Велики Пост е пред Велигден, така? Немам традиција на слави славење, искрено немам поима ни како се слави, сакам пролетна/летна и надвор од пост да земам, лично за себе ми е мерак да имам. Знам дека ако падне среда или петок е секако посна, но не сакам пример како сега кога се сите слави посни, или како што знам меѓу Божиќ и Водици нема посни денови? Поправи ме ако грешам, ова ми се од луѓе рандом информации, може да се сосема неточни. Кога би одбрала некоја, треба да одам во црква да си кажам дека таа ја сакам? Потоа?
Ако сакаш да доаѓа попот дома, треба да пријавиш в црква. Инаку може да земиш кога сакаш. Мрсен период е од 8 мај до кај 1 јуни, од 12 јули до 13 август и од 28 август до 27 ноември и од 7 јануари до кај 15 февруари. (Велигденскиот пост најрано може да почне на 15 февруари и трае најдоцна до 8 мај). Од Божик до Водици се пости само денот пред Водици - Водокрст (Нејатка).
Куќна ми е Св.Димитрија Солунски (митровден) а и имам само моја на Св.Гаврил Лесновски и Св.Архангел Михаил
Девојки здраво детенцето има годинка прва година ке чекаме именден и незнам дали се носи панагија во црква или тоа важи само за слава некој што слави именден само ако може помош околу обичаите
Можеби е доцна веќе, но се носи и за именден. Баш попот за слава на мајка ми ја прашуваше дали е за слава или именден, зошто за именден одоздола ја сечат.
Па некои сами си одбираат празник, пример ако нешто им се случило на тој ден, си дигаат панагија за тој празник и секоја година исто на тој празник. Доколку немаат куќна слава некои отвараат календарче и која ќе им се падне таа си ја слават. Прашајте си поп најдобро.
Јас како што знам за куќна слава попот им отвора календарче или Библија и за кој светец или светица е напишано на таа страница тој или таа го/ја земаат за куќна слава. Во секој реон си има надлежен поп, некои и по домови поминуваат. Според местото на живеалиште претежно поминуваат попови од најблиската црква и ти објаснуваат ако те интересира подетално за сето ова. Потоа тој поп те насочува за куќна слава, те информира за панагија ако сакаш да дигнеш на некој ден што ти е значаен и за многу други нешта.
Епа заедно со попот де. Ама јас познавам што си ја сакале таа и таа слава (некој светец што им значи) и со благослов од поп си почнуваат да ја слават таа слава. Пријатели на посебен спрат што живеат, родителите слават една слава, младите друга. Или кога осветуваат куќа, викаат поп и тогаш им отвара која слава да ја слават, ама попот нема ништо против и доколку си имаат желба да слават некој светец што им значи. Или ако го носат името на некој светец сакаат и како слава да ја слават. Секаде е различно, и од црква до црква и од поп до поп има разлика. Свекор ми има куќна слава, јас прашав поп дали понатаму мора таа да ја превземеме или да си почнеме ние друга (делени сме посебно и ние си имаме светец што ни значи), попот ми кажа додека е свекор ми жив тој да си слави, понатаму само панагија и ручек, а ние да си славиме слава (светецот што ни значи на мене и мм). Членката праша за некоја личност како се подига панагија (најверојатно сака за здравје, не за слава). @Mic18 и @Orthophill повеќе знаат.
Поисправно е со одлука и раководство на свето лице иако да во право си има и сами што си одлучуваат па попот им ја благословува одлуката. Така што сепак се сведува на без попе да одобри нема избор на куќна слава или ден за подигнување лепче без божји благослов даден и пренесен преку зборот и молитвата на светото лице. Така е најисправно. Во духовните работи тие, во световните ние народот.
Женски да прашам... детето утре има панагија за здравје и сега незнам дали треба да биде посно или мрсно За празникот не се пости, ама дека е за здравје на детенцето... ако знае некој да ми каже. Фала ви многуу!
Не е лотарија што ќе ти се падне - тоа ќе славиш, туку е повеќе некоја наша традиција што нема врска со како се зема слава. Ако ти е сеедно која слава ќе ја славиш, можеш да отвориш евангелие, но ако имаш конкретен светец или светица апсолутно си бираш. Јас мојата слава ја одбрав, дури и да отворев Евангелие и тој ден да ми се паднеше, ќе требаше Архангел Гаврил да славам, бидејќи во ист ден се слави и Св. Сара Египетска. Двата начини се исправни, нема правило дека мора вака или онака.