Здраво ако има дупла тема преместете ме, имам прашање следно: детево ми е година и пол падна се пресече на челото. Посетив доктор ми вели не мачкај ништо за лузна една недела да заздрави раната, но веќе е затворено местото има како гребатинка поминаа 3 дена се плашам да не му остани лузна, совети, мислења и искуства дали да почнам порано со мачкање?
Па ако се длабоки и се шие местото, има шанси да остане лузна. Ако има поголема повреда, исто така. За обични гребаници и исеченици кај што не се шие, мислам дека не останува ништо.
И моево на година ипол го расцепи крајот на окото и остана лузна. Мислев така ќе помине и не мачкав ништо. Постои нешто што може да помогне сега или касно е? Поминати се некои 6-7 месеци.
Контратубекс маст првите три месеци. Цицатрикс крема може да се користи и по години подоцна. И двете ги има во поголемите аптеки... Советувајте се со лекар дали може да се користат на деца, не знам.
Цицатриксот не помага еве две години го користим за малата сеуште има лузна... А за контратубексот не знам... ако некој го користел нека каже искуство
Двете ги имам користено, лично од двете сум задоволен. Ваљда индивидуално е. Контратубексот нема корист ако се нанесува на стара рана. Инаку мислам дека не постои ништо што може да предизвика целосно да исчезне лузна. Туку ваљда само помага да се намали и визуелно да не биде премногу воочлива.
Јас користев контратубекс за лузна од операција. Лузната се намали и воопшто не изгледа лошо, но сепак си е таму. Така да препорачувам освен ако не е за мали деца, тоа нека си праша членката во аптека.
За лузни исто може да се користи биоил, али пошто се работи за мало дете да се праша од која возраст може да се користи.
Пробај со кремите и комбинации заедно од нив, но,.. да знаеш кај око не се отклонува со ништо бидејки при повреда се активираат амино киселини од “turitopsis“ што секој ги има поготово/особено кај очите, и тие гени се трајни. И да се порамни со другото околно ткиво/кожа при најмало напрегање ке дојдат до израз. (и воопшто не е лошо, внатрешни гени се - едни од најтрајни после коска).
Син ми се изгоре во стомачето има 1 година и 6 месеци меѓутоа има лузна што да мачкам да му се затвори лузната ?
Spoiler: Крема Да не испадне дека рекламирам за лузни добра крема што може да ја користат и деца над годинка е Микрон најдете на фб Mikron Krema Mkd супер е и за стрии многу добра крема од искуство имав лузна од херпес зостер со кремава многу побрзо ми зарасна и немам ништо, исто и децава ги мачкам кога ќе се удрат, паднат мачкам и за ден два ништо нема и модрицата се намалува побрзо.На природна база е ги пишува состојките за сува кожа топ е.
Мојот имаше затната жлезда на капакот на окото и од ко пукна сама си остана лузна по должина на клепките. Мислев ќе се повлечи, прилично мал беше тогаш, ама еве 6 и пол години е и си остана. Не мачкав ништо тогаш, освен маст од офталмолог, ми беше страв поради осетливоста на местото. Сега и да мачкам не верувам дека ќе помогне нешто, така е зарастена кожата на местото од жлездата.
Стратадерм гел од Грција. Мојот дупна глава и е шиен во болница на 20 месеци. Сега многу малку се познава лузната.
Има едни лепенки за така отворени расцепени рани, ама тие треба одма да ги ставиш и затегнеш лево десно за да стои скроз затворена раната и даима минимална линиичка. Мојава пред 10тина месеци ја дупна главата од маса и некој 1цм дали беше широко, ама длабоко и и ставија 2 конци, среќа бебешка коса има сеа над тоа, баш пред некој ден ја загледав има бел белег цртка. Но мислам како растат дека ќе се шири и ќе избледе. Синчево на лев препон на 18м е опериран и тој рез воопшто веќе не се познава како никогаш да не било таму сечено местото (7г е сега), ништо не мачкавме. Сега има тазе нов рез од пред 2м на десна страна и тој е црвена линија накај бордо, но би требало и тој да избледе со тек на време.
Мислам дека не би можело таму,на устата е,каснат од куче и устата беше скроз отворена.Незнам точно да објаснам,баш кај што се исцртани усните.Додуша има он повеќе можеби 4-5 само нека е жив и здрав,другото небитно.