Цените ќе се како секој маркет од таков тип. Во градот е и тоа на 500м од Рамстор, Спар, Кам и Кипер и има поголем паркинг од сите овие заедно. Спар се плаќ паркинг, Кам нема, Рамстор и Кипер е на влез од зграда каде се паркираат станари. Ние имаме и Стокомак на 3-4км надвор од градот па цените се исти. Лидл може да има повисоки цени само во Охрид. Како што имаат Кам и други.
Па имаат секогаш свежа роба. Јас земам само одредени производи. Секогаш само за тие одам и не е секогаш за цената. На повеќето е иста со другите како Кипер, Стокомак.
Пиши какви услови нудат. Дали се над Кам и Стокомак Работно време, слободни денови во неделата, плата, годишен одмор.
Платите зависат од град до град, пример за Струга се 45000 без недели и празници ама ете погоре во Гевгелија е 35000. 2 слободни дена неделно (ретко споени), 3 смени (1 2 и меѓу)..8 саати на ден. Годишниот рекоа дека требало секо јда каже на почеток од годината за датум. Договор на 1 година, првите 4 месеци пробен период (се платено нормално)... Тие што работаа ќе бидат контактирани кога ќе дојде време за да се одјават од моменталната позиција и да бидат пријавени во лидл.
Само во Струга и Охрид ќе работи недела и државен празник? Таму само во сезона и празник ќе имаат работа, а во останатиот дел од годината слабо. Ако цела година е таа плата е ок. Пример Струмица и Тетово во лето се многу јаки градови каде има голема продажба во маркети. Па и Кичево. Странци има многу кои купуваат големи количини. Битола не знам како е со продажба освен Веро. Гевгелија не е атрактивна за нови купувачи, Грците имаат Лидл. Само ќе привлече веќе постоечки од други маркети. Затоа како што разбрав од шпекулации демек над 50.000 за Куманово, па ме интересираше дали навистина е толку во другите поголеми градови. Смените им се од 5 сабајле?
Има работа и преку година ама далеку послабо одколлку во лето. Дали преку цела година ќе биде таа плата..некако ми фаќа око. Ќе прават како и сите други маркети, по потреба и платата т.е висината. Или тоа или ќе кратат на луѓе вработени или пак ќе ги држат истите со намалени саати. Ќе се мамат луѓе да пазарат во лидл бидејќи е ново за нив, ама така ќе биде на поќеток првите неколку месеци после....друг муабет. Па како кажав највероватно платата зависи од град до град (имаме плата за Струга, Гевгелија и Куманово) Во 5 сабајле се одело поради пекарата и ако се точни коментарите од Србија, да се намести роба и овошје пред отворање.
Во Битола, еден од КАМ маркетите, кога беа само 2 во градот, правеше најголем промет во цела држава. Инаку многу од битолчани си пазарат во ЛИДЛ во Лерин, барем еднаш неделно. Сигурен сум дека нема да се откажат од таа навика, бидејќи производите нема да се исти.
Дали е лидл или вселенски центар за окупирање на Јупитер, ко да се бира посада со надчовечки способности. Смејурија, обична ефтина продавница за која се дигна фама