Имам обетки со камчиња, купени пред 1 месец. Ги носам секојдневно, и денес забележав дека едно камче е паднато. Дали знаете каде може да се поправи/ стави ново, да го носам пак во Пандора, или во златара? За замена не верувам дека ќе ми направат.
Здраво, Дали brosway приврзоците се пандора компатибилни? како на пример овој: https://www.mytime.mk/nakit/23949-pe-silver-star
E сега дека се работи само за циркон мислам дека може по златариве во чаршија. Јас имав на златна паднато и ми залепиа.
Мене ми беа купени од златара Циркон и ми средија, не ми ни земаа пари, ама не е кој знае колку. Има и до нив една златара ми лепеа злато за 300 ден. летоска. Е сега зависи дали имаат таков циркон, еднаш немаа мал па ми кажаа кога да дојдам, оди прашај.
Дали може да се залепи пандора алка, распукана е на едно зглобче кај и да е ке се скини скроз.. Чаре?
Дали некоја ја има оваа алка, да ми каже искуство со механизмот за затварање? Дали е стабилна за секојдневно носење?
Имам со ист механизам и многу е јак, туку имам чувство дека приврзоците ќе ја гребат со нивното движење. Не знам. Може тропам глупост ама така ми изгледа.
Да, во право си. И јас тоа мислам. Али и онака не планирам привезоци да земам, така ќе ја носам. Дури се мислам и копија од Али да зеам за 5 евра, реално. Ми се свиѓа дизајнот само.
Ако се стави сребрен приврзок што не е Пандора, дали алката ќе ми потемни? Не ми е битно да е Пандора ако не ми прави проблем на алката.
Искрено последниот пат кога влегов во продавницата во Ист Гејт многу се изнервирав од односот на продавачките.Ќерка ми има нараквица и сакаше да си купи нов привезок,влеговме и значи толку неуслужни и некултурни продавачки немам во животот видено,прво не игнорираа а три беа на работа потоа откако и побаравме на едната да видиме привезоци не извади ни една кутија од фиока него не остави само од изложените да избереме,се со однесување како дома да сме и дошле и да и пречиме.Цело време се гризев за јазик да не изреагирам бидејќи детево баш сакаше да си купи привезок,после тоа мислев да пишам поплака негде ама решив дека не вреди.. Мислам дека би требало да се поведе малку грижа за тоа какви вработени ти го претставуваат брендот,таков однос на продавачки има само кај нас,нигде другде во светот немам сретнато
Нели се продаваат чистачи во продавницата? Би требало да ти се извади со тие. Јас сакам да прашам дали на некое друго место се продаваат сребрени приврзоци за Пандора? Некако не најдов тоа што барав на нивната страна. @anggell, те тагнувам тебе бидејќи си спомнала за такви.
Оригинал само Во Ист Гејт и Сити Мол знам има, а од оние што не се Пандора а се декларираат како такви има во некои златари каде што има сребро, во продавниците каде има Сваровски кое исто е сребро. Ако имаш во твојот град некоја продавница за сребро, или провери на интернет таму секако ке најдеш.
Искуства со тврдите алки на Пандора или полутворените тврди? Имам обична стандардот,сега би зела некои од овие.
Јас имам крута алка од Пандора. Ја имам 8 години и ОК е ама не ја носам секојдневно. Не е потемнета, не е изгребана. Единствено е што клипсовите шетаат на неа (има едни како гумички ама не се претерано ефикасни).