Здраво, го добив привезокот во 2021 год, ми паднало каменчето. Сертификатот го чувам но сметката ми ја нема. Дали постои можност да ми стават каменче во Пандора? Мора ли со сметка и дали воошто може да стават, дали мора да е под гаранција?
Девојки дали знаете место во Скопје каде место што откупуваат Пандора приврзоци? Или дали имате идеја во Пандора да рециклираат стари приврзоци за алка? Имам два првиврзоци од мојот бивши дечко кои не ги сакам повеќе.
Здраво женски,сакав да прашам дали се бањате со нараквицата,ланче,обетки? Читав на сертификатот ама за вода не прочитав никаде
Јас се бањам со нараквицата. Не ја вадам од мене, освен за одмор, не ја носам во море, солена вода, и ептен кога правам генералка во вц со доместоси и варикини. Ја имам 4 години мислам и до сега само еднаш ја имам чистено дома со врела вода и сода.
Моментално Пандора имаат попуст од 30% ама само на мал број артикли, дали имаат сезонски попусти да почекам,можеби крај на јули,почеток на август? Дали некој знае?
четка за заби стара некоја и паста за заби триј со четката остави минутка две и плакни и полирај со микрофибер крпа
Јас не ја вадам од мене воопшто исто како и другиот сребрен накит. Повеќе сребро во кутија што го чувам ми има потемнато од оксидација.
Ни во солена вода не ја извадив алката, нема мака не е мрдната воопшто Мојата Имам и преврзоци, ама цело време ги вадам, некако поубава ми е вака едноставна без ништо и понежна
Иста имаме Јас ја вадам само кога чистам со сретства. Едит: Вените ми се такви пошто сум тазе навежбана.
Zdravo, sakam da prasam dali nekoj/a od vas ima iskustvo so zamena na privezok ili refundiranje preku online stranata ?
А не постои ли некој начин побрзо да ми испратат? И дали по други градови има пандора? Или само во Скопје? Можеби во некои златари? Или сепак не?
Само во Скопје има колку што знам, по златари не се оригинал. Прво прават сметка и даваат рок за откажување на нарачката и ја пуштаат на емаил, па од тој емаил по неколку дена стигнува. За побрзо не верувам, да прашаш по телефон единствено.