бела маица нешто како ова или ова да нема многу детаљи на блузата да биде како по обична блуза еднобојна оти има многу детаљи на суќњата за на нозе множе ваквии црни сандали
Девојки долг елегантен фустан на штикли каде би требало да завршува т.е колку треба долг да биде? Мене ми е многу долг сакам да го скратам, но во недоумица сум колку. Сите ми кажуваат различно, па би сакала совет и од вас. Треба да ми ѕиркаат прстиња? Сандали ќе носам со него. Ако имате и слика за да видам уште подобро.
Мене поубаво ми стои кога не се гледаат ни прстите на нозете, поелегенатен ми е. Ако веќе ѕирка нешто тогаш ми е прекраток
Марама ако е долг фустанот мери го според сандалите твои на тебе обуени и фустанот да паѓа скроз до долу, дури остави и малце да ти биде подолг. Зошто ако го направиш да ти ѕиркаат прстињата така делува неубаво како да ти е поткратен, смален или барем мене така ми изгледа. Еве пример слика елегантен фустан за оваа должина ти викам
Најубаво е фустанот да се мери и на ниски и на високи штикли, и ќе земеш средна мера. (нели да можеш да си го носиш и на ниски и на високи, и да е таман). На високи штикли би требало да не ѕиркаат прстите, но да не е предолга, лесно се сопнува така.
Девојки, имам бендисано едни сандали, целите се одзгора со циркони (иако веќе не се во мода такви). Многу ми се штосни, а не знам со што ќе ги комбинирам и дали се за преку ден. 3 пати бев во продавницата со различни другарки, сите ми викаат како си ги бендисала овие грозниве и ме премислуваат !! Не знам дали да си ги купам, не дека ми се нај нај, ама некако се поразлични, а јас понекогаш сакам да правам интересни комбинации. Не се вакви, ама налик овие се, слика во спојлер: Spoiler
Ако тебе ти се свиѓаат купи си ги, ама кога ќе почнат да паѓаат цирконите ќе треба да ги корегираш....некако многу мака а не се за секој ден и за секаде.
Некако најсоодветна ми беше оваа тема за моето прашање. Абе луѓе,почнавте ли да носите сандали?Во дилема сум огромна
Јас не сум некој фан на сандали и затоа не носам, но имам видено низ град уште пред една недела си носеа сандали. Али сега времето е малку забегано, па не знаеш што да облечеш пошто ептен неочекувано може да заврне.
Јас сабајле носев ама ми смрзнаа нозете. Ќе си се вратам на балетанките, а како што ми изгледа и целото лето ќе си го поминам во нив. Еве сега се сетив дека лани не ни купував сандали скоро цело време си бев во балетанки, единствено деновите кога бев на одмор носев сандали.
Планирам да се запишам во теретана. Па, хеланки или тренерки? Или пак куси гаќички? А нагоре каква маичка? Поширока, нели?
^ Јас кога одам на теретана секогаш носам тричетвртни памучни ( има и ликра во нив ) панталончиња и бела блуза на кратки ракави малце поширока од вообичаените што ги носам .
Јас сандали скроз отворени не носам, но носам понекогаш чевли со отворени прстиња. Мене воопшто не ми е пријатно кога ги гледам со чизми и хулахопки ама па не ми е ни за сандали.
Дали одгвара фустанчево за свадба да го носам, ама за по невеста? за вечерта друг фустан ќе имам...да појаснам на свадба сум кај другар на дечко ми...не ми е многу блиска свадбата.... и помош како да го комбинирам ( мислам со црни чевлички) дали да ставам од масивниве ланчиња со големи камења бело, и златно каивче или пак сиво..незнам ни сама..ова само нафрлани информации што може да ми дојде во глава
МОжеш да го носиш..ако го носиш за по невестата.. Баш е убавко Ааа да не бидиш цела во црно во лето..најјарно ти е со бело да го искомбинираш..бели сандалки,бела ташна..ланче..каивче според мене сиво..повеќе би одговарало