1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лаборатории за испитувања

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 март 2013.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.101
    Како сте задоволни од ПЗУ Павлина ако сте испитувале крвна слика и статус на хормони таму? Јас испитував есента на своја рака и онака требаше, меѓутоа кога и ги однесов на мојот ендокринолог ми се испонаша у стилом,неам искуство со оваа лабараторија, ај оди сеа и Јане испитај сега таму... Матичната пак ништо не ми рече, ги разгледа само резултатите.
    Сакам сега пак да испитувам во Павлина,но се колебам... Оваа глупачава ме замисли многу. Лабараторија е лабараторија, се испитуваат во тие апарати, колку може компјутер да згреши?! Апсолутен и точен е побогу!
    Имал ли некој друг искуство со лабаторијава?
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    ^^ Нема врска која лабораторија е, исто е, само докториве мислам дека си прават бизнис со лабораториите, може земаат процент со праќање на пациенти. И јас кога бев за тироидната, докторката ми даде упати за во Идадија, за во Авицена (прогестерон за кој платив околу 900 ден. :x ) и за кл.биохемија, плус епрувета за во Авицена да ми претурат од Идадија. А за кл.биохемија, не и текна за епрувета, а и во Идадија неуслужни, па се испомешаа за кл биохемија не ми извадија, па утредента и таму се боцкав, у пм, божем не можеше да ми даде упати само за кл.биохемија. Не знам дали докторката ти дала упати, или приватно си се тестирала, ама најмалку битно.
    А и јас ги приметувам докториве нешто многу се потресуваат, кај ендокринологот носам резултати од гинеколог, нешто не ги зема како ептен стручни, она е постручна, кај гинекологот идам таа па се понаша не требало толку хормони да испитувам, немало потреба, многу се себични и мислат дека тие се најстручни.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.656
    Допаѓања:
    121.702
    Општи прашања

    ^Јас имам испитувана секаде,Адриа Лаб,Авицена,Павлина и секогаш исти резултати.За брисеви и мене еднаш ми се испонашаа за Авицена и ме тераа во АдриаЛаб.Така да јас си дојдов до заклучок дека се на некој процент ,пошто си ставаат печат на упатот (дури и на приватно кога сум проверувала),најверојатно секоја ординација си има договор со некоја лабораторија.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.101
    Општи прашања

    Абе така и си мислев јас,ама да си прашам ете фино вака штом некој и правел споредби од различни лабаратории.
    Ама безобразни се. Јас тогаш со хематом на едната рака од удар,на другата од боцкањето и ме праќа во Јане,плус треба да одвојувам пак време за да одам. И покажувам рацете ко наркоман, ми вика е де, аспирин ќе пиеш и ќе се мачкаш со хепатромбин,може да пројде со уште едно боцкање. Мрш таму и не и отидов. Според Павлина резултатите ми кажа што како,а и сама си видов дека тоа што ме интересираше е ок, имав друг проблем со матичната си го решив тој.
    Значи стварно безосетно и се е бизнис, наспроти хипократова заклетва.
    Благодарам девојки!
    Ако ви е од помош има на Групер за Павлина понуда за испитување на полови хормони, стероидни и тироидни хормони,850 денари комплет (и не е реклама,здравје е у питање бре).
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Ахх...а јас само во Авицена платив 900, во Идадија со се скриен шеќер можеби накај 600 денари и во кл.биохемија изгледа 150. Ограбување :(
     
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.656
    Допаѓања:
    121.702
    Абеја,во Авицена те чинеше 900 за полови х. и тироидна?
    Ако е така да не се шетам по клиника,незнам од каде добив информација(мислам Ремедика) дека 500 ден им е еден хормон а 150 е еден на клиника?
     
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    ^ Државно мислам дека земаат 20% од вкупната цена за еден хормон. Јас испитував во Идадија, за повеќето по 100ден ми земаа со плаво картонче :^)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Па и јас мислев дека еден хормон во Авицена дека е 400 денари, ама изгледа прогестеронот е поскап па затоа беше 900. Тиродините ги испитував на Клиника за биохемија, не знам точно колку ме чинело, ама сигурно не е повеќе од 200 денари. А во Авицена ми даде упат само за прогестеронот и тој ме фати 900 денари, додека скриен шеќер (тој се издвојуваше со цената, малку беше поскап, може 250 само за него дадов) и останатите хормони, беа повеќе, ме расшета до Идадија и Клиника.
    На Клиника за биохемија платив некоја незначителна сума, во споредба со приватните, таму е поевтино. За да не фрлаш пари за џабе, кога ти даваат упати, строго барај да ти дадат за на клиника или друга јзу.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Moschino

    Moschino Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    17
    Павлина...Летово мене ми испитуваа таму хормони(TSH,T3,T4)...
    И испадна дека Tsh-то ми е многу покачено.Мајка ми се извади од памет,нема каде не ме однесе(13,5 год. сум инаку).Бев и на ехо,се беше во ред.И ендокринологот ме прати на биохемија за да ги повторам испитувањата нели,ама на мајка ми не и се чекаше,дека беше Четврток или Петок,па резултатите ќе беа готови тек следната недела.Отидовме кај Каранфилски,резултатите пред очи ни ги правеа,и испадна дека е се во ред.А ендокринологот размислуваше дури и лекови да ми даде...После газдата на Павлина,демек ја испрати крвта во Авицена и Адриа Лаб и во двете различно покажа.Значи или ја мешаат крвта,или нешто не е во ред со апаратите...
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    За павлина слушнав доста лоши работи. Братучетка ми беше прилично шашардисана од тамошниот резултат. Жената си има здравствен проблем па уште ова и фалеше. Секој со своето искуство, но бидете внимателни. Инаку неможе да кажете лабораторија си е лабораторија, и дека апаратите се исти па сеедно е каде правите анализа. Важно е каде се прави и кој работи таму и каква апаратура имаат. Но исто така држи дека лекарите се врзани со одредени лаборатории, па си земаат процент. Затоа многу внимателно. За Павлина имам напишано пост во темата Анализа на крв-толкување резултати, еве ќе се самоцитирам.
     
  11. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми каже каде може да се направи тест за дрога ? Help
     
  12. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    20.715
    ^^
    Најверојатно се служат со стари или разредени реагенси, не е до апаратурата, туку до реагенсите. е...
     
    На Moschino му/ѝ се допаѓа ова.
  13. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    3.358
    Mene.pa bas.na ginekologija najdobro.mi.bockaat nikogas
    Nitu me boli nitu imam modrinka :D ama zatoa na endokrinologija
    Uzas mi se slosi i imav cela nedela modrinka :devil: ne vredi da se davaat tolku pari za.hormoni i jas.ispituvam mn nesta na privatno ama za ova ne. Rezultatite se gotovi istiot den posle 1-2 casot samo ednas mi se desi naredniot den da se gotovi rezultatite.
    se izvinuvam za latinicata od mob pisuvam
     
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.656
    Допаѓања:
    121.702
    Јас летово дватапти бев,резултати два пати за 2-3 дена,никогаш за хормони не ми биле истиот ден :?:
     
  15. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    46.813
    Пол:
    Женски
    Ели и мене исто истиот ден ми се готови, последниот пат испитував 2 хормона и дента во 12 ми беа готови :D а кога се повеќе после 2 саат истиот ден. Не знам зашто така кај тебе, можеби немале реагенси нешто за некој :?:
     
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.656
    Допаѓања:
    121.702
    Па незнам може.Ама и прогестеронот кога го испитував на 21 ден исто така по два дена ми рекоа :?:
    Сега ме замисли немој да не биле точни резултатите :tmi:
     
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    46.813
    Пол:
    Женски
    Не знам навистина ама многу пати имам испитано и секогаш биле истиот ден :( ако се сеќавам добро само првиот пат кога испитував беа наредниот зашто немаа реагенс за едниот хормон. Не верувам да не се точни, може така се погодило, да не идеш ти покасно па затоа? Јас од 8 до 8 и 20 најкасно идам :^)
     
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.656
    Допаѓања:
    121.702
    Не бе мила,бев прва пред 8 пошто од 8ипол морав на работа.Ова беше август месец може така се погодило,баш чудно :^) Добро вториот пат недела беше,ама ми рекоа во среда резултати.Првиот пат беше понеделник исто ми рекоа задутре резултати.Нема врска,сигурно се точни ,сигурно ја чувале крвта како што треба па клиника е :?:
     
  19. Mlle

    Mlle Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    256
    Едно прашање
    Дали за земање крв ми се потребни плави картони?
     
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ти треба упат од матичен лекар,книшка и здравствена картичка.Мене само тоа ми бараат.