10/10 Ова инаку е изгубен филм во пожар уште во 60те се случило тоа. Филмот е од 20те. Детектвиски хорор. Постои ревитализација на филмот составена од фрејмови само. Единствениот филм кој го имам гледано на тој начин. Лон Чејни беше мастер оф хорор, во колку лика ли се има претворено, нашминкано колку ли маски има ставано? Не за џабе го викале човекот со 1000 лица. Филмот, т.е она што остана од него е на јутјуб.
Го обожавам овој филм, како и другите филмови создадени во тоа време. Исто така сметам дека Лон Чејни брилијантно ги изигра своите улоги овде, особено улогата на Хипнотистот. Морам да признаам дека беше вистински талент и во глумата и во начинот на шминката. Поради тоа ми остави голем впечаток како Квазомодо и како Ерик (Фантомот од Операта).
Гледани... преубави филмови. Вчера го изгледав Дракула со Бела Лугоси, оригиналот од 1931, ај лајкд ит.
И јас го обожавам тој филм, иако многу ми се допадна и Nosferatu (1922) со Max Schreck во улогата на вапмирот Гроф Орлок ...
Потполно се согласувам со тебе! Отсекогаш сум преферирала да гледам винтиџ филмови отколку модерни ...
Се вели дека се додека не дошол моментот кога Кристин требала да ја извади маската, Лон и го покажал лицето на Мери, се со цел нејзината реакција да биде вистинска ...
Хаха да, потполно се согласувам! За разлика од денес, модата во винтиџ периодот била симбол и за префинетост, елеганција и женственост
Иако во нејзините филмови ја играше улогата на типична глупава русокоса, Монро воопшто не била глупава. Напротив многу сакала да чита книги. Улогата на Holly Golightly во филмот Breakfast at Tiffany's оригинално била наменета за Монро, но потоа сметале дека би било подобро Audrey Hepburn да ја игра таа улога. Веројатно поради мислењето дека би и донело лоша репутација на Монро да игра улога на ,,елитна проститутка ,, Инаку навистина не би можела да го замислам филмот без Audrey Hepburn, но сигурна сум дека би бил поинаков и посебен доколку Монро сепак би ја добила улогата
Доста неправди преживеала Монро, сигурно и дошло преку глава да се осеќа искористено и несфатено. Пишувала и убава поезија, читни ја.