страна, живеев на поткровје и знаеше понекогаш да прокисне, и мислам никогаш не би имала верба, особено тука во Македонија, дека поткровјето би било добро направено. Не велам дека е невозможно, ама јас лично немам верба. Какви глупи утки прават по зградиве, еден прав под и ѕид нема, не па да очекувам добро заштитен покрив.. Тежок избор искрено, не знам дали би одбрала кое било од двете .
Јас не би го одбрала ниту едното, ниту другото. Сум живеела и на приземје и на поткровје. Поткровјето во лето беше неподносливо жешко, мислам дека никогаш нема да ги заборавам тие неколку лета што ги пројдов таму. Ни клима помагаше, ни ништо. А кровот не се случи да прокапе или нешто слично, океј беше градбата, само ориентацијата (југозапад) си го правеше своето. Како и да е, не би ми било прв избор. Приземје од друга страна, тотално ми е непривлечно, баш од истите причини што ги навела @pdb123. Такво искуство имав и јас отприлика. Единствено би одбрала приземје ако планирам да сместам канцеларии во тој стан, или ако намената му е ко за издавање за краток престој (airbnb).
Приземје има галам цело време,дали од деца,или од друга страна ако си од паркинг возила.Порано мислев дека е романтично имаш дворче,ама секој ти тресе,ништо од моја романтика.
Сум живеел и на приземје и во поткровје и не му препорачувам на никого. Лете во поткровје не се седи од жештина, а зиме на приземје е кочан ладно. Најдобро е некоја средина, ако имаш избор. Поткровјето со тек на години знае и да прокисне.
Јас живеам на поткровје, единствена маана е што е многу жешко на лето, ама сега сите веќе сме со клими така што Океј е. Не ни прокиснало никогаш досега. Приземје никогаш не ми се свиѓало заради бучава, се слуша сè од улицата, башка зависи и колку е ниско, може луѓе буквално во соба да ти гледаат. Високо приземје е малце по Ок.
Здраво, може ли да ми посочите згради во градба (завршна фаза оваа година) во карпош 4, влае, козле и хром околу 50м2 и да не е приземје или поткровје? Исто така одговара и нешто постаро, максимум околу 10 години за продажба..Па доколку имате. Понудете.
Дали стан во градба со маркица А1, кој што е поделен на два помали станови после некое време може да се извади имотен лист. Инвеститорите се убедени дека може. За А2 сум сигурна дека може, но за А1 не знам.
Феминки генерација 2000–2003 што имате купено стан или сте блиску до купување на стан дали би споделиле некој совет или искуство? Јас сум генерација 2002 и во последно време почнав посериозно да размислувам за иселување од дома. Искрено, не би сакала да изнајмувам туку ако е можно директно да купам стан. Во моментов со мојата плата тоа изгледа како доста далечна цел, но сепак сакам да се информирам и да почнам да планирам Би ми значело ако споделите искуство околу избор на агенција за недвижности, искуство со банки и станбени кредити, како успеавте да заштедите за учество, дали купивте сами или со партнер, на што најмногу треба да се внимава при купување стан и било што друго што би сакале да го знаете пред да купевте стан Секако, добредојден е одговор и од други генерации, првично ги спомнав 2000–2003 бидејќи ми се најблиски по возраст и животна фаза
Јас еве да пишам од мое искуство како 2002. Ние во 2023 со дм се преселивме под кирија, и така живеевме 2 години. Кај нас беше ете поразлична ситуацијата така затоа што не сакавме одма да купуваме стан на непробано за живот заеднички, а и немавме ни пари тогаш. Доста тешко е исто така да собереш пари за учество додека си под кирија зошо платите се тие, ние земавме тогаш исто добри плати меѓутоа сѐ одеше на кирија и шетање искрено ништо не заштедивме и не жалам. Кај тебе е поразлична ситуацијата и зависно од тоа колку земаш плата можеш да си заштедуваш по 200 евра ако имаш барем и ако секако можеш да постигнеш, па да видиш да си подсобереш така како ќе ти оди. Кај нас голема улога имаа и нашите родители зошто ни потпомогнаа околу работи за домот ама ние си земавме едниот помал потрошувачки за учество другиот станбениот кредит. Може и така да се оди со таа опција ако немаш ништо заштедено а сакаш да си купиш стан. Ние земавме во Стопанска затоа што во тој момент имаа многу поволна понуда, сите административни и нотарски трошоци покриени од нив, а тие се околу 500-1000 евра и доста ја олеснуваат работата во тој поглед. Меѓутоа пред да се одлучиме за СТБ ги свртевме сите банки да ни дадат понуди, па да одлучиме, тоа ти го препорачувам и тебе бидејќи секоја ситуација, плата, итн е различна. Во СТБ ни понудија 3,1% каматна стапка, фиксна за 10 години. И тоа ти е многу важно да гледаш, меѓутоа претежно секогаш се фиксни за станбениот кредит. Околу гледањето стан. Ние гледавме стан, стара градба не сакавме во нова никако, не ни одговараше ниту да даваме пари па да чекаме да се изгради и да биде шта би било ниту пак да чекаме долго и ем да исплаќаме кредит ем кирија, не ни одеше никако во прилог. Си најдовме станче 60 квадрати со две соби + дневна. Јас можам да ја препорачам агенцијата за недвижности Casa Mia M, случајно ние преку нив се погодивме и газдарицата е ептен ептен голем човек, не е преварантка ништо буквално. Се надевам сѐ опфатив меѓутоа ако имаш уште прашања, слободно