1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Музиката и имиџот

Дискусија во 'Музика' започната од Lux, 18 август 2010.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Знаеме постои балканска, македонска и секако светска сцена.
    На таканаречената сцена постојат многу музичари(кои го добиле тој епитет, а дали го заслужуваат другите можат да проценат).
    За секој музичар многу е важен изгледот(меѓутоа имиџот не е пресуден за некој да стане ѕвезда)
    Факт е дека сите музичари го променуваат својот изглед од почетокот на кариерата.
    Прашањето е дали тие се поттикнати од некој нивни идол кој исто така е музичар или сакаат да се издвојуваат од другите и да бидат уникатни.
    Другото прашање е дали ѕвездите се копираат помеѓу себе и кои ?
    Дали можеби вие сакате да имате имиџ како некоја ваша омилена ѕвезда?
    Да го прокоментираме имиџот на нашите и странските музичари.
    Што ви се допаѓа кај нив, а што не?
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Мене многу ме изненадува фактот што на времето Christina Aquilera со спотот Dirty крена толкава прашина со тој "безобразен имиџ" :^) , а денеска, години подоцна Lady Gaga е обожувана од страна на публиката со уште подрастичен и покичерајски имиџ. Ама тоа е , очигледно сцената еволуирала (според мене на полошо).
    Светската сцена, посебно зборувам за САД и Британија нормално се во предност и како да немаат конкуренција - секој нивни продукт - добар или лош се цени и се почитува.
    Така сега, сите Балкански ѕвезди по теркот на Rihanna си ги избричија главичките, или носат асиметрални костимчиња од латекс, ала Лејди Гаговски и ред други нешта што укажува само на плагијат и неинвентивност.
    За домашната сцена не сакам ни да зборувам за имиџот на нашите ѕвездички, буквално се срам за сцена, повеќето не ми се пријатни ни за уво, да не зборувам привлечни за око.
    Најголем дел со вишок на килограми, целулит, а се стегнале во нешто тесно и демоде, некои очајнички ја посакуваат ерата на 80-тите, чудни натапирани фризури, одвратен пластичен накит ко од пазар... Мизерно.
    Еве, типичен пример, имиџот на Каролинче откако едно време Цаци Паковска (стилист :^) - оф Божееее) ја зема под своја закрила, и ја удави со марами, ленти за коса и брошеви ко од времето на Јованка Броз. Мене лично Каролина никогаш не ми била погрда и понепривлечна со таа за'рѓана боја на коса, ама прашање на вкус е, па некој можеби го почитува имиџот на македонската сцена. Јас секако не сум дел од таа група.
     
  3. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    8.124
    Пол:
    Женски
    ^^Мислам дека Цаци уште се грижи за имиџот на Кролина,така знам јас. :?: Не знам колку е способна Каролина сама да се грижи,многу ми е некако стегната и во таа смисла,како да се плаши да промени нешто па си тера само исто и станува досадна и предвидлива.Ама па ,ако гледаш и нема некоја конкуренција на естрадава,некоја што ќе се издвојува со посебен стил,како да се оперирани од такво нешто.Единствено нешто Туна,девојката типка беше,сега ја немам видено и пред да се омажи не беше нешто актуелна кај нас,најверојатно во Албанија си работи повеќе.

    Во однос на соседството,немам некои особени познавања за нивните ‘‘ѕвезди’’,ама и од тоа малку што сум го видела,можам да кажам дека и таму ситуацијата не е нешто поразлична отколку кај нас.Воглавно преовладува кич и копирање,на тоа се` се сведува кич и копирање-варијации на тема.

    Е сега за светскава сцена,мислам дека и таму е отидено се упм,а тоа најверојатно се должи на тоа што сегашниве пејачки сакаат колку е можно побрзо да стекнат слава,и нормално дека преку ноќ нема да успеат во тоа со пеење,па им преостанува да се обидат со скандализирање било преку имиџ или однесување.Не е важно воопшто дали тоа за некому ќе биде убаво,привлечно и прифатливо се` додека шокира,паѓа во око и им обезбедува насловни страници,па која од која е се повулгарна,пренападна и преексплицитна.Гага мага,Ријана,Кејти Пери и сите слични на нив,по мое мислење се жртви на желбата за слава,па дел од цената плаќаат со промовирање на кич и вулгарност.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Да се надоврзам за имиџот на Кристина во Дрти. Имав 12-13 години кога излезе песната и спотот. Мене искрено ми беше срам од самата себе да го гледам тој спот. А сега на тие години ја обожуваат лејди гага и нејзините спотови кои се далеку повулгарни и перверзни од тој на Кристина. Особено ликови како дотичната Фејм монстер (13 години) од форумов која изјави во една тема дека го обожува спотот на Алехандро песната. Прво незнам на што личи тоа со извадено срце во ковчег, па калуѓерско нешто колку што успеав да забележам од тоа малку што го изгледав. И на крај тоа Садо-Мазо сцената :puke: За 13 годишни да речат дека го обожуваат спотот.
     
  5. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Полоша работа од лошиот сопствен стил и вкус на нашите само, овај така наречени ѕвезди е вкусот на нивните стилисти.
    Цаци Паковска или пак Монси, како и другиот дел од компанија под итно да се тргнат и да им се забрани да стилизираат некого.

    Од тантели до карнери, сатен и лоши везови, нашите естрадни уметници носат се. Што е можно полошо, колку е можно поневкусно.

    Мелита, Каролина, Елена Ристеска, Ева, А. Јаневска, Марјан Стојановски, листата продолжува.
    Разбирам уникатност, оригиналност, различен во се, но де малку вкус да се зачини работава.

    Проклета да е Ријана и нејзината бричена глава, што Сека и останатите без срам ја попримија како идеја.
    Важно е да е Gucci или Prada, иако врска се нема што впрочем е тоа.

    Бетер од нашите ми се српските естрадни уметници.
    Тука барем си знаеме, нашиве јадни за бренд припаруваат крај со крај, и пак изгледаат лошо.
    Србинките и со пари во џеб, од глава до пети бренд, кичерај на кило па и вишок има.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    секако дека се поттикнати од други музичари..
    ох, има многу на сценава што се копираат меѓу себе, оние one direction..
    секако, кој не би сакал да има имиџ како познативе :)
    ми се допаѓаат тие што не се влезени во филм ептен, се присебни и свои, и стварно имаат талент :D
     
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.432
    Пол:
    Женски
    Најмногу ме нервира кога ќе видам турбофолкерка или фолкерка скоцкана во рок фазон. (facepalm)