Одамна е мислењево ама може на некој друг ќе му се најде одговорот: може и било каков обичен сапун, а и essence имаа посебен производ soap brow ако сакаш четка и продукт на едно место.
мене на есенс многу ми ја сушеше кожата и тешко се измиваше и по миењето ми се лупеше кожата, после го земав од катрис и по океј ми е
Предлог добро пигментирано моливче за веѓи? Најпогодено ми беше на Есенс на вртење, исто и на Катрис, но ми се потрошија за еден месец. Сум пробала на Голден роуз, Аура, Есенс со оштрење и сите ми беа претврди и непигментирани.
Мене на Малена многу ми врши работа. И јас зимав од тие на вртење ама ми се кршеа многу. Малена ми е топ
Одамна не била активна темата, па да не имате нови предлози за моливчиња (или нешто друго) за пополнување на веѓи. Важно ми е да дава природен изглед и да има ладни тонови.
Предлог моливче за веѓи што е попигментирано? Имам користено на Есенс, Катрис, Вет н вајлд, Голден роуз и Аура и сите ми се суви. Единствено ми беше убаво на Есенс на вртење ама премалку производ имаше, не издржа ни еден месец.
Покрај многу пробани на Малена ми е најдобро. Секогаш се враќам на нив. Пигментирани се и долго траат.