Купување стан

Discussion in 'Дом' started by rajna-vojvoda, Feb 20, 2012.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Joined:
    Dec 28, 2009
    Messages:
    5,941
    Likes Received:
    27,611
    Зависи во кој период од годината, најдобро е да барате станови за изнајмување околу мај/јуни, затоа што студентите си одат и тогаш цената им паѓа. Ако барате крај на август/септември тогаш се изгор скапи, се занесуваат премногу, користат ситуација поради големата побарувачка.
    Инаку ИМА станови во овие населби за 150 евра, јас работев во агенција за недвижности некое време и се наоѓаат многу. Вујко ми издава стан во Н.Лисиче од 67 квадрати, со една спална, полунаместен, нема само фрижидер и машина за перење и цената му е 150 евра, што е ок. Се наоѓаат за 150 евра станови, за помалку малку потешко, или треба да е премногу мал.

    ~~~
    Ние си најдовме постар стан (околу 20-тина години), но целосно реновиран, многу зачуван и потребно е да се сменат само прозорци. Има, па да не претерам идеална локација, во близина поминуваат многу автобуси, што мене ми е мошне битно и се` има во непосредна близина, не можам да бидам посреќна околу изборот на станот, иако навивав за мојата страна (Аеродром и Н.Лисиче), ама се префрливме накај Карпошот. :)

    Новите станови, освен што ги продаваат по ненормално високи цени, голем дел од нив се со неквалитетна градба, со ѕидови тенки како лист хартија, нула изолација, прелош распоред, претесни, ужасни. Не може во 53 квадрати да сместите 2 спални и да продавате трособен стан, мајке ми.
    Конкретно тие во Н.Лисиче на последна 5-ка/15-ка, не би му ги препорачала ниту на најлошиот душман, меѓу нив нема простор да прднеш, многу неквалитетна градба, од лично искуство потврдувам.
    Дел од соседите сами собираа пари дополнително да достават изолација , а веќе платиле скоро 1200 е/м2. Срамота.

    Многу јасно дека секој сака да влезе прв во нов стан, ама не секоја новоградба е добар избор.
    Овие се меѓу полошите.
    Генерално во сите нови станови е премногу тесно, од што сакаат да измислат дополнителен простор, а нема место за ќорав плакар. Луѓето често како да забораваат дека освен они, во домот има и милијарда ствари и ситници на кои треба да им се најде простор.

    Што се однесува до К.Вода, лично мене и без пари да ми даваат таму стан, нема никогаш да го земам. Блиску е до Центар, тоа да, но ужасно неповрзано со другите делови на Скопје, ужасна структура има, населбата падни-стани, јас така ја викам, пренаполнето, начичкано и многу грдо. Градено-недоградено, нефункционална и грда за око. Кое зеленило го има К.Вода молам, освен делот накај Припор нагоре, што не е ни веќе К.Вода?
     
    Elen4e_sonce, tigerlady and Edie.S like this.
  2. elenavas

    elenavas Нов член

    Joined:
    Dec 18, 2013
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    dali mislite deka za garsonjera kaj crnice kaj simpo nova gradba e mnogu 1250 evra po kvadrat?i imate slusnato za konstraction group graditelot?vi blagodaram
     
  3. fighter

    fighter Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    1,249
    Likes Received:
    2,485
    ова со цениве во Скопје е лудило. За гарсоњера со оглед на тоа како се движат цените на становите и не е многу, ама имаш големи станови за 1300 или 1400 евра квадрат, и крајна сума ти е по 100.000 евра за стан :o
    не знам, прескапо е, пазарот е презаситен од станови, и пак не паѓаат цените :o
     
  4. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Joined:
    Jun 1, 2012
    Messages:
    1,431
    Likes Received:
    3,485
    Секогаш помалите станови (конкретно гарсоњера ) имаат цена не реална.Повисока од другите станови ....Многу зависи од населбата,местоположба на станот ,спрат ......Но цената од 1250 еу за м/2 во црниче е реална во споредба со другите станови.При купување на стан има мн важна улога и плаќањето.Доколку се плати во готово ,сите се спремни за мала толеранција и отстапка од цената.Многу голем проблем во Скопје е при купување на нов стан морално е да се купи гаражно место што чини по 5000 еу па и повеќе |( .Немаат осет со цените :swear: :fubar: .
     
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    1,249
    Likes Received:
    2,485
    Во право си дека 1250 еу за м2 е ок цена, ама тоа е цена за трособни и поголеми станови и кога ќе пресметаш пак е многу ..на пример стан од 60 квадрати ти доаѓа околу 75.000 евра. :x
     
  6. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Joined:
    Feb 28, 2013
    Messages:
    784
    Likes Received:
    824
    Црниче си држи цена, таман си е цената за таму, иако не знам зошто?! Јас мојот недалеку од Симпо/Црниче, само преку улица, но веќе спаѓа под Општина К.Вода иако е поблиску до Центар го земав за 1200. Мој совет побарај локација помеѓу К.Вода, Центар, Црниче, можеби ќе најдеш за 1000-1200/м2 евра. Инаку гарсоњерите се поскапи од поголемите станови. Комшивката карши мене го плати 1280/м2. нејзиниот е 38м2
     
  7. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Joined:
    Jan 13, 2013
    Messages:
    1,056
    Likes Received:
    16,016
    Побарав во правни совети, но не најдов соодветна тема, па затоа овде сакам да прашам : како правно да се заштити некој при купување стан преку агенција за недвижни? Значи, станува збор за стан кој трето лице го продава преку агенција и истиот го поседува по основ компензација.
     
  8. fighter

    fighter Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    1,249
    Likes Received:
    2,485
    do-re-mi, не ти го разбирам прашањето?
    Зошто купувате стан преку агенција?
    Ако станот е компензација со фирмата која изведувала градежни работи, ќе треба да има некаков документ, односно и да гласи ИЛ на фирмата. Ако ИЛ не гласи на фирмата која го има добиено во компензација, тогаш барајте го правиот сопственик.

    Треба многу да се отвораат очи. Јас ваков стан имам одбиено да го купам, зошто тој гласеше на друг, а го продаваше фирмата која го добила на компензација а го огласила во агенција. На ИЛ, како сопственик на станот беше запишано градежното претпријатие кое ја изградило зградата, а како продавач се јавува фирмата која правела водовона инсталација во зградата.
    И цената на станот преку агенцијата беше 850 евра квадрат,а кај правиот сопственик односно градежната фирма која е запишана како сопственик на станот во ИЛ , цената беше 950 евра квадрат.
    Можеби поскапо, ама јас одлучив да го контактирам сопственикот на станот, односно газдата на фирмата која е запишана како сопственик на станот во ИЛ, и така направив купопродажен договор.
    Јас немам убаво искуство со агенциите, се обидувале да ми протнат некои станови, пошто зошто, само за д аземат провизија и после се тргаат од целата зделка.
    Ама ова беше пред 10 години.
     
    do-re-mi likes this.
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Joined:
    Nov 1, 2012
    Messages:
    4,363
    Likes Received:
    21,350
    Gender:
    Female
    Јас имам лошо искуство со агенциите за недвижности. Пишував некаде низ темите за ова. Проблемот беше од истата природа како твојот. Значи човекот се договорил да добие стан на компензација од фирмата што ја гради зградата затоа што тој т.е неговата фирма неколку фасади им правела. Тие се договориле и тој кажал на агенцијата да го нуди. Нас ни се бендиса, баш и цената добра. Ако инвеститорот си ги продаваше по 950, овој 900 квадрат. Станот си беше сеуште на име на инвеститорот. Се консултиравме со адвокатот. И кога тој го виде договорот се смршти. Јас не сум правно лице, не сум стручна. Но тој вика еден го има , друг го продава многу имиња се мешаат во договоров каша опара. Нека си го средат они префрлањето прво. Иако после има данок, ама е побезбедно. И ајде они месец дена имаа рок да си средат, а агенцијата да не извести. Помина месецот ги нема ови од агенцијата, се јавувам, аха денес, утре, поминаа уште три недели. И на крај ја спукале работата инвеститорот и човекот што треба да го земе станот, се искомплицирала работата. Отидовме дирекно кај инвеститорот тој си кажа друга цена. А ови од агенцијата ко мали деца да си играат агенција, абе мислиш тезга држат. Ништо не се договориле, а тие не кажуваат. А капар за чување на станот даден.
    Така да агенции НЕ ТИ ТРЕБААТ, оди си дирекно кај инвеститор. Зошто да им дадеш 2% од цела сума 500-1000 евра за ништо. Ниту компензации да не те интересираат, па парите од пониската цена на станот ти уствари ќе ги дадеш на агенцијата. Ќе си одиш кај проверена фирма инвеститор, ќе се договориш, често има и место за мало пазарење.
     
  10. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Joined:
    Jan 13, 2013
    Messages:
    1,056
    Likes Received:
    16,016
    Irena.1 и fighter, ви благодарам на одговорите. Ми ги потврдивте сомнежите, затоа што и мене ми изгледа замрсена зделкава.

    Cтанот го купува татко ми, комплетно деталите не ми се познати, но ми е страв да не станува збор за некоја нова шема за "стрижење овци", па да му ги соберат парите пред нос. Oд агенцијата дале број на имотен лист на зградата (во изградба), брат ми го проверил во катастар и до тука се изгледа регуларно (т.е таа зграда со конкретниот имотен лист се регистирани во катастар), макар да уште не е јасно кој е реалниот сопственик на станот (или можеби само јас не знам). А капарот е даден! Искрено, не ми е јасно како татко ми се "излетал" така набрзина, кога по природа е многу сомничав, но ете биднало.

    Засега го посоветував да не дава повеќе пари и да не потпишува ништо додека не се "прочешла"понудата од адвокат.
     
  11. fighter

    fighter Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    1,249
    Likes Received:
    2,485
    do-re-mi,акам и ова да ти го кажам. Бидејќи спомна дека станот е во градба, јас би ти препорачала тоа да го прескочите.
    Се сеќавам кога и јас барав стан, ми беше понуден стан во градба, односно зградата од надвор беше целосна готова, а внатре во становите фалеа плочки, пато, лифт во зградата и слично. Инвеститорот на милиони начини ме убедуваше да го купам, со оние финти, од тиопт, земи го последен е, еве има и други заинтересирани, за два месеца ќе биде вселив и слично.
    Среќа што не наседнав. Испадна дека најскапо нешто за опремување на зграда е внатрешниот дел, односно плочки, санитарии, паркети, ходници и лифт. И затоа и не го купив и среќа што направив така, бидејќи станот кој јас го гледав во завршна фаза во август 2006, беше спремен за вселување дури во јануари 2010. Значи скоро 4 години ја доградуваа зградата.Така да, подобро земи говото стан и поскап, одколку во изградба и поевтин.
     
  12. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Joined:
    Nov 1, 2012
    Messages:
    4,363
    Likes Received:
    21,350
    Gender:
    Female
    Јас ќе ти кажам како се излетал татко ти, тие од агенцијата имаат многу добар настап. Абе мед и млеко од уста им тече. Мислам нека ми извинат агенции што се искучок, ама моето искуство е такво. Кај мене вака настапија. Значи со денови ме убедуваа дека они работат со фирми со затворена финансиска конструкција и никако поинаку. Добро ајде. И кога видоа дека ни се допадна станот и седнавме да правиме муабет со човекот што требаше да го земе на компензација и нашиот адвокат човекот се си објасни, дека е договорено УСНО со инвеститорот да му го дадат станот и дека сето тоа е уште во процес и дека тој нема намера да зема пари за нешто што не е сеуште во негово владение, самиот си кажа дека му треба околу месец дена да си ја среди работата и до тогаш агенцијата е тука за секакви информации, впрочем затоа ги плаќа. Е арно ама после овие од агенцијата истапија со тоа дека е "пожелно" да се остави капар за да се тргне станот од продажба. Капарот 500 евра, добро. И нашиот адвокат вика добро, штом бараат капар од агенцијата, тогаш ќе направиме прво договор со агенцијата дека тоа е дел од тие 2% што они треба да ги земат од вкупната сума итн итн. и така бидна.
    Е сега човекот не го доби станот на компензација. А женскиве од агенцијата никаде ги немаше да не известат дека работата се искомплицирала. И кога по неколку дневно мое напињање ми објаснија се, јас им викам добро бе луѓе па што не кажете, двете како помочани викаат па се надевавме дека некако ние ќе ја средиме работата. Капарот ни беше вратен.

    Инаку јас купив стан во градба, малтене на почеток на градба. Не ни се брзаше, па нешто поефтин ни се фати. НО инвеститорот беше проверен и докажан. И најважно учеството кое го плативме одеше постапно како што напредуваше градењето, а кредитот од банка го земавме сега на крај кога станот беше веќе вселив. Тоа е некој показател дека инвеститорот има обезбедено финансии претходно, овие не му се клучни па да може да гради.
     
  13. Femi2

    Femi2 Активен член

    Joined:
    Oct 26, 2013
    Messages:
    2
    Likes Received:
    0
    Има ли некој искуство со COREX, продаваат станови во градба во Аеродром. И мене ми ја кажуваат истата приказна, дека е останат уште еден стан со таа квадратура што ја сакам јас. Не знам, можеби се добри, меѓутоа немам слушано нешто за нив. Ако некој има некоја информација, добредојден е :)
     
  14. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Joined:
    Jan 12, 2015
    Messages:
    327
    Likes Received:
    217
    Gender:
    Female
    Ме интересира дали квадратурата на тераса/балкон/лоѓија се пресметува 100% или помалку? Зашто според методологијата за утврдување на пазарна вредност на недвижност, член 4:


    „Функционалната површина на еден стан во колективни станбени згради се
    пресметува како збир на подните корисни површини меѓу внатрешните ѕидови на
    собите и ходниците зголемено за 25% од површината на терасите, 50% од површината на
    балконите
    , 75% од површината на лоѓиите и 30% од површината на подрумот.“

    Што значи дека за квадратурата, конкретно кај мене е балкон, треба да се плати само 50% а не 100% од квадратурата.

    Дали имал некој искуство со ова?
     
    Last edited: May 13, 2015
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342
    Да, така е исто т.е 60% оди за поткровје на пр.
     
  16. миги

    миги Нов член

    Joined:
    May 14, 2015
    Messages:
    7
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Женски,ако некој сака стан од 56м2 во дебармаало нека се јави на 070363244, станот е топ
     
  17. carazoreli

    carazoreli Истакнат член

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    32
    Likes Received:
    10

    Attached Files:

  18. миги

    миги Нов член

    Joined:
    May 14, 2015
    Messages:
    7
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    јас не можам да го отворам линкот,дали може да ми пратиш во друг формат
     
  19. Marcesa

    Marcesa Нов член

    Joined:
    May 22, 2015
    Messages:
    7
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Female
  20. Seni83

    Seni83 Нов член

    Joined:
    May 26, 2015
    Messages:
    1
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Female
    Ima li nekoj od vas iskustva so kupuvanje stan odnosno kako ide postapkata koga e vekje stanot kupen. Sakam da go znam redosledot kupoprodazen dogovor,notari, katastari, danoci i ceni, znaci bukvalno se okolu toa i kolku vreme od prilika odzima toa. Edno drugo mnogu bitno prasanje ako stanot e podelen ili kupen od dve sestri dali moze da se prezeme na dvete iako ednata nee prisutna odnosno e vo stranstvo ??
    Odnapred blagodaram za site odgovori
     
    okcenzi likes this.