Оваа не знам дали сум ја пробала, нова им е? Порано имав користено нивна маскара во жолта амбалажа, ама ич не ми текнува дали беше оваа или некоја друга. Последниве неколку месеци само Lash Sensational во розева амбалажа ја користев, пробај ја ако не си. Има и водоотпорна и обична, двете верзии се топ. Јас минимално се шминкам, ама маскарата ми е најбитниот дел зашто без нејзе се осеќам ко да немам трепки. Сега пред некој месец ја земав Sky High, ме заинтересира пошто сегде беше испофалена и очекував да е wow, ама стварно не е ништо посебно. Барем мене подобра ми е другава, едвај чекам да си ја купам.
Од поновите им е. Многу е убава, пробај ја. Еве мене веќе 2ра ми е од пред новата година. Инаку пробена ми е и таа, убава е, задоволителна е. Пробај на и оваа, малку е со подебела четка ама е предобра.
Јас пола саат дремев кај маскарите на Лореал и на крај си ја купив на Мејбилин Lash Sensational Sky High Повеќе од 10 години немам купено маскара на Мејбилин имав пробано 2,3 и не бев воопшто задоволна. Оваа денес како за прв пат ептен ме изненади. Обично првиот пат секоја маскара ми е многу течна. Оваа е супер. Мислам дека ќе ми стане омилена. Сега читам поназад за којa Lush Sensational ја фалите?
неиронично подобро нешто од оваа маскара не постои, ја имам користено со години не и го ни гледам рокот совршена е
И мене ми е омилена Lash Sensational, eптен хардкор фан сум. Во последниве неколку години Maybelline почнаа да вадат многу нови маскари и скроз ми е мерак да ги пробувам. Моето мислење е дека генерално сите се добри. Ама мислам дека Lash Sensational и Sky High им се меѓу најдобрите. Мене лично, Sky High ми е малку потешка за вадење дури и со маслен чистач, но и побрзо се суши внатре во шишенцето. Ама кога ќе се засуши, станува малку восочна и неверојатно ги издолжува трепките, ко магнет ги тегне нагоре и ми изгледаат како вештачки. Lash Sensational ми е убава дури и на почетокот кога е потечна. Има малку повлечи-потегни со маневрите, ама ефектот ми е прекрасен. И дизајнот на шишенцето ми е многу убав, ме потсетува на времето кога жолтата Colossal беше хит и немаше девојка што не ја користи.
А колку е цената на оваа сега? На времето беше 350 ден, тоа е мноооогуу одамна кога ја земав. А вчера не ја ни погледнав затоа што кога ја користев не ми беше ништо специјално. Наредна прилика ќе ја земам, штом е толку фалена сигурно е подобрена.
Зависи како ќе ја начекаш, 400/500 ден се движи обично во ДМ. Во Шатци и Космо можно е да е за некој денар поскапа.
Вчера ја купив новата Body маскара на Мејбелин ама многу ми е сува некако. Во ДМ ја земав,залепена беше не отворана ама некако за разлика од останатите ми е посува. Дали и кај вас е таква или само јас сум имала среќа да купам таква?
Која е таа, дали веќе ја испроба? Инаку јас спасот го најдов во Vortex маскара, како успеа да ги извлече како вештачки да имам а инаку ми беа надолу кратки ретки никакви.. Секоја препорака, 450 денари ја земав.
Даа, ја пробав, за прв пат во животов трепките ми беа навиткани . Премногу се радував. Инаку претходно ги извиткав со виткач и нанесов од маскарата. Си останаа навиткани . Супер е. Само проблем е кај мене шо обичните виткачи не ми ги фаќаат трепките на надворешниот дел од окото, така да, препорачајте ми некој виткач за помали трепки и очи. Маскарата се вика Judydoll.
Супер, сега јас и ти треба да се позамараме за добар виткач уствари. Јас користам обичен, а има едни виткачи имаат како чешелче на нив, ако некој има пробано таков, нека го постира, и каде го има. На мака сме со Адидас
Овај к** накај Тему гледа. Пишав eyelash curler ми излегоа милиони. Вака по продавници дрогерии не најдов никаде...