Паа тоа е преомногу кожа... Кожна сукња јас би ја искобинирала со некоја кошула со крагни, може и еднобојна (бела за онака поделовен изглед и интересно ланче да разбие монотонија) или некоја шарена кошула (со цветови).... Чизмичките се во ред, ама за чорапите не сум баш сигурна дека ќе одговараат на кожна сукња...
Ммм значи ти сосема на друг начин си ја замислила комбинацијата... И овие комбинации се интересни, ама сепак гледаш дека горниот дел е памучен, некоја интересна маичка со натпис, а кожна сукња и кожен корсет- сепак не...
Ама корсетчето не е целосно кожно, заборавив да кажам, пола е материјал како памук, тој е бордо а само горниот дел кај градите е црн и кожен.
се носат ли салонки со отворен прст овој период,не се многу отворени ама така убава сина боја се не верувам ама да си прашам сепак
Не. Најпрво, еве времето е такво дожделиво, а сигурно би носела и хулахопки, така да, мислам дека сепак не.
Кожна сукња е широк поим. Каква е по дизајн, каква и е бојата, моделот? Ако можеш, прикачи и слика од нешто слично. Така полесно може да се оформи модниот совет, отколку сега и јас да ти речам, епа со блуза и чизми, без да дефинирам какви точно.
Значи сукњичката поради таквиот интересен модел, можеш да ја носиш и во покежуал варијанта и во поелеганти прилики, како за вечерно излегување. -За во поопуштените секојдневни прилики, можеш за додадеш eдна најобична маичка со интересна апликација напред, карирана кошулка, може и некое џемперче или пак пократка плетена блуска, а надолу покрај балетанки и чизмички, можеш и некои патики дури, секако не секакви. -За вечерно излегување, некоја поелегантна блуска или класична кошулка, може притоа да додадеш некој поголем впечатлив ѓердан. Горниот дел да изгледа поуникатно и шик може да биде и со принт.
пошто времево заладува а мене старото палто веке не ми се носи. неделава ке одам да купам. е сега дилемата ми е следна.. најдов капут што ми стоеше прекрасно, до кај задникот некаде должина значи не од оние капутишта дилемата ми е дали да си го земам капутот во кој нвистина се заљубив или подобро би било да си купам палто т.н повекефункциско и школо и шеткање.. 16 години имам инаку. што би ми дале совет капутче или палто?
Ако ти се допѓа капутчето како ти стои и мислиш дека ќе те топли јас би те советувала да си го купиш.Исто така одлично е и за лежерно издание и за подотерување така
Деновиве планирам да прошетам да си купам некое фустанче кое ќе ми се најде сега и за празниците, преферирам поедноставни па секој совет е добредојден во однос на материјалот, боја, дизајн.. сакам да купам нешто што ќе е модерно оваа зима затоа дајте некој совет, а може и некоја слика за модел на фустан