1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најубава престолнина од екс Југославија

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Tanjamm, 31 јули 2019.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.227
    Која е најубавата престолнина од екс Југославија и каде би го сместиле Скопје ако рангирате? Јас не сум била во сите, но еве Подгорица за мене е еден сосема обичен град, Белград е убав, ама па има делови кои се валкани, а и нашето Скопје исто е валкано, и кичесто како што велат Србите и ред други балканци кои го посетиле. Вие што мислите?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.614
    Допаѓања:
    36.918
    Пол:
    Машки
    Зависи кој што поима за убавина, секој има различни критериуми. Субјективна е убавините во очите на посматрачот. Не сум ги посетил ниту јас сите престолнини, но би рекол Љубљана. Средена, чиста, зелена. Се е организирано, културно. И Загреб е во таа категорија. Додека Белград би рекол дека е повеќе град кој никогаш не спие. 24/7 се одвива живот во него и мислам дека е најдобра дестинација кога е во прашање ноќен живот и сето она што го сака една млада особа. Скопје од друга страна има некој посебен шмек, можеби и оти е наш. Микс на архитектури, традиции, народи и вредности. Вкусна храна. А тука се Водно и Матка како спас од урбаниот хаос. Во Сараево не сум бил, но нуди некоја автентичност таа Баш чаршија, исполнета со прекрасни мириси од разни турски јадења. Поделен град, сеуште зацелува од војната која го разруши пред скоро. Подгорица пак никогаш не доаѓала до израз како град иако е главен административен центар, убавината се наоѓа во приморските градови како Котор, Тиват...
    Сепак, град како град ја нуди својата магија само кога имаш со кој да ја споделиш. Луѓето со и околу тебе и миговите кои ќе ги доживеете заедно на едно место го прави истото посебно, уникатно.
    Некому ни Лондон нема да го задоволи, ако самиот во себе е несреќен, па ќе бара маани во се, додека некој друг може да ужива и во најзабаталеното село во државава.
     
    На Alex.T, lilo, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. deathinside

    deathinside Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2019
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Љубљанаааа!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.227
    Точно, имам роднина која живее во Србија, но не може да замисли да живее во Белград. Не сака големи градови.
     
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Загреб и Љубљана. Со Скопје сум топло-ладно, а и се подразбира дека не е најубав.
     
    На daylight и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Не сум шетан човек, не би знаел да кажам...

    Скопје ми се допаѓа што е 4 улици во должина и можеш да ги пречекориш сите кога сакаш.

    Партизанска, Илинденска, реката вардар па Пластичарска. И толку е градот.
    Нормално... Има уште една половина, Александар Македонски, Јане Сандански, 3-та Ударна и Борис Трајковски.

    Илустративно...
    [​IMG]
     
  7. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.642
    Допаѓања:
    161.555
    Пол:
    Женски
    Љубљана дефинитивно.
    Не само зошто мајка ми е словенка, ама навистина е многу убав град:inlove:
     
    На Tanjamm и deathinside им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.203
    Пол:
    Женски
    Убав, ама малечок. Колку Битола отприлика. За посета супер, ама јас лично не би можела да се замислам да живеам во него. Ама за студентарија е супер, локацијата супер, сите поголеми европски метрополи се релативно близу. Чиста, средена... нема збор, впрочем цела Словенија е таква.
    Јас Скопје си го сакам :$ вакво нечисто, хаотично, пренаселено, пренатрупано, архитектонски уништено.... мое си е:l:
    Би сакала Сараево да го посетам.
     
  9. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Љубљана е убав град но мал, за подолг период ми делува досадно. Белград ми е подинамичен и поинтересен. Скопје си е наше вакво-такво си го сакаме :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.