Манифестирање

Discussion in '„Другата“ наука' started by Аничкаa, Oct 1, 2026 at 12:27 AM.

  1. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Joined:
    Aug 29, 2020
    Messages:
    762
    Likes Received:
    790
    Gender:
    Female
    Манифестирање и визуелизација – дали навистина функционира?
    Здраво девојки :)
    Сакам да отворам една малку поинаква тема – манифестирање, визуелизација и моќта на мислите. Не мислам само на она „замисли нешто и ќе ти се појави“, туку на целата идеја зад тоа.

    За оние што можеби не се запознаени со темата: манифестирањето наједноставно може да се опише како свесно насочување на мислите, вниманието и верувањата кон нешто што сакаме да го постигнеме или доживееме. А визуелизацијата е замислување на таа ситуација однапред – не само како слика, туку како нешто што го чувствуваме, слушаме и доживуваме во мислите.

    На пример, ако некој сака нова работа, наместо постојано да мисли „нема шанси да најдам“, може да се замислува себеси како веќе работи таму: како изгледа работното место, како се чувствува кога оди на работа, како ја добива платата, како им кажува на блиските дека успеал/а. Идејата е преку повторување на таа слика да се создаде чувство на сигурност, мотивација и верба дека целта е достижна.

    Некои луѓе манифестирањето го поврзуваат со законот на привлечност, односно со идејата дека она на кое постојано му посветуваме внимание и енергија на некој начин го привлекуваме во животот. Други, пак, го гледаат многу попрактично – како начин да го тренираме умот да се фокусира на можностите, наместо само на пречките.

    И тука ми станува интересно прашањето: каде завршува психологијата, а каде почнува духовниот дел?

    Затоа што реално, кога постојано нешто замислуваме, можно е да почнеме поинаку да се однесуваме. Да забележуваме можности кои претходно сме ги игнорирале, да имаме повеќе храброст да преземеме нешто, да не се откажуваме толку лесно итн. Но има луѓе кои веруваат дека има нешто повеќе од тоа – дека мислите и намерите можат да влијаат и на самите околности.

    Мене лично ми се интересни конкретните искуства, а не само теоријата.

    Дали некогаш сте сакале нешто многу конкретно, сте го замислувале/визуелизирале долго време и потоа навистина ви се случило?

    Или можеби сте имале ситуација каде што сте помислиле на некого, а истиот ден ви се јавил? Сте посакале нешто, сте го пуштиле, и после некое време ви се појавило на сосема неочекуван начин?

    Исто така, дали користите некоја техника – на пример:

    • визуелизација пред спиење
    • афирмации
    • пишување желби во тетратка
    • scripting – пишување како веќе да се случило
    • vision board
    • „acting as if“
    • медитација
    • gratitude journal
    • repetition на одредена реченица/намерa
    И најважно – дали имате пример за нешто што сте го манифестирале и за кое и денес си велите „ова беше премногу конкретно за да биде случајност“?

    Не мора ни да верувате во манифестирање за да пишете. Може некој да смета дека сето тоа е психологија, некој дека е духовна работа, а некој едноставно да мисли дека е плацебо/самомотивација.

    Баш затоа сакам да слушнам различни мислења.

    Што мислите вие – дали мислите навистина можат да влијаат врз тоа што ни се случува, или едноставно кога нешто многу го сакаме почнуваме повеќе да ги забележуваме можностите за тоа? Имате ли лично искуство?