1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЛИКВИДАТОР - откажување ?

Дискусија во 'Правни совети' започната од ZoranSK, 17 февруари 2011.

  1. ZoranSK

    ZoranSK Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Поздрав до сите на форумот.
    Налетав случајно на овој сајт и би Ве замолил за правна помош

    Пред 7-8 години бев директор на АД кое сеуште правно постои но не функционира долги години.
    Од судот сум поставен за ликвидатор на Акционерското Друштво.

    Прашањето ми е дали можам да откажам да бидам ликвидатор или морам да прифатам. Ако можам да откажам, која е процедурата?

    Второ, добив информација дека фирма што има блокирана сметка, воопшто не може да оди на ликвидација туку мора стечај, само некој мора да поднесе барање.

    Бидејки не сакам да имам никаква работа со овие процедури, би Ве замолил за мислење од искусните правници.

    Однапред благодарам
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас како економист имам чепнато нешто и во таа насока. Ако АД има долгови тогаш мора да оди во стечај а ако нема долгови тогаш е ликвидација. Како ликвидатор обично се става управителот на Друштвото.
    Можеш да се откажеш и пази што потпишуваш, тоа е голема одговорност. Сега таа постапка ја води исклучително адвокат за разлика од порано кога можеше и акционер, управител...
     
  3. NikiTheGamer

    NikiTheGamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Машки
    Мое мислење за ова: најубаво да консултираш адвокат што има искуство со стечај и ликвидација на трговски друштва.