Здраво на сите, нова сум на форумов и малку изгубена. Би сакала нешто да ве прашам, да ми помогнете. Навистина многу би ми значеле повеќе мислења. Вака јас сум ученичка во средно. Многу чуден карактер сум а и сум некако приврзана за домот. Не дека не излегувам или не се дружам него некако чудно.. Многу сум и несигурна, можам да кажам дека добивам и анксиозни напади(понекогаш употребувам и апчиња да ме смират). Незнам на што се должи толкава несигурност но сепак сакав да прашам за нешто друго. Вака- моите со цел да ме изненадат ова лето и плус нешто како скриена намера да се привикнувам сама да се снаоѓам ми уплатил нешто како шетање по европа ама не е баш така него 12 дена се престојува во 1 држава но се шета низ сите градови. Проблемот со мене,мојот карактер го наведов на почетокот. Ситуацијата ја влошува и тоа што воопшто никој нема да знам , а инаку идат деца на моја возраст Многу ќе ми недостасуваат моите и никој нема да знам. а најлошо ќе биде ако биде како сместување во семејство.. Се охрабрувам со тоа дека ваква прилика којзнае кога другпат а и не ми доаѓа на памет да им кажам на моите дека нема да одам! Ве молам за ваши мислења, ве сакам<33
Супер направиле твоите, така ке се навикнеш да бидеш одвоена од нив, ке запознаеш другари и ке прошеташ нема потреба толку да се мислиш оди и уживај.