Не знам кај нас, тука редовна цена е околу 13 евра, на Нотино моментално околу 9. @doubleinfinity, и Есенс тјубинг е супер за тие пари, само малку помалку волумен дава, како за секојдневен поприроден изглед.
да во право си, многу волумен не дава, ама јас имам и долги и густи трепки па за мене е совршена, и цена и начин на ваѓање и се...од Хајмиш curl ми е најомилена ама Есенс ми е полесна за купување, можам директ во продавница вака Хајмиш морам онлајн да ја порачувам
Мислам дека е 500 денари, нешто плус-минус. Ако не се лажам, таква цена ко да видов во ДМ маркет. И мене ми е на листата за купување.
Ако е 500 ден ќе ја купам колку за кејф да ја пробам..некој поназад имаше слика ставено кога излезе дали беше од странство или од Србија ама нешто ми е останато во глава 1500 ден, е толку ако е, не давам
Ако одам денес накај ДМ, баш ќе проверам. Тогаш кога ја приметив ценава во минување бев набрзина, ама не видов маскара поскапа од 500 и некој денар на Maybelline штандот.
@doubleinfinity 569 денари е маскарата, но веројатно е на некоја промоција во тој каталогот или нешто слично, затоа што на полицата подолу имаше и лепенка со 720 и нешто ситно. Претпоставувам таа би била редовната цена. Ја гледам веќе некое време и стално е 569. А која е tubing маскарата на Есенс, може сликичка?
Фала ти @senza.parole, дефинитивно не ја видов во ДМ. Можеби била потрошена, а да бидам искрена не сум ја ни приметила порано. Што цена има?
Ете сенза ме претекнала и ставила слика...измешана е со другите маскари и ако не ја бараш баш неа, ако не знаеш дека треба да пишува tubing лесно е да ја промашиш..мислам дека е 259 ден, за таа цена е топ
Фала ви и на двете, обавезно ќе ја пробам кога ќе ја начекам. Секогаш викам дека никогаш повеќе нема да купам Есенс маакара затоа што многу ми се пресликуваат, и на крај секогаш завршувам со нова Есенс маскара. Ама тоа е, не е скапа стварно, би дала шанса.
Ја земав пред некоја недела и одлична е. Не забележав дека се пресликува, лесно се вади и трепките баш убаво изгледаат. Од сите Есенс маскари оваа најмногу ми се допаѓа. Ја пробав на Голден Роуз тубинг маскарата ама не ме воодушеви.
Ја земав вчера tubing маскарата на Maybelline, едвај чекам да ја пробам, ја има во дм да 569,а по др.парфимерии е 800, во шатци е толку.