Hе ми изгледа дека Тинекс ќе се затвора како што кружеа гласини пред некој месец. Скоро поставија каси за самонаплата, а и снабден е секогаш, се што ми треба наоѓам.
Повеќето Тинекси се полупразни. Вработените уште се жалат. Нешто треба да преземат или да ги преземат.
Не сум од Скопје. Вчера бев во Тинекс и не ми личеше на маркет кој пропаѓа, овошјето и зеленчукот беа свежи, на рафтови имаше тоа што барав и за прв пат ги видов машините за самонаплата. Работат и во недела за разлика од другите маркети, кога и да појдам по леб, таму има. Не знам тоа. Овде и во Кам и во локалните синџири понекогаш фали роба од 2022 наваму, па не ми било чудно кога истото се случувало во Тинекс одвреме-навреме. На интернет читав дека се готови, заглавени во долгови, ама тој муабет е од февруари, лето фати веќе.
Самонаплатни има уште одамна, не се скоро. И во Гејт има. Другиве Тинекси се полупразни, а некни бев во Гејт и некако ко да имаше повеќе роба по рафтовите нз или така ми се чини
Па и касиерките си беа тука, муштериите не одат на самонаплата. Дали ќе ги отпуштат во иднина - тоа и јас прво помислив, ама не можам да знам.
Во Кисела Вода тој кај општината го затворија, а ми мириса дека и супер Тинексот накај цементара ќе го снајде истото. А што е фората со Конто (Тинекс) маркетите?
Конто е на некој начин ребрендирање и последна надеж дека работите ќе им тргнат во нагорна линија. Внатре изгледаат како дисконти, нешто како Кам и Стокомак, но сепак со Тинекс цени. Така да и тоа не знам до кога ќе трае...
Изгледа се трудат да се стабилизираат периодов. Ќе видиме дали успешно, Тинекс веќе 10 години пропаѓа вака во гласини... некогаш може ќе пукне меурот стварно. Јас претпочитам некои други маркети да ги снема.
Сите освен КАМ ми се на "црна листа" пред Тинекс, а има и два локални кои ми се ОК. Другото може под клуч да оди.