Тоа не може никој со сигурност да ти каже, затоа што зависи од тоа колку привезоци ќе нанижеш, колку често ќе ја носиш...Мене во прво време ми беше алката точна, додека сега веќе ми се врти и ми е доста раширена и натежнува од страната каде што имам повеќе привезоци. Ако не си сигурна отиди до Сити мол и пробај ја следната величина, па најдобро ќе си оцениш.
Извинете на чудното прашање но, дали е во ред машко да носи Пандора алка со привезоци? Видов двајца со таква алка, па затоа прашувам...
Нема потреба од прашањето дали е во ред или не.Ако тебе ти се сфиѓа тоа ако знаеш да се носиш, зашто да не.Сепак ти ќе ја носиш алката не некој друг.
Не знам како ќе бидам прифатен. Да не испаднам утре смешка...ќе почекам иште малце ако видам уште некое машко со таква алка, ако има повеќе машки со алки од Пандора одам и јас да купам.
Зашто такво помодорство?Зашто они да не гледаат од тебе?Зашто да не си еден од ретките што ги има? Еве пола моја генерација женски имаат Пандора алки, буквално помодорство е.Јас од таа причина не купив иако ми се сфиѓа.Зашто да бидам како другите? Ако другите скокнат од 9ти и ти ќе скокнеш? Be yourself
Хахах не сами си го стварате тој комплекс.Големо чудо и да рече некој дека си педер.Првин нема ништо лошо ако си хомо ај да не забегувам ќе не бришат.Второ ти ако си се сфиѓаш зашто да не?Ти ќе ја носиш не јас или Станко,Петко.
Феминки има ли Пандора во Скопје страна на фб,инста,веб било шо? Да може онлајн да се порача,или ако сакам да купам морам само лично во продавницата во Сити мол да појдам?
Немам купувано пандора,за поклон ми е за драга особа дали наруквица + привезок сеуште ги даваат убаво спаковани? За во city mall прашувам. Тнх
Да, кутијата каде стои накитот е со машничка. Даваат посебно крпче за чистење, упатства за користење, еден дебел каталог со преголем избор на накит. На кутијата и на кесата пишува пандора.
Сакам да купам приврзок пандора за другарка ми, дали знаете која цена се тие friendly Или bff привезоци?
https://us.pandora.net/en/charms/theme/friends/?src=categorySearch&position=top eve gi , cenite se isti i kaj nas
Вака. Ми подарија алка од пандора само по еднаш носење, се "искина" на пола, се одвоија тие малите запчењиња. Не ни знам како само ја најдов така во кутијата. Пробував со клешти, успеа, ама пак се откачи после. Што да и правам? Поентата е што ми беше подарена и немаат фискална тие што ми ја подарија
За жал мислам дека неможиш ништо да направиш.Ако е оригинална т.е купена единствено само од продавницата во Сити Мол,зошто само таа е единствената продавница лиценцирана да продава Пандора,ќе ти даделе со подарокот и сертификат и фискална и се шо треба,па ќе можеше да ја вратиш,замемиш...Искрено тешко дека ќе можиш да ја поправиш сама и да е сигурна за носење.Или најди некој шо се занимава со тоа,да ја залепи,да ја стегни, незнам ни јас ,или само ти преостанува да прашаш од каде е купена,па да пробаш да ја вратиш да ти дадат нова.
Накитот на Пандора е врхонски.Едноставно прекасно.А и рекламите им се многу кул.Досега немам ништо купено од Пандора,ама алките многу ми фатија око.
Дали би било чудно машко да носи алка од Пандора со привезоци? И дали цените се исти во Македонија и странство?
@Ма.нев Па не е толку чудно, сепак машките модели на Пандора значително се разликуваат од женските, нормално, нема ништо чудно, убаво се дизајнирани и за машкиот пол Ама лично мое мислење, тоа е до самиот човек. Според мене, треба да ти одговара на стилот, бидејќи ако не парира со стилот и карактерот, изгледа чудно