Не му веруваше дека е невин, и брзо брзо се омажила за Хакан ама се гледа дека пати по Назим. Тек сега ќе се кае за сѐ..
Нехир не го сакаше Назим, нејзе само и требаше грижа и добрина од некого. Таа се заљуби во Тарик, ама кога виде каков е, го отсака и него. Можеби ќе го засака сега Назим, откако ги нема лузните и е богат. Серијава се вика Брана, а ја напуштија веќе браната. Каква сапуница, мајстор oд затвор станува голем газда да може сите да ги купи сосе партали. Реално беше на почетокот, кога беа сите на браната. Ми се допаѓаше како го претставија тој работнички живот и околната природа, и интригите беа појаки со ликовите собрани на едно место.
Се заљуби во Тарик зошто мислеше дека е Назим, сепак нели долго комуницираа и и одговараше по карактер, затоа и дојде по него, така да нормално е што се "заљуби" во Тарик мислејќи дека е Назим, така и одговараше и по лик и по карактер. Но, откако дозна сѐ, се виде дека го засака Назим, не и пречеше лузната. Неа ја предомисли недовербата во него и тоа што му пресудија 25 год. Она млада сигурно немаше да го чека толку години и ете си се омажила за Хакан. Погледот откако го виде Назим излезен од затвор и те како кажува дека и значел.
И мене ме разочара со изборот, тој и се најде, со тој се зема...нели он трчаше по неа и ај прифатила иако и јас не бев согласна со него што се земала. Се гледа дека она си е по парите(бар скриено во себе) па претпоставувам и заради тоа се омажила со него. Среќа со Назим тоа не и беше битно, знаеше дека нема пари и пак го засака ама па немаше доверба во него. Од друга страна пак, штом претходно работеше таква работа, јасно ми е дека и пари ја интересираат.
Она млада, одма се омажи за старче полно пари Ако е затворот изговор, тогаш сите жени на затвореници треба да се разведат ако не. Таа го остави во најтешкото, кога невин го затворија. Нехир е опортунистка. Така е воспитана од Зерин. На Тарик во фаца му се чита дека е преварант, кој и да го видеше го нарекуваше мангуп, ама нејзе тоа не и пречеше да се вљуби. Не верувам дека искрено би сакала некој како мајстор Назим. Кога му ги виде лузните се згрози и направи тој да се почувствува непријатно. А и што може да се очекува од измамничка, Назим е наивен, поради неа си отвори милион проблеми.
Знам, и затоа во ниеден момент не ја правдам, ете и погоре во постот пишав што мислам за неа. Изгледа погрешно ме разбра, јас не ја правдам неа, немам воопшто став како неа, туку и го видов паметот, го засака Назим ама очигледно не доволно зошто немаше доверба во него, кога нај веќе му требаше го остави. Знаеш како, јас ја гледам Нехир со две лица..знае да сака ама не може и без пари, а тука е и лошата страна, да измамува луѓе така да... Назим ја сакаше и заради таа љубов си направи проблеми..слепо и веруваше дека го сака, ама ете, она го издаде..очигледно не е таква каква што ја мислел дека е.
Нехир не губела време. Откако го осудија Назим, веднаш се омажила, не чекала, а тоа се гледа по тоа колкаво дете има. Што сака сега? Тој решил да ги со смени животот, а и плус има убава адвокатка покрај себе, нешто што Нехир никогаш нема да биде, затоа што таа е измамничка.
Можеби Хакан ја уценил Нехир дека ако не се омажи за него, ќе му наштети на Назим во затворот. Назим се поврза со Мерием и семејството на Халил? Или откако го пуштија Назим од затвор, овие сами се организираа да го најдат вистинскиот убиец? Мислам дека Нехир е сестра на првата жена на Хакан. По значењето на имињата, Нехир и Јагмур.
Нехир со кое право му го зборува тоа на назим. Па таа е виновна што се зела со друг а не назим што прави сега така.