1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лажниот морал кој не затупи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од anaantonia, 30 октомври 2012.

  1. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    Тоа чувство дека некој постојано ни го наметнува и евтино ни го продава овој т.н. морал не ме напушта веќе подолго време.Лажен морал е пример кога кукате и на фб ставате статуси за тоа како ви е жал дека по светот има толку глад и гладни мали деца,а потоа одете во кафана и не знаете од што прво да порачате за јадење ,па порачувате од се по нешто.Лажен морал има и во вашето постојано изјавување дека не сте против хомосексуалците,ама никако во никој случај нема да ви текне да му помогнете пример да организираат геј парада.Лажен и лицемерен морал....кога пример велите јас не ги осудувам луѓето,нека прават што сакаат ...ама затоа кога ќе чуете како жената имала љубовник или обратно,пљукате по нив како најподли животни.А дали навистина оние што се залагаат за традиционално и конзервативно општество успеваат да го изградат истото?
    Лажен морал кога пљукатте по СЛАТКАР као демек се срамите од тоа што го пее он ,а толку убаво знаете дека се тоа е вистина.
    Мислам ок секој има право на слободен глас ,но нели мислете дека луѓето премногу ПРАВОТО НА ГЛАС И ЗБОР го извртуваат и го злоупотребуваат.Затоа што тоа нели не значи еднаш ке кажам вака еднаш ке помислам онака.Малолетни девојки на форумов даваат совети на темите за Брак и неверства,и други слични теми ? аааа? Како бре така? Да истите оние девојки кои јадат букви во своето пишување,или уште полошо си додаваат букви,ама затоа веќе знаат се за сексот....истите они девојки кои се НЕВИНИ ама затоа на полуматурска носат штикли кои во времето на мајка ми ги имало само по секс-шопови.Лажен морал бре ,кога ќе каже ....јас сум добра девојка оти сум легнала со тројца ама онаа другарка ми е најголема ороспија зашто легнала со седуммина.Ох каде бреееее вака? У која Европа бе вака ќе одеме.


    Дали истите оние кои скакаат за некаков си МОРАЛ некогаш излегле од Македонијава и го виделе
    светот и дали воопшто се дружат со социјализиран свет? Дали некогаш истите оние моралисти пример ќе помогнат во борбата против семејното насилство или сличните горчливи социјални проблеми?

    Не знам на вас, но мене ми станува неиздржливо тесно и задушливо. Доста ми е од ваква тиранија на лажниот морал!
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Ах девојко, почни да си ги тренираш живците со време, зашто така си е скроен животот.
    И нема помагачка тука. Еден не може да крене револуција сам.
    Ако сакаш промена, секогаш велат дека е најдобро да тргнеш од себе, меѓутоа останува на микро ниво - чисто колку ТИ да се почувствуваш задоволно и удобно сама со себе.
    Дека поголемата маса ќе се опамети или ќе не` стрефи чудо - нема да се случи.

    Мене ме погодуваат и полоши работи од овие што ги наброја, домашни љубимци за чија храна, одржување, фризури (???!!!) се даваат илјадници денари, а никој не пушта 100 ден. донација за операција на болно детенце, а ваму сите се прават анти-крзно и пета хуманитарци, а од трета страна ждерат месо, мислам одлучи се - кој си, што си, или џа или бу...
    Или фактот што секогаш, како по непишано правило, тие што имаат најмногу се буткаат за гага или гратиси, а се оптегнале на сепариња со скапи пијалоци, па и чудно ја загледуваат обичната и недостојна раја ако им се допре до ракавот...
    фејкери кои одат на места - само за да бидат видени и сликани, купуваат книги само за да се исчаламат пред пријателите, и ред други фактори и трактори...
    помири се, не обидувај се да го промениш светот, зашто ќе збудалиш, промени го светот во себе и имај си мир, повторно - за себе.
    Секое добро. :)
     
    На sleepingbeauty, QueenElena, Elena69221 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    Тотално си во право.Мислам со темава не сакам никој да навредам поготово не некој од форумов зашто и јас сум на него нели...само многу глупости по светов има.
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Секој има различни стандарди за морал.

    Тој лажен морал е сопствена креација, проекција на многу подлабоки и посериозни проблеми на човековата психа.
    Живеам со себеси и сопствениот морал, туѓиот без разлика дали е лажен или вистинит не продира длабоко во мене. Барем не доволно за да дозволам да ме затупе.

    Реалноста е многу едноставна.
    Сличен со сличен си се весели (освен ако ти е најблизок рода :D )

    Туѓите лажни морали, комплекси и потреби за докажување на нешто остануваат туѓи.

    Зошто да не затупува?
    Колку повеќе се обидува некој да ми докаже дека е тежок мадр факр, повеќе ја гледаме проѕирноста во неговите зборови, постапки, дела.

    Се сложувам со Трендафилка, секој треба да си работи на самиот себе.
    Да си се чуствуваш удобно во своја кожа и да си задоволен со самиот себе.
    На жалост со поголемиот број од овие личности кои така речено продаваат некој морал не е возможно да се дискутира, барем не на ниво.

    Душегрижници, лицемери, фејкери....е само резултат на длабока несигурност и неспособност да се прифатат онакви каки што се.
    Стана тренд да се биде вегетаријанец, љубител на животни, да читаш книга во воз, уникат поразличен од околината... па бргу побргу и ние да сме такви.

    Јас претпочитам делата да говорат за човекот, или тој самиот за себе но на соодветен начин.
    Не мора некој секој ден да тупи со исти животни фрустрации. Исплукај се живо околу себе па после стави си се сам себе си на пиедестал оти ти не си таков |( .
    Или пак напрај го некој лом за нешта што воопшто не треба да те интересираат па аплаудирај си сам на себе оти си ти уствари директна личност со елементи на душегрижништво.

    Мислење за човек формирам од едноставни неповрзани секојдневни случки, обидите за некаков наметнат впечаток во врска со неговиот морал немаат никакво пресудно влијание за да добијам мислење за некого, барем не позитивно.

    Не ми е тешко да признаам дека сум човек со грешки, мани и сопствени гревови.

    Залажување на самата себе е ако критикувам и плукам по некој кој го прави истото кое јас сум го сторила а сега се каам.
    Тоа нема да ги исплакне моите сеќавања, моите постапки... моето каење нема да исчезне. Зошто обиди да се залажувам себе си или некој друг.


    Како да прифатам некој да биде во моја близија кога тој ниту самиот себе не може да се прифати?
    Нема потреба од никакво докажување, доволно е само да си се прифатиме самите себе.

    Тој лажен морал не може цел живот да се продава.
    Кога тогаш ќе биде откриен па ќе остане само сопствената фрустрација и друшвото од некој друг фејкер па заедно ќе си се лажат.
     
    На do-re-mi, Bozica1980, Aleksandar1212 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Баш така даничап!

    Не се замарам едноставно, нит ме интересира дали некој бил посебен, уникатен, моралист или пацифист. Јас сум јас, терам свој живот, по свои норми и правила, и не се замарам со другите околу мене, за да кажам дека „овој (не)морал ме затупува“.

    Па што ако кажала дека е против носењето крзно, а јаде месо? Што мене ќе ми смени ако кажам дека лаже или дека е лажна моралистка? Само џабе изгубено време со невредни луѓе.

    И не е проблемот во демократијата и преголемото дозволување, баш напротив - мене ми е супер што на луѓето конечно им се даде можност да се покажат во „право“ светло какви се ;) Кој е јак на зборови можеби ќе се продава малце подолго време, ама не и за секогаш, така да нема потреба од нивно разоткривање или докажување дека лажат. На крајот самите ќе си го направат тоа.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Не е ова отсега,секогаш имало и ке има лажен морал и што е тука чудно,а баш ме заболе за таквите зашто не ги рецкам ни 2 посто.фала и пријатно
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Во врска со тој дел - ма не се замарам, мене ништо не ме погодува, не ме тангира, си терам свој живот, по МОИ правила... ок е, во теорија звучи така добро и примамливо.
    Во пракса најголем дел паѓаме на тестот.
    И јас сакам да живеам и функционирам така, ама некако не успева, воопшто.
    Жив човек, илјада ишјуз, нешто ќе те погоди, ќе изреагираш, макар во себе...

    Така што не верувам во тоа - јас не се замарам.
    Сo самото тоа што пишуваш, коментираш, изјавуваш став / мислење, од старт не си инертен/тна.

    Се согласувам инаку дека демократијата е најдобар облик на изразување на моралот или неморалот кај луѓето.

    За крај, поголем дел од моралното или аморалното е - субјективно.
    Чест на исклучоци, утврдени со закон.
    Оние останатите човечки норми, одамна се испревртени.
     
    На QueenElena и tessie им се допаѓа ова.
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ама чекај сега малце :) Ова е форум, и темите се поставени за да коментираме на истите. Јас не коментирам за фуфицата која решила преку кревет да напредува, и да ја плукам заради тоа, нели? Ниту за вегетаријанката која јади месо, така?
    Јас кажав мој став по прашањето поставено на темата, и тоа е тоа. Дали веруваш во мојот исказ или не, е твој избор, јас мојата инертност ја кажав :)
    А ќе изреагирам (и реагирам) кога некој „лажен морал“ ми гиба во интимност и во мојата фамилија. Толку. Се друго е на игнор, верувал некој или не.
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Овој лажен морал е всушност вистинското лице на одредени луѓе кои во тој момент не носат никаква маска на своето лице. За жал ги има многу,а како оди времево се повеќе и повеќе се. Не останува ништо друго освен, ние кои сме свесни за тој лош лажен морал - да не подпаднеме под него. И истото да им го посочуваме на најблиските. Да се трудиме на некој начин да допринесеме тој да не се шири.

    Искрено не ми е јасно за оние светски ѕвезди кои купуваат цуцла со дијаманти за своето бебе, неместо тие пари да ги вложат некаде како донација.А после недела дена ја гледаш истата таа ѕвезда како збори за борбата против сиромаштијата - глупости живи.
    И сите примери што ги наведовте до сега....затоа е најубаво на таквите луѓе одма да им речете: СТОП,нели до вчера вака збореше :?:
    Па потоа они нека си ја чукнат главата,ако имаат барем малку памет.
    Но каков е нашиот денешен народ,па ако им напомнеш такво нешто одма ќе се скараш....никако не си.Уште полошо,пример две другарки ќе се скараат за на таа теме, и навредената уште ќе те збори дека ти си безобразна. :x
     
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.190
    Допаѓања:
    29.801
    Пол:
    Женски
    Треба да се запрашаме дали денес воопшто постои ВИСТИНСКИ морал и колку од луѓето знаат што е тоа морал?
    Како што оди времево, и зборот МОРАЛ ќе изгние. И не само во станство, ситуацијата кај нас е уште пострашна. Наведените примери се само ронка од она што се случува кај нас.
    Дали врвот на државава знае за МОРАЛ?
    Најлошо е тоа што најблискиот човек кој стои до тебе ти мисли најлошо.
    И не, не можам да не мислам на ова и да се правам дека не ме интересира....
    Од лошо - полошо.
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Kаква врска има дал некој сака сираци, дал некој сака животни,дал некој гледал турски серии? :^) .
    Или појак тренд е денес ништо да не те тангира, демек хартлес мадрфакр? :)


    Лажен моралист за мене е некој што е само на зборови :) А тоа највеќе ме нервира


    Ајјј ама е слатко кутрево- а шутира џуќели по улици една корка леб не му фрлила!
    Не бе, како турски серии- А се затвара у соба да ја гледа Хурем.
    Греота детево, болно е- Стиска лајк на фејс, 118 денари не може да донира,едно кафе да си скрати :D
    За секс ќути, не збори, ќе ја прашаш нешто, па со очи ќе те утепа,демек јас не, јас никако, а на страна се растура!

    За мене лично-
    Да јас донирам, и за животни и за луѓе, давам на просјаци, и се тоа колку сум во можност.
    Не го правам тоа поради никаков тренд,леле луѓето што ќе кажат, туку баш лично за мене, да се осеќам подобро :)
    А јас сум далеку од морален човек, баш како и сите!
    Ако некој е безгрешен, тогаш прв нека го фрли каменот, а ако не, нека не гледа по другите дворови!

    Очигледно за секој човек, цел свет не чини, А посмешното е што самиот себе се смета за добар, умен, полн со морали, и морални вредности
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. swatkoto

    swatkoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    11
    Лажен морал, не баш сваќам што е финтата но морам да кажам мене ме наведува на сите нас бе мили луѓе, па немаме пари да си купиме чизми и капут, а ке си купиме нов убав мобилен, немаме доволно за да купиме квалитетна и потребна храна а одиме по кафиња, дискотеки, ресторани... односно правиме лице дека имаме дека сме некој и нешто а ни самите не знаеме што сме. Зарем е толку важно да излезеш убаво облечен да те видат другите а да немаш 100 денари во џеб?

    Зошто не сме искрени, не си помагаме меѓу себе, зошто сите се ситат на несреќата, а не на среќата (побрзо ќе слушнал лоши работи отколку добри) :| До каде и до кога вака бре луѓе .......
     
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    А ова е сосема погрешно и себично.
    На болно детенце или било какво живо суштество се помага за другата страна да се чувствува подобро. Тоа е основната цел на помаѓањето и донирањето.
    Останатите две што ги кажа, тренд или лична сатисфакција, ми е еднакво погрешни.

    И дали некој ќе избере мобилен наместо нов капут не ми е никаков показател за лажен морал. Едноставно негов избор, кој никако неможе да те засегне. Ниту ми е некаково правење лице пред другите. Во тој момент сум одлучила дека мобилниот ќе ме направи позадоволна од капутот. Ништо спорно.
    Проблемот е кога на гладно дете на улица кое ќе ти побара 10 денари, ќе му речеш - немам. А во рака држиш телефон од 500 евра. Овде е проблемот, а не дали тие 500 евра си ги потршил за мобилен или градероба.

    Не ми е толку проблем лажниот морал, туку оној вистинскиот кој е во изумирање. Нека постои и лажен, ама барем кај 70% од луѓето да го има вистинскиот, светот би бил едно убаво местенце :)
     
  14. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Сите сме луѓе ретко кој е човек.
    Е тие ретките што се вистински човек можеме да ги наречеме морални луѓе.Јас би го избрала тој пат на живеење.Да бидам морален човек.Едноставно секогаш кога имам во себе давам.По 10-20 денари давам.Што ке купам со тие?Сигурно нешто што во никој случај не ми е неопходно во моментот.И ке ги дадам.Некој ке купи леб можеби.Некој ке го додаде во својата штедна тегла.Некој ке ги израдува дечињата дома.На некого му значи.Но сепак тоа што некогаш ги терам родителите да донираат и сл. не ме прави морален човек.Сепак и јас знам да направам неморални работи.Секој знаае,реално.Барем во Македонија.Секој знае да излаже,а тоа не е морално.И уште милион такви ситници(можеби и не) не се морални а се всушност наше секојдневие. :)
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Според мене, не е лажен морал да зборуваш за она што не го правиш.

    Туку, зборовите пред другите да се разликуваат од твоите чувства и гледишта за таа состојба.

    Во првово мислење од темата, малку погрешно се пристапило кон ова.

    Пример, јас велам дека некоја одредена социјална група не ми пречи и не мора да поттикнувам паради за да го поддржам тоа. Доволно е моите зборови да соодветствуваат на моите чувства за да не бидам лицемер.

    Или на пример за неверството. Не е лицемерие ако речам не ги осудувам луѓето, затоа што не ги осудувам, туку не оправдувам некои нивни постапки. Лицемерно би било да велам дека не оправдувам неверство, а да имам намера да го направам тоа самата.
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Научени сме да ги цениме луѓето по матријалното, притоа заборавајќи на духовното.
    Бидете она што навистина сте и нема да има лажен морал.
    Не само што не затупи , туку не заслепи.
    Гледаме скапи коли, телефони, облека а забораваме да sирнеме во човечката душа.
     
  17. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Дали погрешниот пат до правилен исход е навистина погрешен?

    Цел свет врие од лажен морал. Да. Пара очи и уши но се додека тој некој прави нешто добро со тој лажен морал, не ми пречи. Нека донира пари од тренд. Нека посвојува деца од тренд. Нека дава облека во црвен крст од трент. Каков, таков...лажен не лажен - помага.

    Лично мене ми пречи она проповедање морал од некој кој ни сам не го прави.

    Во врска со тоа што се купуваат скапи телефони и коли: па ако некој има - нека купува. Ако некој не сака да даде на тој што нема тоа не е лажен морал, тоа е неморал (два сосема различни поими кои не требаат да се поистоветуваат). Лажен морал е кога вика дека сака да помага и само го збори тоа а дома си оди и само си ги брои парите.
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.722
    Пол:
    Женски
    Да бидеш морален и да бидеш добар не е иста работа.Моралистот не мора да биде добар човек,ама добриот човек мора и секогаш е морален.
    Лажниот морал е насекаде околу нас.Тоа се оние луѓе кои едно зборуваат а друго прават.Иако се лицемерни сепак поминуваат кај мене,(толку умеат сиротите),повеќе отколку оние кои со него се гордеат.
     
  19. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Хуманоста и моралот се надополнуваат само.
    Велат Богат е оној што дава.
    За жал ретко богат човек може да биде морален.И немојте одма со препукнувања не мислам за сите.
    И сиромашен да биде неморален, и обратно .
    Се зависи од карактерот на личноста.Само неморалот се шири како епидемија, а ние сме немоќни да сториме нешто.Единственото нешто е да се обидеме да бидеме добри, и покрај тоа што денес добрината се споредува со лудост.
     
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас темава ја сфаќам на два начина:

    - Некои работи кои порано биле неморални, сега се направени да се морални.
    Ако порано беше срам дете од 15 год. да пуши цигари и да има секс, и тоа беше неморално, сега е скроз најнормално.

    И кога луѓето прават неморални работи, се бранат: Па сега е 21 век, модерно време... А, уствари тоа е оправдание за да си го живее својот неморал.


    - Кога луѓето ставаат маски, живеат неморално, а се прават морални. Кога ку*ва се прави светица. Кога лажливец се прави искрен. Кога крадец се прави поштен и чесен.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.