1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масно ткиво околу очите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Wild.Child, 27 март 2010.

  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Здраво,

    Дали некој од вас имал проблем со масно ткиво, и како го решил?
    Мене ми се појавуваат мали бели топчиња околу очите.Еднаш ги отстранив со стерилизирана игла,не беше болно меѓутоа пак се вратија.Ги има доволно за да се познаваат и кога ќе се нашминкам.Ми рекоа дека се правеле од мајонез и слични мрсни работи.Од кога ми кажаа престанав да јадам мајонез и еве има пола година и повеќе како немам ставено мајонез во уста а се прават повторно.Извесен период се појавуваат па се губат.Многу се здодевни,а еве доаѓа лето и би сакала да ги отстранам.Ве молам ако некој нешто знае нека ми каже бидејќи неможам да ги трпам повеќе.

    Барав слична тема, но не можев да најдам. Се извинувам ако сум се повторила.
     
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Една другарка исто така имаше масно ткиво околу очите... и колку што знам - мајка и само и ги стискала, исто со игла бидејќи многу е јака кожата. И така неколку пати. Е сега тие сигурно се стискаат само кога се навистина зрели, внимателно со игла.. Пробај пак со стерилизираната игла.
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    И мене мајка ми така ми ги стисна.Малце ми беше језиво некој со игла да ми оди накај окото :lol:
    Ако не најдам друго чаре ќе ги истискам сите ќе претрпам.
    Фала многу Брајт :)
     
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Нп сонце ;)
    а иначе да мн е језиво со игла кај очите, ама не мисли на тоа, смири се и нека те прави човек од доверба ;)
    Ќе ти поминат ;) ;)
     
  5. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    99
    Јас имам таков проблем, но не ми се кај очите туку кај вратот. Не знам како се лечат, се распрашував многу и ќе одам на козметичар или на дерматолог за да ми кажат како да се отарасам од нив, зошто одвратни се стварно :evil:
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Здравје од понеделник треба да одам на алерготест кај Д-р Ежова.ќе се консултирам и со неа што како па ќе пишам. ;)
     
  7. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
    Миење на подочниците со assoderm sydent сапун наутро и навечер ради регулација на лојните жлезди.
    Капки Dexamethasone Chloramphenicol 2x дневно.
     
  8. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас имам масно ткиво кај образот и последниве денови многу ме боли ми отече цела страна бев на доктор ми даде апчиња против инфекција да се смирри па подоцна ако може операција.....