Мене ми се допаѓаат. Зашто ако се викаат летни чизми не мора да се сфати буквално дека некој ќе ги носи нон-стоп секојдневно и кога надвор ќе биде 45степени. На лето има и свежи денови/вечери и тогаш чизмиве во комбинација со летно фустанче и потенка наметка,да не речам јакна - за мене одлично.
Мене овие со дупките ми изгледат како оние саксии за цвеќиња што се,само во формата на ногата. Не би носела,крајно грозно ми изгледа.Чизми се знае дека се за во зима а во лето не гледам причина зошто би се носеле.Се согласувам со Хипстер,и мене некако курвински ми изгледат со кратки панталони,а и многу кичесто.Ако баш толку сакате да носете нешто повисоко со кратки панталони или фустанче носите од оние повисоки балетанки,што имаат нададено нагоре.Јас имам такви и особено убаво стојат со куси панталонки. За летни чизми едно големо НЕ.
Баш деновиве видов едно девојче, такви носеше... Зјапав и зјапав и зјапав... (среќа немав некоја несреќа бидејќи одев по тротоар истовремено), и зјапааав... не бе, колку и да се фалеше таа со тие чизми, НЕ! Не ми се допаѓаат...
да би носела и носам овие си ги купув пред некој ден прелесни се на нога многу убаво седат можат да се направат милион комбинации и воопшто не е жешко...
Мене лично не ми се допаѓаат и не би ги носела,едноставно не ми се женствени и практични за комбинирање на плус 35 кога според мене е дупло поженствено ептен секси штикла и мини фустанче,кои и м гиби нагласиле моите нозе,место да ме визуелизираат како мачорот во чизми
А да, заборавив да си го кажам мислењево на темава. Овие миленцава воопшто не ми се допаѓаат. Знам дека не држат топло, знам дека многу девојки веќе си купија и добро ќе ги искомбинираат, но мене не ми се убави. Особено лошо изгледаат ако пикнеш фармерки во нив, со некое фустанче или суќна можеби подобро ќе поминат. Од друга страна, има некои комбинации со зимски чизми што ми се допаѓаат. Знам дека се непрактични и дека се што носат блогерките не секогаш е најдобриот избор за во реалноста, но мене ми се допаѓаат (иако немам носено). Затворени чизми со штикла и отворен прст од типот на се океј, но и тие се малку непрактични. Треба да ги носиш без хулахопки (така?), а скоро цело стопало ти е затворено (иако има убави моделчиња).
Многу ми се типски овие чизми. Убави се за комбинирање кога е посвежо на лето. И баш шик се дека се плетени, во тоа е штосот. Отсекогаш сакав да ставам и чизма на лето, на гола нога, а еве сега имам совршени летни чизмички за таа намена.
Добро овде кај нас има некој друг модел освен овие погоре со дупки? Досадни станаа веќе, сите исти имаат само различна боја. Одпрвинта ми беа интересни ама сега откако сите си изнакупија досадни станаа.
Се изјаснив еднаш, но повторно сакам да кажам. Значи главна функција на чизмите е заштита од дожд и снег и од студ се разбира, па поради тоа ЕДНО ВРЕМЕ МНОГУ ОДАМНА се носеа само во зима. Но, креаторите, нивната бујна фантазија и импровизацијата ги доведе до тој степен да мешаат годишни времиња, стилови и се со ред. Не дека не се убави, но се знае што се носи на лето мислам секое време си има свои карактеристики и барања. Што ќе биде следно, зимски сандали? Нема смисла сепак, дека се лични, лични се ама не ми иде математиката некако..
Абе и мене не ми иде математика како што викаш ти,искрено и мене не ми се допаѓаат и не би сакала да ги носам.А дека биле чизмите само за во зима тоа не значи дека не можат да најдат и друга примена,епа летните чизми не се со волна од внатре , а што да речеме за стартките? Па и штикли има што личат на стартки,па не се за физичко и други активности. А за лични лични се многу убаво изгледаат.Јас ипак не би,не се мој стил..
Симпатични се, но се знам баш дали би ги носела .. Минатата недела видов една што ги имаше облечено на сатенски (ако така се вика материјалот) панталони
Летни чизми - глупости во боја ! Ма јок бре .. не ми се нешто посебно па за нив да давам 1500 ден. За на изглед се супер..ехее коа ќе видеш некоја типка со летни чизми ... нозите и се сигурно ко да и се во фурна..алии битно се следи модата . Не ми се исплаќа да лупнам 1500 денари ..за нозите да ми вријат ..поарно ќе си купам три пара чорапи за 100 денари и цепи мајсторе xD
Мене ми се па ептен симпатични.Ги имам ама ретко ги облакам. Зборам за оние рупичастите. И сеа со терминов ЛЕТНИ чизми,све се уништува.Мене ми се ова пролетни...или евентуално да се носат у лето кога не е над 30степени . Кога се носат балетанки,вака овој период ми се океј.Во лето не би ги облекла нормално,ама у лето ни балетанки не носам вака кога ќе размислам . Иначе баш ми се типски во одредени комбинации,можат вери стајлиш да изгледаат.
Па добро бе ако се викаат летни чизми не значи дека мора да се носат преку ден во лето кога е 40 степени. Се носат во летните вечери или еве сега во пролет нормално кога не врне.Мене многу ми се допаѓаат и многу убаво се комбинираат. Јас имам едни темно виолетови до глужд и често си ги носам.Инаку овде им ги качиле цените 1500 па и 1750 видов на едно место а јас моите од турција за 8 евра ги купив