Мислам дека немат ваква тема, ако имат може да ја избришете. Луѓе, споделете каде е најдобар курс да се пријавиме и што да научиме за полесна работа на компјутер што не е многу поврзано со англиски јазик. Некој ваше мислење или од искуство?
Па ворд или ексел или пеинт, имат доста различни видови него кое е најмногу полесно од тие да се научи. Бидејќи сакам да учам и да се вработам само незнам што да научам од тие опции, тие што завршија на курс нека кажа нивно мислење што научивте и повеќе информации..
Ворд, Ексел и останати од Офис пакетот имаат различна верзија. Функционирањето на тие е скоро па исто. Пеинт на работа нема веројатно да ти треба. Плус, зависи кај ќе се вработиш, различни софтвери ќе ти требаат. Сигурно сметководство нема да работиш во Ворд и Пеинт. Побарај книги од основно/средно таму по информатика учевме Ворд и Ексел. За курсеви па и не знам колку се исплаќа за Офис кога се имаш на дофат на google, youtube.. Не сум сретнала некој да идел на кусеви за Офис, да го прашам за искуство да сподели.
Онлајн. Основните работи се учат и од јутјуб видео. Ексел е само малку покомплицирано. Не верувам дека ви треба некој посебен курс, освен ако за работата ви бараат напредно познавање на програмите.
На udemy има бесплатни курсеви за word, excel...практично за cè и сешто. Кај нас мислам дека и Семос нудат такви пакет-курсеви, се опфаќаат неколку Office апликации и ви даваат сертификат за ислушан курс. Исто како на udemy, пак ќе кажам, или на која било друга платформа за онлајн курсеви.
Изгор се скапи Семос. Ќе се запишвав јас на 'академија' за веб дизајн, ама немаше шанси да труснам 1500-2000 евра.
Аа не зборам јас за академија, академија за Офис апликации нема. Друго си е тоа со веб-дизајн, ама вреди да се вложи доколку навистина си заинтересиран за тоа. Ова со Офис мислам дека не е ни скапо, само Ексел беше околу 100е, а напредниот илјадарка или две поскап. Полагаш испит за сертификат и тоа е тоа. Пакетите им се околу 200е, имаа опфатено 2 програми, пример Ворд и уште нешто. Истото го има и на udemy, за многу помалку пари, а сертификатот не знам што би менувал, јас имам сертификати од други програми и мене лично ми имаат помогнато многу, ама кај не за кај нас.
Скапо е, како не е скапо 200 евра за Ворд и шо? Паур Поинт пример? Сам можеш да го научиш за без пари и тоа брзо. Прочепкај една недела-две, и ќе го совладаш.
1. Сакаш да работиш на компјутер ама не опишуваш што сакаш. 2.Сакаш да не е на англиски pinpointed. Можда грешам но незнам место каде што можи да се работи со Office пакетот само. И да се работи верувај платата нема да ти ги покрива трошоците. За да работиш на компјутер треба да знаеш што сакаш. Програмирање Веб Дизајн Веб Програмирање Графички Дизајн Блогерство и сл. Ако од горенаведените немаш кејф, немој да си трошиш време со идеи. Добронамерен совет е ова :] Не заборавај Англискиот е клучот на учењето на компјутерските вештини. И сите наведени работи што ти ги набројав бараат многу учење. Не мора да идеш на приватни часеви. Учи од дома почетно.
Па врска немам, дадов пример чисто како за илустрација ама цените се отприлика тие. За Офис не би дала пари во никој случај, преедноставни апликации се и можеш сам да се снајдеш дури и за напредни функции на Ексел на пример, ама за некои други курсеви би дала без око да ми трепне, без разлика дали тука или онлајн курс. Полесно ми е онлајн, у последно време така и правам па супер си е.
А бе еве јас на пример, со тешко срце ама би дала ако мислам дека ми е корисно, затоа што знам дека сама дома нема шанси да се натерам да седнам и да го учам. На добро организиран курс ќе морам да седам и да работам во одредени саати од денот и нема бегање А реално за се има туториали и онлајн курсеви, ама мене ми е полесно ако сум физички присутна на предавање.
Ако си сериозна и сакаш да научиш...и научиш.. тие 2500 евра се враќаат за многу кратко време. Ако ти е за да тепаш време само, имаш на интернет опции за учење
Кога сте веќе на темава, која "академија" би ми ја препорачале за усовршување за графички дизајн, по можност ако има отсек за архитектура? Солидно ги владеам SketchUp, 3dsMax, CorelDraw, AutoCad, PS, UnrealEngine. Aма сепак би сакала доколку постои таква опција кај нас да ги усовршам и да добијам сертификат за тоа.
Работата на компјутер е прилично позврзана со познавање на англиски јазик, но и со основни познавања можеш да се снајдеш. Можеш за општо користење на офис програмите да научиш преку јутјуб презентациите и според мене така е попрактично учиш кога сакаш ти.
Мислам дека не си за графички дизајн ако сакаш да ги учиш програмиве што ги наброја. Имаше во некоја од академиите за Архитектура, ама не сум сигурен каде. На графички дизајн генерално се учат Фотошоп, Илустратор и Индизајн. И овие програми секако ќе ти бидат од корист, ама програмата баш кон графички дизајн им е насочена, така да не знам колку ќе ти помогне околу архитектура. Ако веќе се одлучиш за графички дизајн, јас Бреинстер би ти ги препорачал. Најпрво, ќе работиш со доста познати и успешни графички дизајнери и уметници кај нас. Сите се пријатни, културни и кул. Доста пријатна атмосфера. Јас тој еден месец што го одев на курс, супер си поминав. Секако, ако се решам и за академија, таму ќе биде.
Ме интересира што мислите може ли AutoCad да се научи дома преку некои клипчиња и слично,и ако има може ли некој да сподели?