1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мени за посебни пригоди

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од SunnyGirl2, 10 јули 2013.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.848
    Што би направиле доколку доаѓа некој ретко кај вас а ви е драг...
    Што би зготвиле за
    предјадење
    главно јадење
    десерт
    со каков пијалок би го послужиле сето тоа..?

    доколку е дупла нека се избрише темава или премести
     
  2. PinKitty

    PinKitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    8
    па ако е многу драг за предјадење би му направила Цезар салата,
    за главно јадење паста (шпагети) или лазања,
    а десерт сладолед како за во летно време, или палачинки :D
     
  3. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    За посебно драги гости очекувано е да се потрудиме повеке. секогаш преферирам да имам нешто од тестенини страна дали со сирење фил или месо или пица, и најчесто јас ги печам, а кога немам време ги нарачувам од пекара. потоа се прави голем ордевер (кашкавал шунка врат прашута чајна кулен), француски солен колач задолжително, мешана салата (краставици, домати, варени јајца, парче сирење сето убаво поредено во голем тањир ама не измешано), мајонез сала и пилешка сала, а за благо правам ситни колачи и торта од чоколадо банана и ореви сите ми ја обожаваат.
     
  4. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
    Па, секогаш е различно, само знам за менито за Св. Никола кога ни е слава дома ( :!: менито е секогаш исто)

    Предјадење: Некои салати (зелка салата, компир салата)
    Кикиритки идр.
    Главно јадење: Риба
    Гравче-тавче
    Сарма
    Десерт: Посни слатки (баклава-речиси секогаш) :P
     
  5. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    За Свети Никола, се служи следното: задолжително риба, Ослич пржена на парченца, тавче-гравче, салати, макало од компир и суви пиперки, посен ориз, компир салата, понекогаш и помфрит, посна обланда, посни колачи и апетисани.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.