По ваша проценка, овие кошули на сликите колку броја се поголеми од оној што би им бил таман на девојкиве?
Незнаев каде да прашам па еве ќе прашам тука. Бев денес малце излезена на 'зјапинг' и видов еден фустан но некако незнаев дали да го купам па затоа барам ваше мислење.
Azriel - Такви се носат, поширочки, барем сегде каде имам видено. Littlemk - Моделот не е лош, убаво ти стои освен кај колениците отстрана. Мене она што не ме бендисува е шарката на фустанот. Не ми е младалачки.
Little-Mk според мене уопште лошо не ти стои, ако ти се допаѓа и ти одоговара цената да си го земеш, убаво елегантно а пристојно секси стои за вечерни комбинации.
И јас барам и никаде нема кожни панталони низ Скопје... Си нарачав од H&M. Little-Mk убаво е фустанчето баш се модрни сега вакви, со високи потпетици и хулахопки месо боја супер ќе биде. Убаво ти стои, мене ми се допаѓаш. Што материјал е?Колку пари е? Пиши ми ЛП те молам
Па и не е толку лош. Мислам дека е интересен, кројот е ок, а со принтот е поуникатен. Убаво ти стои, и тие одредени мали неправилности што ги има, како кај колената, кога ќе се движиш, се ќе се среди и нема ништо да се приметува.
Сакам да купав крзнена бунда. Дали да купам скроз тесна, залепена на мене или сепак да биде малку поширочка ? Како се носат? Зошто сепак и самите се бушавки. Во таа што си ја одбрав изгледам како мече. А, на други ми изгледа убаво.
Се зависи од моделот, односно кројот на бундата. Ако е струкирана, треба да биде со твојот број, а ако не дефиниран дизајнот, можеш како сакаш, можеш да земеш и поголем број. Важно, ти пробај и помало и поголемо, па самата ќе си оцениш. Оти има разлика од модел до модел, и од број до број.
Сакам да си купам шпиц чевли ама се двоумам меѓу црни и крем боја ? И двете бои би можела да ги комбинирам , ама некако кремот повеќе ми фаќа око , а не знам колку е практичен за овој период
Лично и мене крем шпиц малку поисакнат шпиц ми е поубав него црн. Иди на лаковани крем, според мене добитна комбинација. Доста се уцрнуваме само, а крем може да носиш со многу бои лесно и едноставно да комбинираш.
Си одбрав палтенце ѓубретарче модел. С бројот ми е претесен, а М ми е широчок. Не знам кое е подбро да го купам? А, се запнав за тоа палтенце, одвај најдов какво сакам, преубаво е, а и цената му е супер. С поубаво ми стои, ама многу ми е кнап, не можам да дишам во него, а во М се познава дека ми е така поширочко отколку треба. Совет? Spoiler (Се откажав од таа бундата. Како мече бев, може и моделот си беше таков. )
Кога е веќе така, мое мислење е да сепак разгледаш и други модели. Бидејќи кога еден број што стандардно си го носиш, сега ти е претесен, а да земеш поголем, е нешто како насила, упорно да биде таман, овде моделот е тој што не одговара.
Девојки да ве прашам.. значи си земав црна кожна сукња со висок струк, и планирам да ја искомбинирам со корсетче во горниот дел кај градите е кожно црно а долу е бордо. Со бордо чизмички до глужд и таква чантичка. И црни чорапи над колена. Што мислите за ваква комбинација.. една другарка ми вика кај ќе одиш таква како ку*ва. Да не ме гледаат како марсовец (инаку комбинацијата ми е за во кафич) Отприлика слично е вака комбинацијата само корсетчето има и црвенко.
Наместо корсет јас би облекла обична бела маичка со кратки ракави, или бела кошула или црно бела блузичка на риги. Чорапи не сакам и наместо нив би облекла обични месо боја хулахопки или некои дизајнирани ако баш сакаш да ги истакнеш нозете.