Што мислите за микрочипирањето на милениците? Која е целта и зошто треба (или не треба) да се примени? Од следниот месец ќе стане задолжително кај нас во Македонија. Јас со доза на скептицизам гледам на вакви работи.
Ептен сум ЗА. И планирам да го направам истото за моето маче, во случај да ми се изгуби или да го украдат за да можам да го најдам.
А како ќе го најдеш? Со микрочипот колку што знам не може да се следи миленикот ако се изгуби или ако го украде некој, туку ако се најде може да се потврди дека е твој. И ме интересира дали овој чип може да се отстрани? Ако има можност за вадење (не сум информирана за ова), крадците веројатно би го правеле тоа.
Зашто замка? Што е лошо во тоа да се има регистар и евиденција на сите домашни миленици, нивните вакцинации и здравје? Па така ќе се спречат и многу болести и зарази, сакаш нејќеш ќе мораш да го вакцинираш миленикот. Со микрочипот мислам дека нема да може да се следи миленикот, НО доколку го изгубите или некој ви го украде па го однесе на ветеринар многу лесно ќе си го пронајдете. Јас сум дефинитивно за, веќе подолго време знам за ова микрочипирање и планирам да го направам тоа за моето куче.
И јас сум за.Иако немам миленик(сеуште) ама наскоро секако ќе го вдомам,значи и да не е законски обврзно,јас би ставила.Значи штом ќе го земам,ќе му ставам.Ако знае некој нешто подетално нека ми објасни.Денес се распрашав во ветеринарните амбуланти,ми рекоа немаат.Еве сега дознав дека ова било закосна обврска.Дали може преку чипот да се лоцира?
Не, не може да се лоцира. На чипот има само одредени информации за сопственикот на миленикот, вакцинации и сл. Друго подетално и мене ме интересира ама не сум одвоила време да прочитам повеќе.
Се става поткожно, колку што знам е големина на зрно ориз. Боли колку нормална инекција. Не може да се лоцира. Содржи информации за сопственикот, негова адреса и сл. Ако ти се изгуби миленикот, преку читање на чипот ќе може да докажеш дека ти си сопственикот.
Ако се изгуби или ако е украден миленикот и ако евентуално некој го најде и го провери микрочипот, на него пишува податоци за сопственикот и ќе го побараат.
Имал ли неκој лоши последици отκаκо на домашното милениче му вгадиле миκρо чип шубе ми е неκаκо на κучево да му ставаат неκој уρеди κаκо миκρо чип во него иаκо ветеρинаρов ми ρече безболно е не се сеκиρај ама сепаκ ми е стρав да не му се случи нешто после тоа
Реткo дa имa. Сегa некoи нoви истрaжувaњa, рaк предизвикувaле и ризичнo билo нa мaли кучињa пoшo вo мoзoк ќе им oтиде... Али не сум слушнaлa некoј дa се пoжaли. Јaс нa мoетo стaвив пред 2 гoдини и кaкo дa не пoстoи. Акo ти е премнoгу ризичнo, мoжеш дa прaшaш дaли прaвaт тетoвaжи (се тетoвирa брoј нa стoмaкoт или увoтo нa кучетo). Тетoвaжите пoрaнo ги стaвaa, сегa микрoчип пoвеќе стaвaaт.
5год има κучето сκоρо κога бев ми ρеκоа κао од 2017 моρало да се вгρади јас сум за ваκво нешто ама κај нас неκаκо не фунκциониρа κаκо што тρеба па затоа и се плашам κаκо што κажа κе пρобам аκо може дρуга опција фала ти на одговоρот