Маскара си е маскара, може и од скапа да ти се направи ако има нешто во неа што ти ги иритира очите. Конкретно оваа 4х4 на Golden Rose барем на пазар (јас ја земам 100 ден) се троши ептен, така да обично се нови маскарите. И јас бев ептен скептична, пред тоа ја имам користено само Max Factor 2000 Calorie, ама резултатот е скоро ист. Секако таа на Max Factor беше подобра ама и оваа мене лично ми е одлична.
Обично ги користам маскарите од авон,некако најубави ми се сите,многу ретко се случува да купам од парфимерија
Две маскари потрошив од авон Super Shock а пред некој ден пробав од Lоreal убави ми ги направи трепките ама четката од Super shock e подебела и повеке ми одговата.На размислување сум каква да си купам сега?
Маскарите на Мaybelline во Cosmo се помеѓу 280 и 320, зависи која. После толку позитивни коментари за жолтата Colossal volume, решив да ја пробам. Добра е, не дека не е добра и не е многу скапа, само некако ретка ми е. Ефектот што го сакам го постигнувам со 4 слоеви, за разлика од Maxfactor False Lash Effect или 2000 Calorie со кои ми се потребни 2 слоја. За моите ретки трепки, маскарава повеке одговара за дневна шминка.
^Навистина е многу ретка.Често ми солзат очите и кога се случува солзата ми е речиси чиста, нема ништо црно Приметив и дека притоа ме пече, што значи дека е од маскарата.И така сега си стои полна и неискористена
Одлична е таа маскара и јас редовно ја користам... само последнава што ја купив многу брзо ми се исуши инаку ја имам користено и Giordani маскарата од орифлејм и таа ми е многу добра.
Ваква имав Spoiler Арно ама ја изгубив, иначе бев задоволна што малечка е четкичката, и не остава грутчиња. А моментално имам Spoiler Иначе сестра ми ги користи, јас некако слабо.
секакви имам пробано, ама за чудо некое од Орифлејм ми се најдобри, и најбавно се засушуваат во амбалажата
Е даа убавки се паритее ,, али ептеен ногу време ги користаам а цело време ми се у раката ,, значи цело време ставаам и еептен се трајнии
е да ..и да ти кажам нешто кога вреди вреди...се исплати за секој денар ...џабе е ако е евтина а ти седи така у несесер
Јас ги користам на Мaybelline маскарите и сум задоволна. 1. За секојдневен и вечерен изглед 2. На одмор или кога ми е потребна водоотпорна подршка