Ме интересира дали користите лосиони за чистење на лицето... ако користите од кои сте задоволни и ви помогнале и дали има лосиони што ја влошиле состојбата на вашето лице?
Да, јас користам лосион за чистење на лицето и прекрасен е..Го користам лосионот на ''Doctor's'', многу ми помага..Инаку само него сум го пробала и сум задоволна па немам причини да пробам друг и незнам дали другите имаат несакани реакции..
Велешанка е во право Јанг дерм е убав, јас го користам 150 мл. во бела паковка...ептен е убав...побарај си во аптеките.
Го користам лосионот на Леа со клиндамицин веќе подолго време и многу сум задоволна ептен ми е погоден
Го користам дермогал секојдневно и задоволна сум но некако како да ми се засити кожата од него па изгледа треба да го сменам.Се мислам за докторс лосионот ако некој има користено дали е добар задоволни сте или не од тој лосион?
Јас порано кога имав поголем проблем со лицето го користев лосионот на ФИТОФАРМ од леа колекцијата..тој ми беше најефикасен исто и од хлораколот бев задоволна ..а од хлорамфениколот на фитофарм некако не ми се свиѓаше ..незнам дали има разлика меѓу хлоракол и хлорамфеникол но од оној на фитофарм ми се направија мали ситни брунчиња.
ја го користев лосионот од лореал розево пакување за сува кожа ама некако не ми одговараше после ставањето лицето многу ми се стегаше па го сменив и почнав да го користам млекото исто розево за сува кожа и лореал и кожата ми е супер
Може ли да ми кажете за каква кожа е лосионот на Јнаг Дерм ,дали ја суши кожата и за која воздраст е наменет?
Лосионот е за проблематична, мрсна кожа, подложна на создавање мозолчиња и акни. Инаку цела линија на производи од Young Derm е наменета за млади (самото име кажува дека е за млади ). Го користев одамна, и не е толку јак за да ја исуши кожата. Сепак тоа зависи и од кожата, но ако забележиш дека кожата е посува или се лупи, или ставај само на мозолчињата (акните) или ако ставаш 3 пати во денот ставај 2 пати или еднаш. За оние кои имаат поголем проблем со мрсна кожа и акни, би го препорачала лосионот од фитофарм LEA, бидејќи е појак од Young Derm, Хлоракол и сл. ... И обавезно кремче (ова важи за сите лосиони, посебно за Леа).
Го користам од Гарниер зелениот веќе неколку години и немам никаква замерка.Ептен ми е погоден за мојата кожа,убаво мириса и секоја вечер пред спиење обавезно го чистам лицето со него.А што се однесува до акните исто така ја препорачувам кремата од Гарниер во светло плава тубичка,смрт е за ваквиот проблем