Тоа е ментална состојба во која човек преживува во дадени услови и притоа не е во можност да излезе од тие услови дури и тогаш кога ќе му се укаже прилика. Спојлер: Можна генеза на Научената безпомошност Често во раното детство доживуваме непријатни искуства во семејството. Ако детето има нервозни родители кои казнуваат за секоја мала работа, тие ќе го променат своето однесување обидувајќи се да ги задоволат. Но, ако тие се казнуваат секој пат, тие ќе се откажат од обидите да променат ништо. Состојбата кога еден човек заклучува дека ништо не може да се смени колку се обидува, психолозите ја нарекуваат научената беспомошност. Состојба на пасивност , летаргија и крајна инфантилност, при што секогаш некој друг треба да стори нешто за да се излезе од беспомошноста (најчесто државата).
Личности кои бараат работа за да не најдат ми се во оваа група. Личности кои цел живот живеат на туѓ грб и бараат помош ,исто. Дури понекогаш помислувам дека никогаш ништо и незнаеле да работат освен да трошат милостина. Ама затоа пак први и најгласни се кога треба да се обвини државата.Секогаш таа за нив ништо не сторила.
Сум се соочувала со вакви личности. И јас некогаш не сум прифаќала ничија помош, дали од горделивост дали од што сум сакала сама да се изборам со нешто. И во главном секогаш, првин сама пробувам без ничија помош.И пробувам се додека не изнајдам решение или не го прејдам проблемот.Кога ептен ми биле врзани рацете или сум се истоштила и не сум можела веќе, сум барала помош секако. Во блиско минато имав ваква сит.со блиска личност и ме повреди и изнервира тоа што и покрај тоа што стварно беше во безизлезна ситуација, не сакаше да прими моја помош. Од една страна го почитувам тоа и го сфаќам, сите сакаме се сами да направиме, и сме горделиви некогаш. Ама кога стварно сме веќе до крајот, мислам дека нема потреба да одбиеме нечија рака, поготово кога станува во прашање наша блиска личност за која сме сигурни дека би ни помогнала.