Ги знам ората..и не ми треба многу за да земам да го водам орото или кога ќе засвири некој чочек да заиграм на столот...
Да барем го почитувам фолклорот одам на играорна веќе 3 години и ми се допаѓа,затоа и ќе продолжам да одам...инаку знам да играм скоро се уште од мала играм со татко ми по соба...многу го терав особено во зимата кога немаше што да се прави па пушти и играј...хахаха,не можев да не научам да играм покрај такво весело и разиграно семејство
Не ги знам сите ора, ама оние што најчесто се свират на свадба ги имам докторирано Го обожавам македонскиот фолклор!!!
Па не ги знам баш сите. Овие основните што се ги знам и некој чочек и најмногу се нервирам за еленото леле човече го грешев на свадба , го немав изиграно 2-3 години , ај ќе се потсетиме на нардните свадби
Ги знам ама баш сите покрај татко, мајка и најблизок чичко кој биле први на коло во играорната група тешко да не се знае.........Омилено пааа хмммм еленото можам да го издвојам а од поспорите така гајдата можам да ја изберам........Абе тешки весељаци сме си во фамилија и кај можеш да пропуштиш некое оро??? За качување по маса па да не зборам.........на сестра ми апсолвентската ршум ја нправивме масата ем ни донесоја маса само за играње ние си доземавме уште една празна што беше па ај кај земавме 2ра па и таа што беше наменета само за играњето јас и сестра ми со штиклите ршум ја на правивме баааааап на пола масата
Знам да го играм правото, пајдушката и шеската. Другите појма неам, и не ни сакам да ги научам, а овие перфект ги знам.
Како помала одев и на играорна, па ги знам повеќето. Правото, пајдушка, елено, и тн.. Ама не ми прават многу кеф, ич не сакам да играм ора.
Јас го знам само правото. Планирам да ги научам другите за кај брат ми на свадба. Не знам дали ги има на youtube некои од нашиве ора ама ке се потрудам да најдам.
Право, пајдушко, и од времето кога одев на играорна (цели 5 месеци ) ги научив и Ѓурѓовден и Тресеница
знам да играм скоро се па токму затоа од секоја свадба или друга веселба се враќам со сандалите во рака,па што да правам многу сакам да играм а плус тоа нашиве ора се срце да ти заигра а не нозете
не ги знаам сите ора,ама сепак знам да играм нај омилени за играње ми се пајдушко,и ние во Прилеп си ја викаме шеската,знам по други градови поинаку го викаат тоа оро
знам да ги играм скоро сите ора и мошне добро играм,а и сега на 5 октомври сме на свадба,така што ке се изнаиграм
Ги знам, ги играм, не само по свадби, туку и дома, кога сум ептен расположена и тоа не ми е проблем и сама да играм.